И мојот бљуцка постојано, 3 месеци е,како расте мислам се повеќе ,само на доење е ,качува по кило месечно,добро што е лето па бргу се сушат алиштата.
25та недела, петти скок. Стана од спиење со вриштење, и не прекинуваше со ништо, станав пуштив појако светло разносував во раце низ соба па се смири, па призаспа на цицка. Леле луѓе се извадив од памет. Ми се тресе се на мене, ми се повраќа. Вака ми нема плачено од грчевите кога беа до 7ма недела. Да препишувам ова на скоков? Карактеристично е за периодов? Спие сега, и страв берам да не ми стане пак на истиот начин.
Бројче ова ми делува како од топло да е. Туширај и гледај какви материјали облекуваш. На мојата вака и се правеше од некои материјали повеќе ја потеа, а кај нас знаеш цела година е топло.
@Lina-Detelina , не знам дали е скок, вакцини, жешко, заби или што се не друго ама и кај нас по цели денови е тоа. Заспива, по некоја минутка се буди со врескање, па презаспива во раце, па спие во раце и така. е фактот што веќе не е 3кг е друга работа.
Бебето ќе пристигне,мене ме мачат следниве прашања (има и други но ова вака) Како се мени пелена, како се употребуват вл.марамици (насока кај момчиња и девојчиња), како се сечат ноктенца како се чистат уши како се чисти носе ако се затне како ќе знам дека доволно цица симнување на температура, како знам дека на бебебтп му е ладно/жешко Ве,,мачеа,,а и вас тие раб?
Сите не мачеа некои прашања во глава. Велев дека никогаш нема да му ги сечам ноктенцата ама и тоа почнав кога маж не сака . Првиот пат се препотив ама видов дека не е така тешко и сега немам гајле само го чекам да биде убаво заспан. Ушиња само ја чистам школката, во принцип никој не треба да чисти уши внатре во канал и ние возрасните. За пелена верувај ке знаеш да наместиш, влажни марамици правец на користење од напред према назад. Кај машко можеш газето и од назад према напред ништо нема да му наштети, ама кај девојче тоа никако. Носе чистам со палома правам како фишек и му ги вадам мрсолчињата ако ги има, а предходно физиолошки ставам. А за цицањето ќе знаеш кога ќе го вагат на контрола дали напредува. Друг начин да дознаете дали цица доволно нема. Инаку се ќе си дојде само по себе, мајчински инстинкт е страшна работа
Секогаш ќе те мачат некои прашања, ама со тек на време ќе научиш, еднаш ќе пробаш, втор пат ќе знаеш. Пелна секако ќе знаеш да смениш,ноктиња додека спие, носе со раствор и може со палома, ако е многу затнато има и екстрактор, го ставаш и влечиш со уста.Ушите после бањање само со крпа или стапче од надвор, тем се симнува како и кај нас, со парацетемол за деца, млако туширање, телности. Дали доволно јаде ќе видиш по вагата. И за ладно жешко ќе видиш, ако се поти топло му е, ако му е ладен вратот и грбот ладно му е, ама и само ќе си каже, ќе плаче или ќе мрда многу. За влажни јас ти препорачувам да не користиш оти бебињата многу плачат од нив на пресоблекување оти се ладни плус ја иритираат детската кожа и се воспалува пеленска регија, само за надвор влажни, а дома памук со млака вода и ќе бришиш, или после кога ќе научиш сигурно да го држиш и кога ќе кака помалце ќе го миеш под туш/чешма. Ќе сушиш убаво после бришење да нема влага пред ставање пелена и ќе ставиш крем за пеленска, може секаде на генеталии ама јас само на газе ставам. Исто додека е мало фенот уклучувај на соблекување, на млако да дува и не директ во него, ги смирува звукот и топлината. Ќе пробаш да спиеш кога ќе спие и тоа и пробај да се храниш и хидрираш убаво за млеко. Не е лесно ама минува додека трепнеш и ќе се научите за брзо. Со среќа.
Најнормално е, ќе го има испадов и во други скокови. Ако ти кажам дека во 2 саат сабајле имам слегувано на минус пред зграда за да пекини со плачење кое траеше 1 саат, никако не можев да ја смирам ет така во сон почна со втиштење. Дури и кога имаше 2 години знаеше да ми направи вакви чуда. Колку и да е поголемо бебето/детето, не се сеќаваат на овие испади @SunnyGirl2 кога ќе го земеш во раце, ќе се изненадиш од себе како се снаоѓаш, ништо не е тешко, не е комплицирано, инстинктно ќе станеш профи за се
@Bubish26 од чајов мајка се прочисти а бебе јок. Битно ли е кога го пијам? Синоќа испив па јадеше дури после 4 саати.
Хахах е да прочистува и мајки паа додека делова му треба време шо знам, пример пијам на вечер ама цица после тоа, оно другиот ден кака, али напи се сега пак
И ние влеговме во 25 недела и почнав диазепам да пијам. Не се издржува сам..абе 5 мин нема да ми ја подржи некој не па некаква помош. Вришти во сон, вришти пред спиење, крева газот горе и се буди, во спиење менува 4784 позиции, не сака сама да игра туку кај мене во раце, не сака на стомак не сака на грб, седната кратко само, не сака облекување, не сака менување памперс, сега не сака ни во раце да заспие туку мора со млеко, а на ад сме….вришти, плаче, липти 4 скок беше смешка наспроти хороров
@gothchick , во вакви моменти најголем проблем ми е што е на Ад и не може да темпирам секогаш да се погоди млекото пред спиење, т.е за заспивање. Кога нема излез се случува да ја поделам дозата. На пример ако да речеме пиела млеко 150мл во 13:00, па следно треба да пие во 16:00, а и се приспие во 15:00, опција ми било да дадам 60мл за да заспие, па останатите 90мл после дремка. Толку и растворам. Не чувам растворено млеко.
Ги носевте ли бебињата пред првиот месец на ушно? Ова било нешто ново,процедура кај сите новородени. Го пишува и на картончето. Кога се породив со првото (пред скоро 4год ) немаше ваков преглед. На гак ми рекоа секој вторник дека може да се отиде,без упат и без закажување. Планирам сега во вторник да го носиме. Ако сте биле пишете искуство.
Јас кај што се породив ова е задолжителен преглед уште во болница, пред да те пуштат. Им ставаат едно апаратче во увцето испушта некој звук и треба да изреагираат, рекоа дека не е болно само може ќе се штрекнат. Моето спиеше и само промрда, ништо значајно.
Приватниве мислам дека го прават прегледот одма ( бар нас ни го направија во Систина) Најверојатно ако си породена државно треба сами да ги носите.
Од кога можам да ја ставам во кенгур? На 8ми ќе правиме 3 месеци. Сака во раце и нанапред да гледа па да знам до кога ќе ми отпаднат рацеве