Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.232
    Пол:
    Женски
    Јас ќе ги опишам на ќерка ми, па ќе кажат и други дали се исти.

    -не ги смирува ништо:(траат помеѓу 3 до 4 часа, и обично се на исти интервали, нашите во 24ч се два пати, наутро од кај 8 до 12ч и навечер после бањање од 21ч па еве сега завршија, но сомнителна ми е. Црева и кркорат и ги слушам.
    -помага шетање, во раце, масажи на меше, легнувам на меше, свртувам кон мене тело со тело, давам сируп нурс харвеј, ставам термофор, ја топлам со моја рака на мешето.
    -кога ја фаќаат изгледаат како нас контракции кога не фаќаа, се грчи со ноџињата, ги зафрлува како нервозно, или пак се прави исправена и како лак наназад, и плаче, плаче интензивно со отворена уста на цел глас.
    Само што смирува, веднаш е изморена и заспива. После силни грчеви знае и 5 часа да спие како онесвестена, само за јадење ја будам и пак продолжува да спие.
    После неколку часа кога ќе ја пуштат, може да се искака, и обично е така, експлозивно, обилно, полепливи каки, но и немора да значи. Знае кома да заспие, па одпосле да се искака.
    Во ден имам по 7-8 до 9 пелени, од кои сите се со мочки а 4-6 од нив се мешани мочки со каки.
    Прднувањето и какањето не се секогаш при грчевите, гласната револуција на цревата и лицевата експресија со силниот плач, и сето тоа во приближно исти интервали знам дека се грчеви.

    Посакувам ниедно бебенце да ги нема, стварно се жалчиња кога ги боли мешето:hug:

    Првата ќерка ги имаше, и беа многу посилни и од сегашниве, затоа најмачни ми се грчевиве мене. Кај неа траеа до 6от месец. Повеќе ми се мачни и од вакцините со температури, и забчињата.:(
     
    Последна измена: 31 јули 2023
    На sencuk, Luminary, lipstickmadness и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    @Amore123

    Седиштето на која страна ви е свртено, према вас или према правец на возење? Јас како го свртев према правец на возење седи подолго дури и ми заспа 2 пати додека го возев.
     
  3. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Сум пробала двете страни кај мене исто е, jaс се надевам дека кога ќе зарасне ќе седи, дали е така или само можеби само се лажам себеси ? 4 месеци е скоро
     
  4. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.354
    Допаѓања:
    2.136
    Пол:
    Женски
    Во корпа ја возиш?
    Си пробала во транспортер?
    Мојот во корпа до 3 месеци се возеше и после не сакаше ни да го спуштам, одма почнуваше да вришти. А во транспортер си седеше дека можеше да си гледа наоколу. Само во транспортер знаеш, не можеш долго време да го шеташ.

    @Amore123
     
  5. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Секое дете е различно, не може никој со сигурност да ти каже како ќе биде. Но по некоја логика повеќе ќе разбираат, мислам ќе им биде интересно да гледаат околу и ќе седат повеќе. И моето не седи па си носиме секогаш кенгур, мм го зима и шеткаме уште кратко :)
     
    На Amore123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.215
    Допаѓања:
    26.210
    Пол:
    Женски
    Или сака или не сака, а во тој период повеќето не сакаат. Мене првото не ми седеше во количка до 2г само заспиваше и спиеше саат и пол, кога ќе станеше одма во моментот вриштеше да излези. После 2г почна да ужива хаха а второво во корпата исто не сака, не сака многу ни транспортер после кратко време плаче ама е за нијанса подобра од сестра и.
     
  7. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.720
    Допаѓања:
    21.407
    Пол:
    Женски
    Од кога почнувате да користите спортско седиште на количките? Во корпа се возиме, ради жешково излегуваме само навечер и 99% од времето спие. Ама почнува да разбира и жал ми е кога е буден да лежи како теле и да не гледа ништо освен небо и дрва. :doh::D
     
  8. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.215
    Допаѓања:
    26.210
    Пол:
    Женски
    5 месеци со поднавалено ниво.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.492
    Допаѓања:
    10.546
    Пол:
    Женски
    Оф како точно си опишала, и мојава е така исто гревчиња, сонциња мали побрзо да им помнува...
     
