И моето толку тежи, и со цицањето е исто како палав е како ништо да не му стасува во сабота прави 4 месеци
Мене завчера ми ја извади душата, праевме стани,па заспивај,па легни 20мин и плачи и така во круг... Навечер константно ми се буди така да тука не осеќам разлика сеедно ми е хаха Приметив повеќе се загледува, ме бара со очиња, се врти на звуци, на земи имам ставено едно мече како насмеано е и со него се заигрува му се смее мислиш сака да му направи муабет... Лош дел, е што почна да ми ја одбива количката-транспортерот, седеше предходно бар пола сат сега 10 мин и кенка не сака хаха Ние громчето го поминавме, чекамнуште некој ден па психички да се спремам за 4ти хахаха
Период е. Не качуваат секој месец исто, некогаш повеќе, некогаш помалку. Мојата на 4 имаше 6кг. Вака супер изгледа, весела, се смее. И со цицањето, нормално е на периоди почесто да бараат. Деновиве и ние сме така, фати поцицај 5 минути, за саат ипол пак. Веќе се откажав од следење табели и килограми. Не сите деца исто напредуваат, а ако си е весел и жив немаш место за секирации.
Имај во предвид дека мерења на различна вага може да имаат отстапки. Малиот мерен на вагата дома и на вагата кај матичниот стално испаѓа околу 300 грама разлика, а со таа на вакцини околу 200 грама.
Се сеќаваш ли колку имаше на 2 месеци? Колку шо се сеќавам исто грама се родени нашиве, 3100 нели? Сега сме на котрола на 10ти, 3 месеци ќе има ама ми гледа подослабена или е издолжена, па така делова. Мене Н. ми стагнираше од 7 месец до годината ма ни грам шо се вели. Туку, од 4 месец секако намалуваат во качување на тежина од 360-550 мислам дека беше за месец.
Прашај педијатар што ќе ви препорача и да ви одреди доза. Мене ми дозволија сирупи Аериус и Летизен, без рецепта ги земав.
@Thinkerbell. Претпоставив дека е период, ама нели мора да сме стално со прашалниците во глава. Весел си е и насмеан цело време, закенкува само кога му се спие, ретко кога му се јаде. @Mandela Да држи вода и тоа дека се различни вагите. Мислам дека периодов се должи повеќе, а помалце става на грамажа. @Bubish26 3100 се роди да, на два месеци имаше 4970гр. @Mumoftwo30 во право си, ама сеуште се осеќам несигурно како тазе мајка. Веројатно ќе се опуштам пополека.
На мојава и помина 3ти скок, ставив според раѓање не според термин, така повеќе ми се поклопува. Гуга, мрда цела како пропелер, немавме проблем нешто посебно за спиење..
Бебе почна кога плаче да се грчи цело, ги исправува нозете, неможеш да и ги свиткаш.. Дали така прават вашите? И сега дека повеќе гледа често знае да трепка со очињата? Дали се плаши? Дали и е нешто многу блиску? Како да го толкувам?
Мајка до 6 месеци треба да дуплира родилна тежина,така да супер сте,уживај со бебе и не му се секирај многу.
Не мајка не правело вака моето, може од грчеви да е, а може и нешто друго, да не има тт? Колку месеци е?
Моето е малце постаро ама не се случувало вакво нешто, какво му е плачењето? Писка или онака ќенкање кога се случува, колку трае? Само нозете се грчат? Сум слушнала дека од грчеви така им се прават, моето имаше само 3-4 дена грчеви ама немаше вакво нешто. Онака нормално е, јаде, спие, кака?
Мајки може ли некоја да ме просветли На шест месеци нели нема скок ни регресија Или некоја да има апликација да ми пресмета Значи пд бебе што спие целс ноќ со две станувања веќе пет дена имам бебе што стснува буквално на секој час И дали може да е поврзано со тоа што почнавме да седнуваме па учи нова работа па навечер преработува мозочето? За забчиња не гледам да ми се многу отечени непцата И кога се седнуваат колку сака да приседнува или по многу кратко на почеток
Бебе е 4та недела, можеби е рано за било каква рутина/распоред, но да ме просветли некој како од прилика да изгледа денот во однос на периоди на будност, играње, јадење итн. Некогаш мислам дека ми спие многу преку ден, па да препрашам дали треба нешто да промениме. Навечер е кенкав нешто исто во последно време, кај грчевите, па и многу лесно се буди, можеби и не го изморувам многу денски со игри/активности. А и ако не се лажам првиот скок е тука некаде, ништо чудно да е веќе започнат.
Уживај додека спие, и јас се грижев за истото кога беше на таа возраст, многу ми спие дрн дрн, за сеа да не можам да го заспијам. Максимално користи го периодов дур спие насекаде, секогаш. Во тој период не мислам дека имавме нешто многу активности, малце на стомаче, малце зборување и гугање, и прошетки.