Мами рутината вечерна е најважна за да разликува понатаму кога е ден кога е ноќ. Дење претежно тоа то го диктира денот, не го преморувај премногу за да не биде нервозно, многу ќе менува, некој денови ќе ти спие по цел ден шо се вели, некои ќе му е 15мин дремка. Ти кажаа, користи додека спие и уште не знае кај се наоѓа, немаш многу шо да му прајш, не ни гледа бистро, нити има некаков осет уште. Оставај го долу на подлога колку можеш повеќе да е само, па почни и ти да го занимаваш.
Бебе мое денски почна само на меше да спие и јупи сврзува така саат и пол- спиење брееј за сега е така и топ, нели пишував ех да ви ги имам тие 2 саати хаха То време го користам со Нина и пијам кафе на раат, ставам ручек. А кога ќе стане почнуваме со раскревање дома оти секако си лежи без проблем. За на вечер ми е страв да спое на меше иако ја посматрам како без проблем си го врти главчето на другата страна, па продолжува со спиење. Леле со Нина ова не го смеев, се додека не почна дење да се врти убаво. Туку, какво шише користите, кое највеќе ви го прифатиле? Да пробам пак со некое зш Мк ќе мора да остани без мене саат и нешо, а и крштевката ќе била саат и пол, кај в црква ќе ја наранам.
Моето само филипс авент натурал респонс фаќа, друго ништо ниту цуцла сака. Пробај го тоа, мислам дека го сакаат бебињата доста
Мислам дека нашите се 3-4 дена разлика. Јас на 13.07 се породив. Навечер ако се поклопат сите коцки, спие со блокови по 3 саати и измеѓу јадење и успивање по 1 саат е будна. Со гасовите е исто ептен кенкава и нервозна. Некој пат знае и по два - три саата да не заспие ноќта, па да сака само во раце и храна. Инаку мислам плачење чиниш крај на свет е. Преку ден слично. Спие два саати, пауза за јадење. Гушки. На меше и тоа. Ко е убо време надвор еден круг. Ама знае некон пат и по 4 саати да е будна и да се нервира ако нешто не е погодено. За играње уште е мала и не реагира баш. И збориме, гушкаме. Играчки не ни загледува. Ја држиме за раче и то е то. Како го играш ти твоето?
И ние сме тука некаде , т.е.моето е малку постаро денес направи 1м Исто и тука прашував/се жалев а истото и педијатарот ја прашував. Моето дење има една подолга дремка од 3 часа, некогаш му е од 11,некогаш од 12, а кога ќе ја почне од 15ч рачунај цело утро е кенкав и во раце. Ќе си ја отспие таа,потоа си дремнува по 30-60мин цицајќи или држејќи се во раце или на кревет. И обавезно навечер кога ме треба,заспива околу 19-20ч. Спие до кај 21-22 и после се бориме до 23 или до полноќ за да заспие. Најчесто поврзува 3 часа,потоа или ќе цица и презаспие или ќе цица и ќе се журкаме 2 часа. Ова ми е најголем проблем во моментов. Прво ќе дреме цицсјќи ,па ќе си гуга,па ќе си плаче и едвај на крај да заспие, па ќе поврзе уште 3-4 часа. Обавезно секоја ноќ на прво или второ будење има будност од 1,30-2 часа. Педијатарот вели да нема никакво светло ноќе,освен некое ептен пригушено да го видам кај е. Да му пуштам вртелешка со пастелни бои и убави тивки звуци. Вели да спие непокриен се буди од жешко. Он не се буди,туку не може да заспие ,се бори. Вели да не му зборуваме јас око не можам да отворам а не пак уста да зборам. Му купив мече прожектор со звуци,но сеуште не гледам некој ефект. Мислам дека е уште рано за рутини,со бањањето не се држиме до одреден час бидејќи сеуште измешано спие ,не можеш да фатиш ред. Му збориме,му пееме песни,тропаме со играчки,малку на меше, често го држиме во раце(во спротивно плаче). Не сака релаксатор... Последниве денови почна повеќе да не загледува и да се глупира,цицка во уста он ја пушта и плаче
Благодарам девојки за одговорите Баш исти сме како што опиша. Ние сме 2 дена постари само. Ништо посебно не играме, гледам додека е буден да го занимавам, му зборувам, играчиња со контрасти да гледа, да ги прати со очињата, го шеткам низ дома, се загледува по слики пример и така тоа. Генерално преку ден е во ред, ама навечер има обавезно плачење неколку часа од грчевите, па кога ќе му помине се преморува и заспива па јадење на 3 часа. Ептен е голем спанко, кога е гладен навечер, а спие, наеднаш ќе почне да плаче, и му се спие дека изморен од грчевите и му се јаде, гревче. Се мислам така некогаш дали да го оставам да си одмори малку повеќе, ама ако сфати во меѓувреме дека е гладен одма плачки, па и тоа не ми оди некако. Се обидувам и сама да го разбудам некогаш пред да почнат плачките кога ќе видам дека шматка со устата, ама прилично е тежок за будење. Деновиве и некако немирен сон има доста, само претка, рипа, со рачињата се удира, се смее/плаче во сон, итн. Уште имаме да се учиме.
