@1209 Ти ја препорачале веќе Александра, јас сум многу задоволна од неа. Марина инаку уште е во Ремедика. За педијатар додуша сите од Ремедика ми се супер, и Гордана Христова и Живковиќ исто.
Како шо се трнати ремедика да си одат, не ме чуди вистина да си оди овој пат. Чим така да се јават за термин
И Живковиќ е супер, сега кај неа е гужвата. Јас второто го носам кај неа, доста пореална е од Марина ама сега немаше термин. Супер е и Марина, ништо чудно да ја ‘купат’ Систина, нивните педијатри се доста ужасни со односот (чест на исклучоци) ама пак Живковиќ и Искра остануваат, што е одлично.
Кај Иска имам исто искуство, одлична е, пошо она нели прима болни деца и погодени сме неколку пати кај неа.
Колкаво е? Дали почнавте со цвеста храна? Бидејќи нема потреба од вода ако е на доење. Пробајте со лажичка, чашка од ракија, и magic cup на Nuk чашките, моите со таа чашка се научија вода да пијат, и ден денес не сакаат други чаши.
За 6 дена 6 месеци ќе е почнавме со добрата затоа и прашувам за вода. Со лажичка немам пробано, со обична чаша да. Кај ги има magic cup ?
Во аптеки и во дм. Јас денес земав на др. Браун зошто има рачки за разлика на нук. Инаку мојот на почеток не сакаше вода зошто му давав топло млеко кога почнав со собна температура се навикна изгледа му правеше разлика инаку по малку со лажиче а сега си пие од шише.
На Nuk има и со рачки, но помала е чашата. Јас од dr.Browns не сум задоволна, многу брзо пукна силиконот и почна да тече.
Ауууу ај ќе видам дали воопшто ќе сака да пие од неа, овдека само оваа беше со рачка па ако се погоди ќе барам и на нук
Тука неам кетонал, може болкмакс? Ќе ми експлодира глава @Sun&Moon @Panovic вашите се со моево најблизу, како ви се понашет бебињата? Од ноќ што преспиваше, сништи ме тури од станување, а вчера денски се изнаспа. Кога е расположена ( кратко) гуга, а иначе кенкава е од сабајле, во сон исто плаче. Во 3 скок сме нели?
Се мерев сега сама па со бебе и облечен со пелена и ромпер го измерив 5900гр. На контрола на три месеци беше 5680гр, за 7 дена полни четири месеци. Нели е ова малку? Или е во некоја стагнација? Минатиот месец докторката рече дека е дури над просек. Мене вака ми се чини издолжен, ама вагата друго вика. Пелени си полни редовно, освен што не беше какан 7 дена, ама вчера и денес си кака. Многу често бара да цица, само тоа правиме. Мислев дека е ради четвртиот скок, ама сега кога го измерив си викам да не не ми е ок млекото и не го задоволува па затоа толку често бара.