Јас седнувам во кревет ги свиткувам нозете и Давид го ставам на нозете како да седи скоро во таа некоја положба кога се мачи да се искака, и секогаш успешно завршуваме работа ( па мислам транспортерот ја има истата таа положба, и во него кога го ставам ако се нема какано обавезно се кака ) Пробај можеби ќе помогне
Што велите за моето синче што се загледува во екран -ТВ, нормално од далечина, не многу долго но знае по малку да гледа , дали е штетно? Ќе полни 4 месеци за една недела
Искрено и јас бев потресена од тоа да не гледа екрани, Тв, освен нели ако сме некаде на гости. Не можам на луѓето да им наредам во нивни до што да прават. Да се вратам на темата. Над 4 метри има од местото каде што најчесто е бебе до Тв. И месеци уназад чував исклучен телевизор по цел ден баш од таа причина да не се загледа. Сега почесто ни е пуштен или музика во позадина што јас си ја слушам или детски песнички. Ако гледам долго се загледува под долго мислам повеќе од 5 минути без да трга поглед гледам да и тргнам внимание со играчки или ја преместувам на подлога од каде не е телевизорот во видик. Битно ми е да не гледа предолго.
И моето знае да се загледа, се тргнувам да не гледа, ама да видите колку е итар, преку огледалото на плакарот го приметив дека пак гледа во тв и сега седнувам скроз на друга страна да не му е во видик ( гледа само кога го ставам на колена да подригне, така му е во кадар ) И пуштам тв само кога спие. А песнички на тел пуштам и никогаш не му е во видик и така тераме за сега.
Мајки дај кажете начин како бебе да пие млеко кога сум отсутна? Бебе само сака да цица, цуцла не сака никаква веќе 3 месеци. Со лажичка не отвара уста, 5 лажички и толку, со обична чаша исто споро оди само малце и плаче пак за цицка. Бебе е 6 месеци, а треба да сум отсутна од дома 8 саати. Како де снаоѓате во вакви ситуации?
Хаххах да надокнадам дека мојот многу плаче не се заседува повеќето е в раце, а кога ќе го легнам така знае да се загледува и да молчи но кратко време, и поради ова што се смирува гледајќи одморам малку и јас а и тој не плаче, но се плашам да не има некои последици, иако не дека гледа којзнае колку долго време
Здраво девојки, ви се придружуваме и ние во темава. Бебуш е 2 недели и 3 дена. На доење сме до сега цело време, супер напредува. Туку од вчера почна да повраќа после секое цицање, дали е нормално? Некогаш поголем млаз, некогаш малку ќе бљуцне, зависи мислам и колку долго цицал. Освен тоа се мачиме и со грчеви, па користиме Infacol, масажи, различни положби на држење, што не, и некогаш е подобро некогаш не и така. Како што сфатив, тоа е, мора да се истурка некако и ќе помине.
И мојот така многу повраќа од педијатар ми рекоа дека е нормално,во врска со грчеви и ние имавме фатија да се намалуваат кон 2 месеци многу страдавме , нешто посебно ништо не ни помогна, така само од себе
Леле жени кој стрес го изедов, мали цицаше и наеднаш го приметив црвен во шијата, кога да го погледам он целиот жар црвен си плици на цело тело позади, како попарен, одма со мм го замивме со млака вода и правец во болница, оно таму да не било веќе детско одделение, врти се таму да најдеме каде е, јас срце во петици. Среќа не виде едн докторка, таа да била матична на маж ми кога бил мал и вика ела ќе го видам, го прегледа, рече или нешто го има полазено или алергија, ама јас буквално ништо не јадев од сабајле освен овесна каша, никаде посебно не го водев, вајда нешто го има полазено. Јас фаќав јајца пред тоа, ама си измив раце, се помислив да не е на тоа алергијаОмилена храна на мм е, ако е алергичен на јајца маж ми болен ќе легне. Му дадоа лоратадин сируп, цицаше и заспа, среќа се повлече црвенилото. Сеа ми е на мисла од што беше…
Ја сум била алергична на јајца до 3г., мајка вели кифла в рака да фатеше, лом се правеше, после тоа ја снема. Јас јадам јајца секој ден, еве бебе нема реакција, а Нина ми имаше реакција од риба @Bella_Stella ким пиеш? Јас ако се напијам, знам дека утредента сигурно кака по 2-3 пати
Нели ова бљуцкањево требаше да престане кога ќе почнеме со цврста храна? Џабе, пак бљуцка и тоа големи количини. Не е од прејадување, скоро од сите шишиња млеко ми остава, знае кога е сита, кашичка исто, и давам 120 грама, најчесто ја јаде цела, некогаш остава малку, ама пак и после тоа бљуцка. Дали дека уште недојадена одма прета, се врти, бута раце до грло, не знам, се трудам колку што можам да ја држам исправена, ама не додржува, и се игра. Матичнава пак со нејзиниот одговор за се, нормално било. Одвај чекам да ја сменам.
Жени ова познато ви е, црвенилото се повлече ама останаа вакви. Алергија е или тоа што го велат вруќици.
Мојот постојано бљуцкаше, сега има доручек и ручек и јаде од големите теглички и ептен ретко се случува да бљуцне ќе помине, јас мислев на факултет ќе го праќаме со бандана лигавче
моето цела перална полни за два дена од блицкање.ќе го надојам ќе подждригне и плуцнал демек сум го прејадувала,а качи 740 гр месецот такво е детето, и ад кога пие пак истото
Затегни кожа, доколку нема на затегната кожа ништо, не е од јадење. Пеленска регија како е? @0ли 1 лажичка мала ким ставам во вода да се вари 2-3 минути, па да одстои уште 5 и го цедам, обавезно кака од кимот
Скроз исти сме, се мислев со цврста храна ќе се нормализира, па ќе видиме. За еден месец качи 760гр, само на доење е. Ама нонстоп бљуцка