За не зборње е тешко реално пошо ние сме со тодлери и буката е нон стоп присутна. Ептен почнав да пратам WW ( освен кога е во скок верувам дека некои работи се реметат) ама фативме ред и преку ден, прво пратев знаци на умор ама ми беше претешко со заспивање, ја фаќаше нервоза и почнав да гледам на саат, буквално до минута колку и е WW, не ми се верува, како друго бебе да имам дома. Вчера прекрпивме ред од сабајле и цел ден беше кенкава (во скок е плус) ама пак другите дремки и беа супер. Од сабајле сме пак со мерење и како да немам бебе дома. Еве вака од прилика треба да е и види пробајте, верувам дека ќе ви се смени, посебно како влегувате во вториот месец. Како и да е, за вечерна рутина стварно пратите кога се бања, јаде и заспива, тоа и со двете ми успеа и бев преезадоволна оти имаше ред, само не бев доволно информирама за преку ден во првите месеци за Нина, после беше океј. Женава ја изначитав и не смее да е дремка поќе од 2,5 саати дење. @Luminary ако напредува добро, ако сака да спие на вечер, не го буди се додека само не се размрда, ако сврзува повеќе саати, ќути и радувај се, само кај нас пофали се
Мамички здраво. Синко полни 5 месеци, се врти на лева и десна страна, но повеќе на десна и гледам прави напори за на стомаче да се сврти но малку потешко му оди. Со стимулација и моја помош се врти без проблем ама за сам зема замав со ножето и се одкажува, а за лева страна сам не ни пробува да се заврти на стомаче. Инаку крева ножиња, ги фаќа со рачињата, си прави напори за во уста да ги стави. Прашањто ми беше на колку месеци почнаа да се вртат вашите бебиња од грб на стомак, и дали има простор за загриженост што "поомилена страна му е десната" ?
Моето бебе почна да се врти од грб на стомаче 10 дена пред да полни 4 месеци, и се врти само на лева страна, на десна се обидува но сепак неможе,тоа е нормално прво почнуваат на едната страна после на двете и секое бебе е различно некое почнува побргу да се врти некое покасно, така да нема простор за загриженост
За сите тие што терате мака за спиење со вашите бебиња и што ви се будат на пола саат, и со саати заспивање овие лулашки се спасот, верувајте мене овие животот ми го спасија, ем заспива бргу ем спие подолго
Луѓе сбе бебево денес многу ми спие, необично е за него, стана сабајле во 8 и беше буден еден саат у заспа до 11, па во 1 пак заспа како саат време, па во 3ипол пак и ете го уште е кома, дури сам спие што е необично за него денски. Ноќва ми спиеше многу лошо, се будеше цела вечер и касно заспа, па може за тоа е, ама мисла ми офи немој да е неарен. Инаку кога е буден си е весел, си јаде и игра. Како да препознаам дали е летаргичен или само многу му се спие. Да напоменам дека сме во скок и сега е околу громчето.
Ради тоа што бил буден ноќеска е така. Чим си е весел не се замарај. Сега веќе разбуди го зошто пак нема да ти спие вечер. Повеќе од 2 ипол саати не го оставај.
Ве молам некоја за совет Неколку пати се случува бебето (11 дена) да ми повраќа, од кои еднаш уште дури бевме на болница кога се роди ми помодри во лицето. Повраќаше по малку и дома ама ништо страшно. Сношти се мачеше да поврати, цело време ќе и дојдеше до устето и пак го голташе, ама едно време почна и плунка како пена од уста да и излегува. Никако не можев да ја стабилизирам, едвај на стомак кога ја свртив по милијардитти пат, малку се смири. Ова со пенава ептен ме испаничи. Дали ви се случувало и како стего решиле? Инаку бебето е на комбинирана храна.
Има рефлукс, на комбинирана треба да прима антирефлуксно млеко, ама прво пробај да го држиш исправено после хранење барем пола саат, не го храни легнато или ако е легнато да биде под агол на твоите нозе, на страна, врз перница( слично како кога го доиш) никако право легнато, гледај техники на интернет за позиција за хранење бебиња што повраќаат. Нормално е да бљуцка, ама не и да повраќа во млаз. Може многу му е, пробај само со доење не го дохранувај, оти оно може е најадено ама не знаат за доста кога се толку мали и колку да му даваш ќе јаде се. А имаат мало желудниче и се прејадува.
До кога задолжително се дава пробиотик? Моментално имам Ваја, ама од сите пробани овој најмалку ми се допадна. Штета зошто најлесно ми е да давам со пипетата. Приметив откако почнав со Ваја, детево почна немирно да спие навечер. Заспано не отвора очи, почнува да прета, да се витка и да офка и така повеќе пати во текот на ноќта. И ги прекинавме и се изнаспавме ко луѓе сите тројца. Само едно будење за цицање има околу 4-5 и толку. Во однос на столицата нема некакви промени. Редовна, боја и конзистенција нормална, единствено нема тегоби веќе. Не знам дали да давам други или да не давам никакви веќе. Инаку има 3 ипол месеци и досега и воведов неколку различни пробиотици за да има различна микрофлора во цревата по препорака на педијатар затоа што е родена со царски.
Не давај и мирна глава Само штета има од нив ретко да сум слушнала позитивно искуство Нас запек ни правеше, додека ми текна на него млеко ад менував и се нервирав оти се мачеше да се искака Од тогаш не и давам ништо освен д со омега
@Giovanna пробиотик давав до 2 години и нешто за првата ќерка, редовно. Ваја. Нас ни беше ок. По светски испитувања убаво е редовно да се прима, заради подоцнежни болести, посебно склоност кон дерматити и алергии. Може било кој да се дава пробиотик. Јас планирам и со второто ќере да си терам до 2 години, освен ако не и одговараат па во тој случај не би давала