    На sencuk и Alishan30 им се допаѓа ова.
  10. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.000
    Допаѓања:
    8.470
    Пол:
    Женски
    Јас си го пронајдов синко во пишаното, затоа е тоа ми се допаѓа, не дека е убаво грчеви да имаат, колку се жалнички. Како тешко ми паѓа во сон кога почнува да се жали. И се расонува и вришти така со отворена уста како што опиша ти.
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.428
    Допаѓања:
    18.666
    Фала на детален опис,посакувам што побрзо да и поминат:l::l:
    Прашував зошто моево знае да се расплаче последниве денови,како што не плачело до сега. Да не се грчеви случајно,но по описот не се.
    Ќе да се рогчиња:D пораснало па да се покаже
     
    На Viveki и Alishan30 им се допаѓа ова.
  12. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Околу 5 месеци, после прегледот кај ортопед што се прави во тој период.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.720
    Допаѓања:
    21.407
    Пол:
    Женски
    Ортопедот ни кажа на 6 месеци следен преглед. Дали е попаметно да закажеме пред да наполни пет? Тој период ќе одиме на одмор па да не носиме корпа, иако се собира зазема доста простор. Спортското седиште може и скроз спуштено да е нели, па би си лежел така. Ама не знам дали е исправно.
     
  14. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Па што знам, јас и првото го однесов накај 5 месеци, а така планирам и второво. Мислам да си закажеш порано, не е тоа проблем.
    Ако ти се спушта и спортското, веројатно може да си го користиш.
    Колку што се сеќавам, ортопедот нам ни кажа од кај 4,5 месеци дека може во количка на 45 степени да седи. Е сега, дали ќе му е стабилно седењето не знам, во смисла нашето е големо и како да се клатеше во него иако врзан седеше.
     
    Последна измена: 31 јули 2023
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.215
    Допаѓања:
    26.210
    Пол:
    Женски
    Исто, се губеше во седиштето и неудобро и беше.. веќе накај 6-7 беше подобро ама однкај 5 почнав да и го редам
     
  16. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Заврши скокот, си го имам старото бебе назад, и тоа подобрена верзија :D
    Заспива за 5-10 мин, спие долго, нема веќе плачки. До следниот скок секако.
     
    На 1209, Amore123, Giovanna и 5 други им се допаѓа ова.
  17. medena147

    medena147 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.883
    Пол:
    Женски
    Во корпа ја возам,сум пробала и во транспортер исто е ништо поразлично,инаку денес ќе пробам свртена на напред не на кај мене,па може ќе сака така.
     
    На Mandela му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.720
    Допаѓања:
    21.407
    Пол:
    Женски
    Уф алал да ти е. Кој скок ви заврши? Ние имаме уште многу. Значи буквално сум претворена во дојка. :^) Нооон стоп бара да јаде, ќе се направи прасе. :D Со дремките мака мачиме ептен, едвај пола саат му траат последниве неколку денови. Успивање 15 мин за 30 мин дремка. :whew: Сам повеќе не се успива, строго со нишкање. Ме теши братучетка ми дека нејзиното после четвртиот скок се вратило на старо и пак се успивално само, ама којзнае моево...
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.658
    Допаѓања:
    7.581
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella , не знам колку различни навики сме поминале.

    Заспивање со бели звуци, па во раце, па сама без ништо. Буквално на сред игра, само да се заврти настрана и да заспие, па во релаксатор заспивање. Некогаш исклучиво со шише со млеко. Така да баш ќе менува навики.
     
    На 1209 и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  20. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Трет скок. Четвртиот е многу долг, месец и пол скоро.
    Те верувам, минатата недела беше ужас, дремките 15-20 мин, нишкање, пеење, држење строго под некој чуден агол, плачење при заспивање, ни бели ни розеви ама апсолутно никакви звуци не помагаа. Еден ден мислам дека го заспивав 2 и пол часа за првата дремка, полудев начисто.

    Пишував низ темава, не се издржуваше веќе, ништо не го смируваше. Детево буквално се препороди преку вечер, еве два дена има денски дремки од по два часа, навечер заспива лесно, спие по 8-9 часа, дури и да се замислиш да не му е нешто случајно зошо наеднаш вака спие многу. Само мерам со топломерот.

    Ќе менуваат, само ете битно е да се повторува мантрата дека ништо не е вечно, се е период, и добар и лош.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.