Добро утро мајки, Вчера син ми имаше 37,2 -37,5 (во тој интервал) температура и ја држеше 6/7 часа. Ноќеска качи до 38, дадовме працетамол 2,5мл, ја спушти па еве сега после 6 часа пак крена 37,7 дадов 2,5 мл парацетамол. Во меѓувреме 2 пати туширано со млака вода, не помага ништо за намалување освен парацетамол. Дали има потреба од нешто дополнително? Утре секако ќе го носам на педијатар, ако треба ќе правиме и крвна слика… не знам од кај температурава, прв пат ми качува. 6 месеци е немаме извадено ниедно забче се уште, а непцата не се ни отечени многу. Не му солзат очите, не кива, малку поткашлува…
Мајка за бебиња 37.7 не е висока температура и не се дава одма се остава организмот да се избори. Расоблечи бебе, нека пие течности, олади соба ако е топло. Секако посети лекар да проверите.
Тука викаат дека до 37,5 е нормална температура за бебиња, бидејќи побавно испуштаат топлина од нас, таква им е терморегулацијата на почеток. Се над 38 се рачува веќе како температура. Секако види на педијатар, но мислам дека на тие вредности нема потреба од парацетамол.
Расоблечи го бебето, ако треба и само по пелена држи го. Туширај, глава немој да водениш. Не е 37,7 температура за Парацетамол. Знам дека те фаќа паника и затоа си дала, но немало потреба.
Расоблечи го бебето, стави го во када или коритце да поседи малку, нуди повеќе течности и прати го бебето, може да е запче може да е некое вирусче, знам дека е паника на прва температура, ама ќе помине. Не е висока 37.7 може и да е претоплено, ако му се ладни рачиња и ноџиња да знаеш дека тогаш качува.
Луѓе сеа зборам со другарките, и они ми кажуваат дека цело време ги ставаат нивните на земја, јас моето го ставам на меше и грб ама на спална не на тврдо, главата си ја држи, се напнува и за седење ама уште не се врти не ни дава знаци за вртење, 3 плус 2 недели е. Јас изгледа грешев што не го ставав, дали направив беља со детето.
Јас од 3ти месец го ставав на под, и тоа се погоди јануари сред зима. Послав прво ќебе,потоа подлога. Кога се затопли само подлога имаше. Не ти е доцна, почни да го ставаш,ставај му играчки,занимавај го.
Ич да не се секираш, јас моето неколку пати само го имав ставено на тврдо, на меше не сакаше воопшто, го ставав еднаш дневно, некогаш ниту еднаш, главата едвај 5 секунди ја држеше крената, па магично на 4 месеци почна да се врти и да се крева на спална. Сега не можам да го застанам, дури и спиење само на страна или на меше сака. Откако почна да се врти го ставам на тврдо секој ден. Едноставно им треба повеќе сила за да се вртат и да се кренат.
Не си направила беља, но почни да го ставаш на под и на грб и на меше, со играчки може да го занимаваш.
Не е доцна. Моево дека зимско, па и ладен под цело време во креветче и на гарнитура беше. Тек после 3++ почнавме повеќе на земја т.е на подлога. Во бејби џим повремено. Прво почнав на бејби џим да ставам во долниот дел играчки, не само висечките, па почна да се занимава со нив. А на подлогата тврда па може и цел месец и требаше и повеќе да почне да се врти по играчки. Сеуште не е љубител на лежење на меше. Нашиот е 0+ , така да од сам старт само што стасавме од болница.
Никаква беља не си направила. И јас го ставам цело време на кревет, душекот е тврд. Главата ептен си ја држи, а пред некој ден се обрна од меше на грб. Исто цел се витка за од грб на меше да се обрне, ама уште не успеал.
Promenivme sredina novi lugje, klima i slicno. Sin mi e 6 meseci i poslednive nekolku dena cudno se odnesuva. Racinjata gi drzi stisnati i kako da gi trese. Koga ke mu dadam nekoja igracka porano ja zemase direktno a sega se zatresuva so dvete racinja. Isto primetiv deka i pomalku se smee. Zagrizena sum. Daj boze da e samo panika.
До колку денови е ‘нормално’ за доено бебе да не кака? Денес му е петти ден. Само испушта гасови, мешето не му е тврдо..
Мене ми кажаа дека до три дена може да се случува, после третиот со чепче нешто, па јас кај моето не дозволувам повеќе од три дена
Јас знам дека една недела се толерира. Така матичната ни кажа. Кај мене функционираат многу вежбите за колкови, кружни движења, буткање на коленцата кон стомакот. И ортопедот ни кажа дека таа вежба е супер и за перисталтиката.
Ништо страшно, ако имаш подлога, почни да го ставаш долу ако немате, купете и интересно ќе му е, моето лежи по пола саат се занимава, најубаво е на под, не ти требит никакви помагала, ни дупак ни ништо, мене на поклон ми дадоја така си остана, долу ќе си вежба како треба само.
До 7 дена на доени деца. Проба ли сливи да јадеш? Вежби? Знам со топломерче во газе дека помага, не сум пробала ама знам дека така ги олеснуваат. Крајно е со чепче
Да не ви реплицирам поединечно. Ова го најдов. Веројатно е така како што пишува, зошто нема запек, не се жали и цело време бара да јаде. Во интензивен раст е периодов, за 12 дена полни 4 месеци и веројатно целото млекце го искористува. Не сум за чепчиња, особено не после 3 дена. Ќе почекам уште неколку денови, ќе правам се што треба, па ако и тогаш не бива ќе провоцирам со чепче. Засега не планирам.