Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Па гледам многу се жалите леле веќе мене раците ми капнаа леле само не заспива го лелам го сторам.... Па кога глумите паметни нека ви капнуваат рацете, ова ти е лелање по малце ем не се уморуваш ем ќе си заспие
    Ако си против лелање ти и многу други не ми е јасно што успивате со лелање, смешно!
    (П.с. и јас купував секакви креветчиња за бадијала ем неспие по пола саат цело време преташе, и никако да неможеш да го заспиеш, и јас лелај в раце не вредеше сета мака дури заспие за толку краток сон, иначе за денско спиење ги користам тие)
     
    Последна измена: 5 август 2023
  2. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    10.454
    Баш поради ова и се мислев. Знам дека многу истражувања во последниве години ја поврзуваат дигестивната микрофлора со имунитетот и разни здравствени појави, па не знаев како се препораките за бебиња и деца. Ти сигурно си многу повеќе во тек од мене што се зборува на конгреси на темава.

    Ќе пробам да сменам со друг штом така.
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    И неколку вакви како тебе на еден начин иронично ми се потсмевна кп демек знаеш што се овие назатна работа ама тие таквите имале бебиња што каде и да го оставиш ќе го најдеш заспано, зборот ми е сите бебиња не се исто, со некои многу мака се гледа и за заспивање и за сѐ. И бараш само чаре и тоа е тоа.
     
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    45.806
    Пол:
    Женски
    Јас не користам веќе од 3м, мака имаше со столицата од нив.
    Не знаев дека се поврзува со подоцнежна корист од нив, баш ќе читнам.
    А за претањево не знам дали е до пробиотик или од скок, пошто јас не давам ама и моево исто прави вечерно време, скроз исто. Мирно е докај 1-2, после тоа е журка докај 8-9 сабајле, многу немирно спие, а јас кај што го слушам дека стенка и прета и јас не спијам.
    Може е од гасови кај моето ама па ги испушта, цело време прди, не знам од што му се ствараат, може нешто е е јас што јадам, не знам што да исфрлам од исхраната.
     
    На Giovanna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.424
    Допаѓања:
    18.662
    Како се пресметуваат 40 дена? Дали влегува во броењето и денот кога е родено бебето или од следниот ден почнуваш да броиш?
     
  6. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Од следниот пошто нели следниот прави 24 часа т.е еден ден
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.232
    Пол:
    Женски
    Од конгреси ми е податоков и на работа така препорачувам.

    И денот на раѓање се брои, прашав поп така ми кажа.
    Родена е ќерка ми вечерта во 23ч и баш прашав дали тој ден е прв, ми рекоа да, нас утре ни се 40 дена:inlove:
     
    На Sofi.ja, Mila_Mia, Viveki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    10.454
    @1209 не знам, кај нас се поклопи целава симптоматологија со давањето и прекинувањето на конкретниот пробиотик.

    Инаку претходно цела ноќ се мачеше да ти е грев да ја гледаш. Не се будеше ама се мачеше ко што опишуваш. И цела ноќ дежуравме.

    И моево редовно си прднува, особено кога вежба на стомаче :D чудното беше што ќе офка ќе прета и кога ќе се разбуди накај 7 целата насмеана, расположена, нема ни трага ни глас од грчеви во стомак.

    Скоков се уште не го осеќам баш, душиче е детево откако почна, дури и страв ми е да кажам, ама еве кажав :D ќе видиме сега дали си ја предизвикав судбината :bandit:
     
    На 1209 и Alishan30 им се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    45.806
    Пол:
    Женски
    Да и он е ист, плаче некое време пред да се разбуди, како во бунило, ама штом отвори очи одма се смее, весел е ептен. Јад сепак мислам дека ноќното претање е од скок не од грчеви, како да процесираат се што учат преку ден.
    Инаку и кај моево не е страшно нешто многу, беше проблематичен 2-3 дена така, сега пак си е ист, освен што бара многу внимание, нема шанси да го легнеш и сам да се занимава, мора околу него да му збориш, да го шеташ.
     
    На Giovanna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    @Giovanna И јас долго давав пробиотик и за второво планирам, баш од причините што ги наведе @Alishan30

    @Amore123 Никој не ти се потсмева, терај си како што си сакаш. Назадна неназадна, твоја работа.
     
    На Alishan30 и Giovanna им се допаѓа ова.
  11. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Јас се пофалив на темава и тргна удолницата. Го враќав маж ми од службен пат пошо не се издржуваше. Вчера или завчера го пикнавме в кола и кружевме 2 саати пошо само така заспиваше. Сеа ај шо почна да се буди на 2-3 часа, ама и не презаспива.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    10.454
    Леле :( те читам и ми текнува на двата пати кога останував сама со ќерка ми, а маж ми две недели на пат. И баш се погодуваше во втор и во трет скок да оди.
    Цел ден сама без никој минута да те одмени е многу напорно. Уште капак на се и да не спие. Се надевам за брзо ќе се стабилизирате, третиот скок среќа не трае долго.
    Ќерка ми е во четвртот што трае со недели и секој момент чекам да ги покаже роговите :tmi:
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    805
    Мене поп ме праша во колку ми е родена, ако е пред зајдисонце го броиш и тој ден, ако не почнуваш од следниот
     
    На Viveki и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  14. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Два дена пред да замине на пат, бебево милина, заспива за 5-10 мин, има денски дремки од по 2 часа, навечер легни го сам заспива, ехеее реков вака немам мака.
    Дента кога замина мм исто беше супер, ама следниот, и следната вечер, леле леле. Плаче бебево плачам јас…
    Вечерта кога се врати мм, го нацицав, му го оставив и излегов малце да оладам. Го заспивал 2 саати. И од тогаш така тргна надолу, почна и да се буди често, дежураме по смени сеа навечер.

    Трет скок заврши дефинитивно пред едно 10 дена, ова сега или е 4ти подранет, или некоја регресија, не знам.
     
    На Giovanna, Bubish26 и 1209 им се допаѓа ова.
  15. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Колку месеци ти е бебето?
     
  16. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.353
    Допаѓања:
    2.135
    Пол:
    Женски
    За родени пред 17-18h (вечерната молитва) се брои и денот на раѓање, ако е после се брои од следниот ден. Во манастир ми кажаа вака.
     
    На Viveki, Sofi.ja, Bella_Stella и 2 други им се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    45.806
    Пол:
    Женски
    Светло жолта столица дури како флуроцентна нормална е?
     
    На Mila_Mia и smeshkaa им се допаѓа ова.
  18. smeshkaa

    smeshkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2015
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    Мене таква ми рекоа дека е пожелна, светла како сенф боја.
     
  19. Mila_Mia

    Mila_Mia Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2022
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    Ние пред месец дена на полнок бевме на болница за таква столица од паника. Ни рекоа дека е нормално се додека не се кака повеке од 5-6 пати во денот да не паничиме.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    45.806
    Пол:
    Женски
    Ова не е како сенф, обично му е како сенф, денес и вчера е ептен лимон жолта. Пробам да се присетам што јадев ама ништо такa дречливо.@Mila_Mia не нормално кака,1-2 пати, не по многу и не е течно има густа текстура.
     
    На smeshkaa и Mila_Mia им се допаѓа ова.