@Miss_S @Lavender13 Да, апсолутно очекувано е дека ќе менуваат. Ние третиот скок не го ни осетивме. Овој го осетив уште од првиот ден, буквално преку ноќ се смени. Ама неблагодарно ќе биде да се пожалам зошто ништо не е екстремно. Сеуште е бебе што не плаче. Многу ретко да закенка кога му се спие ептен. Вчера од дремка се разбуди плачејќи, само го кренав го гушнав и презаспа за минута. Да не прочитав дека и на некоја друга и се имаше десено истото скоро, ќе се извадев од памет. Предизвик огромен се скоковите, ама па тоа што го носат е непроценливо. Од секоја дремка се буди со нешто ново, нов звук, ново движење.. Живи и здрави да се само.
Здраво женски, одвај ве дочитав, немам време за ништо периодов. Да ви ги прераскажам последниве денови нема да ми верувате, битно излеговме живи здрави, беба расте и секој ден нешто ново учи Четврти скок е во тек, кога ќе видам колку долго трае fussy фазата ми се темни, ама засега поминуваме без преголеми драми, само со скратени дремки и понемирно ноќно спиење. Страв ми е само кај громчето како ќе биде. Ме интересира околу рутината eat play sleep, има некој специфичен бенефит или така ви е полесно да поставите ред? Немам баш време да се расчитам на долго и широко, а видов неколку тука спомнавте. Ќерка ми на пример многу лесно заспива со цицање, па после спиењето станува расположена и си игра. Некогаш бара одма да цица, некогаш не бара до следното заспивање, ама нема баш некое правило околу ова. Битно мислам дека има убав ред на дремки и си ја исполнува дневната квота. Уште од почеток ми стана јасно дека со преморено дете тешко се излегува на крај и влегуваш во зачаран круг од кој тешко се излегува без да побудалиш, па гледам секогаш да најдам начин да спие преку ден и да не останува предолго будна. Секој ден е различен ама пак има некаков ред што се покажува како добар. Чисто ме интересираше околу методата, ако има и плус придобивки да се потрудам да ја применам.
Мајки на тие што ви цицаат бебињата, на 6 месеци колку оброци дневно имаат? Колку пати и по колку количина давате кашички?
Методата е наменета само за денски распоред, и најголем бенефит е дисасоцијација на спиењето со некој патерн, во случајов со доење. Бенефитите би дошле до израз покасно во развојот, пример при рандом будења во текот на ноќта со што идеално бебето би се успало самостојно, без потреба за доење за да се успие повторно. Ова кога бебето ќе биде доволно возрасно нели за да ја преспива ноќта без метаболичка потреба за јадење, околу 3-4 месеци. Плус ако се разбудат во текот на ноќта, најчесто им треба истиот начин за успивање како претходно, со што се влегува во зачаран круг на постојано ноќно доење. Мене ми е овој распоред флексибилен, пошо е буден кога е време за цицање, нема потцицнување во текот на денот пошо заспал на града па не се донајал. Од прилика знам точно кога е време за јадење и можам да планирам се околу тоа.
Значи теоретски не треба да се заспива ни со нишкање ни било што друго пошто и тоа е некаков патерн? Ќерка ми сама заспива само кога шетаме со количка или додека се вози во кола. Додека сме дома на една рака се брои колку пати заспала сама без доење или чешкање. И да, навечер ако се разбуди само со цицање презаспива а веќе е околу 3 ипол месеци. Го чекам денот кога ќе ја преспие ноќта или барем да спои повеќе од 3-4 саати.
Да, и нишкањето и се останато што помага при спиење, најидеално е да се елиминира, барем сите статии кои ги прочитав упатуваат на тоа. Со многу нерви и тренинг, идеалното сценарио би било да го легнеш бебето и само да се успие. Ние сеуште се нишкаме, до пред 3 скок немаше воопшто нишкање, го легнувавме директ в креветче, ќе се поврткавме околу него, малце галење и веќе беше заспан. Арно ама трет скок не измести, па мораше со нишкање. Сеа пробуваме пак да го елиминираме. Мојот, да чукнам во дрво, навечер спие прекрасно. Има вечери врзува по 10-11 часа. Некогаш ќе се разбуди, ама малце галење во креветче и презаспива одма. Ако е веќе стварно нервозен, тогаш нудам града, ама и тоа е 5-6 часа откако заспал.
