И мене ми кажаа до 10дена дека е нормално, и тогаш мислам тебе ти пишав, се можно што слушнав и прочитав пробував и кога ќе немаше ефект ептен на крај ставав клизма.. Баш исто, само гасови испушташе и меше беше меко Вежби, ким, сливи, киви, ленено семе и не знам што друго беше
Никако со топломер и никакво масло не е препорачливо да се става во газе на бебе.. се пробува преку исхрана и вежби и во краен случај иде клизма.. ако на секое се става топломер а и клизма може да направиш мрзливи црева на бебе па после на секое да му треба помош. А и со топломер може случајно да го повредиш.
На доено 14 дена, и апсолутно ништо не се става за да се провоцира. Има на baby frida едно за испуштање гасови и какање, windy се вика, ама тука го препорачуваат тоа после 10тиот ден.
На колку месеци почнаа бебињата да ви се вртат на меше, мојов почна десет дена пред 4 месеци, се рачуна за порано ?
Во никој случај не планирам да провоцирам, најмалку па со топломер. Ниту сум стручна, ниту сметам дека сега имаме потреба од таков вид на провокација. Ќе почекам, ќе правам се што е до мене, па ако не биде во следните 10ина дена ќе се консултирам со матичната какви други мерки да превземам.
Штом му е меко мешето и испушта гасови ништо страшно што 3 дена не какало. Моето и на мајчино и на АД какаше на 5-7 дена, матичната викаше дека е ок се додека мешето е меко. Правев само масажи на меше и возење на точаче со ножињата.
Бела исриов случај во исти период го имав со првото дете, бев ептен загрижена зошто не е какано цела недела,а беше на доење. Совет од матилна добив да чекам 10 дена и ако на 11 не се покака ми кажа сирупче да земам. Секој ден се молев да се покака бар малку ама ништо и дојде тој фамозен 10ден и дадов сирупче и одма се покака арно ама ете не почекав уште еден ден можда ќе се покакаше сам. Ама после 3 недели пивторно се случи истото само што тој пат решив ништо да не давам ни сирупче, фора сама на себе си дадов 13дена, ако не биде тогаш ќе дадам. И погоди што о ла ла, на 11 ден 2 полни пелени. Ќејфој бев на сите им се испојавив дека сам се покака. Мој совет почекај бар 10дена ќе се покака и тоа бема да можиш да го добришиш
Дали некој знае каде можам да нарачам сунѓери за преслекување? Гледам некој подлоги во енци менци ама мислам дека не се сунѓери туку само подлога, бар така изгледа на сликата.
Хахах некни еден ден не беше какан, следниот со вежби успеавме, толку многу ја наполни пелената што со татко му не можевме да го домиеме под туш. Да ми кажуваше некој некогаш дека вака со душа ќе чекам да видам какана пелена немаше да верувам.
Тука користам ваков сунѓер, само го прекривам со воодотпорни мушами. Во енци менци го гледав овој, ама не знам дали е ист како на сликава погоре или е само водоотпорна подлога. https://www.encimenci.com.mk/podloga-za-prepoviva-e-50cm-x-80cm-41110051-meche-ceba-baby-210-000-638
За доени деца до 14 дена само вежби, масажа на меше и исхрана кај мајката за олеснување. Топломер не, чепчиња не, сирупи не.
Девојки кажете како да ја научам да седи во количка,не сака никако малку ќе поседи и после тоа почнува да плачи да вришти не сака никако,во раце бара да биде инаку сме 4+.
@Tiny Love ти одговорила. И мојата е ваква. Сунѓер обложен со мушама и доста се големи. Ја користев за големото, како нова е, задоволна сум.
Мајки може да ми опишете еден напад на грчеви? Што ги смирува Во кој период од денот се јавува Дали после плачот прднуваат или какаат Дали бебињата со грчеви во текот на денот полнат пелени или само после грчевите се олеснуваат?