Секое со свое темпо. На другарка малиот паѓа од смеење само да го погледнеш, на мојава паљачо треба да и изигравам за да се насмее убаво на глас. Мојата па се врти цело време дури и на меше спие, нејзиниот не. 2 недели се разлика само. Се ќе си направи во свое време.
На едно видео шо го иам од голема, на 4 се смее. Ова второво не се смее на глас (за 2 недели 3 медеци) ама кога ќе се окези прави ииии, а и тоа не е секогаш. За вртење, веќе нели кажавме, долу на подлога и ќе вежба само и ти со него, без форсирање само и ќе си постигне.
Мене дека до сега се покана ми стигнуваше До кога е рокот за трета доза рота Уствари кои вакцини се на шест месеци?
Отворете вакцинален картон или здравствена книшка пишува, која вакцина треба да се прими на кој датум. За рота краен рок е 32недела. На 6 месеци се дтп, рота и превенар
Вечерва прв пат се насмеа така од душа, со глас. Јас потонав, маж ми падна во депресија пошо не е дома. Ама пример не држи нишо со рачињата, пробува ама сеуште кога посега кон некој предмет рачињата се затворени во тупаница. Ќе биде се, секое дете со свое темпо.
Мојот е голем смешко, ама до пред недела дена беше строго на mute смеењето. Не почасти еднаш со квалитетни смешки на глас пред спиење, ама од тогаш има повторено само еднаш и тоа кратко. Се заврте некни од меше на грб два пати едно по друго, ама и од тоа толку. Сега се мачи да се заврти од грб на меше, се витка како шпагета. Гукаше многу кога му правиме муабет, сега му е намалено, ама па пушта некои други нови звуци. Со рачињата не држи играчки, ама ме чепка мене, се држи сам за облеката ииии си го витка левото уво дур цица или се успива. Преку дремка се менуваат во овој период. Со душа чекам да видам што ќе ни донесе овој скок и каков ќе биде после него.
На шест месеци нема скок во развој ни регресија во спиење или грешка сум нешто Навечер станување буквално цело време на секој пола час, а преку ден само на мене знае да си дремне два пати по два часа да си надокнади од ноќта Или па заби почнаа..
Слабо и мојов. 4 месеци сме. Може на мене е детето оти јас сум прилично грампи. Не споредувај, не е фино ти велам.
@DaisyDoo @Lavender13 Моево пак со едната рака обавезно ме тегле мене за блуза додека цица или ми ја гали другата града, многу е смешен ако не му е на дофат брцк со рачето и бара. И тој секој ден нешто ново измислува, пред огледало му е омилена активност, пробува да се фати сам, се смее и писка. Инаку само со едно раче фаќа, лево, десното уште не го користи многу, прстињата му се како исправени и така проба да фати. Може леворак ќе е, јас и брат ми пример ги користиме и двете раце, јас пишувам со десна, ама сликам и со лева, обично велат наследно е тоа. Инаку многу е заинтересиран за моите слики, секогаш која некоја му е во видик не тргнува поглед и се смешка, а јас се топам Маж ми вели тоа прво го видел кога го качил дома во соба прв пат, он се надаше дека ќе биде гејмер како него, ама љуби га мајка може уметник ќе е Вајда секое дете со свое темпо си оди, не дека нема да научи да се врти или седи порано или покасно, развојна фаза која мора да ја поминат, ама ете ние, ако не се преиспитуваш мајка ли си
@Bubish26 , не знаев мајка дека до 6 недели, нели као има Моро рефлекс кој се губи 4-6 месеци кога се, па се штрекаат и се будат со рачињата, а вака повиени не... затоа реков за проба само, оти и јас првото не го повивав, ни на крај памет не ми доаѓало тоа, еднаш мајка ми проба да ја повие, ја крена цела куќа од врескање ама еве овој не се ни буни, и одма си заспива, ко да го смирува, не знам како да кажам, за нас функционира, затоа споделив
@1209 и за рачињата со која фаќаат прашував на педијатар и ми рекоа почнуваат со една, зошто сите си имаме омилена, или доминантна страна, па ко ќе усовршат ќе почнат и со другата. И вистина е така. Бебка се фаќаше само со десна па сега почна и левата да ја користи. Исто и со вртењето, само на една страна се вртеше, сега и на двете. @Vanilla15 Повивање е дозволено дур не почнат да се вртат. Кога ќе почнат се престанува. Обично е тоа околу 4,5 месец ама кај некои и порано.
Мајки како ги облекувате најмалите, новороденче од едвај 1месец, на долги или кратки, ептен сум збунета, едни велат долги други на кратки... Да е 2 - 3 месеци не би се двоумела, вака сум ептен во мисла...
Мислам дека нема правило, зависи од детето. Мојава на 3.5 месеци, (коригирани 2.5 нели шо ми досаѓаат докториве), додека ја бањавме така почна да се смее од нигде никаде, не можевже да ја добањаме, буквално зајде од смеење, успеавме и видео да фатиме, ко за најсмешни видео инсерти. Вечерта и беше интересно, а оттогаш наваму, еве 6 месеци е, многу ретко така се смее и тоа исклучиво само со мене и мм, никој друг. Батко пак почна со нецели 5 месеци и претежно ноќе кога се успиваме и ако го игнорираш се смее погласно за да го забележиш демек. Он посебно на внука ми се смее кога ќе ја види, така заразно со глас и она живи радости е тогаш.
Ме интересира храната што е за бебиња 4+ тегличките пишува после отворање да се искористи во рок од 24 часа, ако не се изеде цело дали би можело да се користи два дена нормално во фрижидер или ќе се расипе
Мамасити, имам страшна главоболка, се напив парацетамол, сега ке се напијам кафе, ако и тоа не помогни, чаре некое? Се трпам ама главоболка никако не можам. Како би се напила аналгин ама не знам дали смеам дека дојам
Јас чувам толку колку шо пишува.. овошните мислам дека се два дена по отварање, јас давам пример денес пола па ја ставам во фрижидер и утре пак ја давам Парацетамол, бруфен и кетонал со б6 или б комплекс Едит: едно од овие, не сите наеднаш
Фала ви мамасити @Thinkerbell. и @NNK19 ќе фатам се да испијам да се издрогирам , на цела мака ме насмеа за мерак
Како тоа го враќаат назад? Незнам ова ми се мене глупости корегирани месеци не знам ти што. И да не се даваш мајка. Сите деца не се по книга. Аман веќе со тоа докторите се по книга да било.