Го држам во раце додека се смири, пееме песни, па го спуштам во креветче додека е сеуште буден. Ако почне да се буни, се обидувам да го смирам со тапкање, галење, шушкање, што било, но во креветчето, значи не го земам во раце. Ако не се смири така за минута-две, го кревам, го држам додека се смири и пак го спуштам. И вака во круг. Треба време и многу трпение, другарка ми вели дека не сум нормална шо толку се замарам, ми вика ако заспива со нишкање, понишкај го 10 мин и готова работа. Ама детево допрва ќе расте, ќе станува тежок, а мене на оваа тежина грбот ме убива, не сакам да помислам како ќе биде кога ќе е потежок. Иначе идејата ми е од тука.
Дневните дремки ги ставате во креветче? Јас мислам дека овде грешам го оставам во дневна на светло да спие и се буди за пола саат, 40 минути. Вака преку ден си е мирен и знае и сам да се успие ама после 18h станува нервозен се додека не заспие, си мислам дека е од премор.
Јас го оставав во дневна се додека не купив камера, од тогаш цело време и дење и ноќе за спиење во креветче, да знае каде е местото за спиење
Втора вечер по ред, во приближно исто време се буди со гласно плачење и кога одам да го земам е збунет и исплашен. Го кревам, го гушнувам и за кратко презаспива. Ви се случило ли и знае ли некој на што се должи?
Девојки успешна мисија за седење во количка барем ко за прв пат па ќе видиме за понатаму.Во транспортер напред да гледа седеше и си заспа,инаку немаше шанси ретко да заспие во корпа,конечно си дојдовме дома да не биде во раце. Инаку едвај чекам да помине овој 4-ти скок,не се поднесува дете плаче вришти, ништо не сака,се превртува и сака да лази кога ќе се преврте,а не може мала е за да лази и се нервира.По цел ден во раце веќе немам сила повеќе.
Кај ќе стасам таму. Буквално 24/7 е со мене и кога имам обврски спие во количка додека сме излезени. Дома во дневна во креветче, во спална во креветче, на лежај во спална. Ако сме на гости некаде или во количка или на гарнитура. Не викам дека ова е правилно ама некогаш немам избор. Инаку се случува и по пола час да спие и по 3+ часа да се успие, небитно дали е во светло, темно. Е за ноќе исклучиво во креветче.
Моето и мало е, месец ипол има. Пробав да следам прозорци на будност ама не ни одеше баш. Среќна сум што за сега навечер добро спие. Заспива накај 9 се буди за цицање околу 1 ипол, потоа се буди на два часа, ама цица и одма презспива.
Јас синко мој се брои на прсти колку пати го имам заспано во раце. Го ставам во креветче го покривам, му пуштам музика или му пеам и го галам по веѓата (ова многу ги смирува бебињата) или тапкам по газе (поретко). И така заспиваме. Подобро ќе седам до креветче да му пеам ако треба и пола саат, само раце и грб да зачувам. Плус на ова жешко уште за во раци е, ке се препотиме и двајцата.
Ги покривате ли со нешто летово навечер? Ние сме како дење, така ноќе, само по боди, ако им префрлам тетра, одма се будат и ја шутираат ко најголем непријател. Се бањаме околу 8, млеко, па успивање (ако им се сака секако) и дека заспивале со "мокри" глави и непокриени, бабиве ме пукнаа, како тоа бебе да спиело непокриено, па и бањато. Само ми прават шубе и да се нервирам.
Јас го покривам со тетра и преку ден и навечер. Барем половинката и стомачето да му се покриени. Не дека слушам нечии сугестии. Јас не можам да заспијам ако не сум подпокриена околу половината, и затоа го покривам и него, тргнувам од себе.
Леле те молам не коментирај вака. Како ние што заспиваме во раце многу да сакаме да нишкаме и да не боли грб по 5 пати на ден. И имај на ум дека децата менуваат. И моето до пред недела дена заспиваше скроз само откако е родено, ни музики, ни веѓи, па ете сега не може. Што сакаш напрај сам без нишкање не заспива. И што треба според тебе да го оставам да се мачи за да не ме боли грб? Радувај се дур ти заспива само, ама да знаеш дека преку ноќ се менуваат.