Ние бевме со течна и докторката ми вели ако паничиш вака за ситници каде ке ти биде крајотама прво ми е па се исплашив.
Еве моето е родено на 4ти јули во 10:10 утрото. Јас мислам дека на 12.08 правиме 40,мајка ми вика на 13.08 е 40ти ден.
@1209 @Giovanna и моето прави така, со затворени очи мрда, се прозева (очигледно не спие) и не може да се успокои. Секогаш се случува во истото време, сабајле околу 9-10. Ако го разбудам и земам исто како ништо да не било. И јас мислев дека е од грчеви/гасови, ама ако е така веројатно ќе ги има и во останатиот дел од вечерта, не знам. Пробиотик и јас давам Ваја, претходно давава Био Гаја и Диа Стоп. Не мислам дека он ни прави проблем зошто паузирав кога имаше проблем со какањето и исто си правеше сабајле, како во полусон беше и мрдаше. Инаку ние сме блиску до громчето и денес е многу различен. Од дремки станува уморен и пак му се спие. Бара да јаде и пак заспива. Весел си е измеѓу, ама во 10 секунди кенка, се смее, квичи и пак се смее. Нервоза го фаќа кога не може да се успие и почнува да кенка. Смешен е зошто не знае баш да плаче, па пробува некои звуци прави демек на плачка ја тера. И почна ако не го гледаш да глуми како да кашла за да му обрнеш внимание.
И мене сите различно ми кажуваа, затоа прашав во манастирот и како што ми кажаат таму, така се водевме за молитвата. Спрема тоа што ми објаснија како се смета вие на 12.08 правите 40 дена.
Дали бебињава ви мрдаат многу при заспивање, особено ноќно?Чинам заспивам лав, а не бебе, се борам да го скротам, па тоа мавање со раце по мене, претање со нози, ударање со глава, се тегли, фати пушти прави на градата кога го успивам така, па нешто ржи, па голта, па клокоти, се успиваме со саати, не можам веќе, мака ми е. И тоа само со мене прави вака детево. Вчера бевме на свадба и јас немате поим кои паники бев дека нема да спие, и ѕвонам на мајка ми во 10, ми вика немаше проблем, се напи формула цело шише и заспа одма, луѓе до 4 спиеше и стана за цицање и пак кома. А денес друга песна.
Да! Од 10 ипол до пред малку цицаше. Не дека целото време е ефективно, само фати пушти. Маж ми ми вика разбуди ме за 10 мин кога ќе заспие. Хаха! Еве уште не е заспан, раце и кичма немам веќе. Теглење, квичење, па смеење, па гукање па сѐ одново во круг. А му се спие, буден е веќе многу време, не знам…
Леле Бела овие нашиве го браќа да се, значи до скокот е вајда, тоа им е периодов на сите. Исто прави со смеењето, па нешто како демек ми кажува, ќе смок е града, ќе ме погледне во очи, се смешка и нешто гуга, јас срце неам да го игнорирам и ќе му се наспеам или прозборам и он ќе си разврзе муабет. Многу му е интересно да ме гали во последно време, ќе легнам со лицето спроти неговото и ќе зборам и он ќе ме гледа, ќе ме гали по лице, ќе ме испитува и смешка, абе се топам еј, ама ова се случува секогаш без исклучок доцна навечер. Ќе проба да го уморам и после уште полошо е. И јас дури сега го заспав, од нервоза пола лубеница сум изела несвесно при помини-замину-касни си. Ќе дежурам на шоља вечер. И пак не спие мирно во грч е, очекувам дека ќе скокне кај и да е.
Ние вчера и денес на громчето сме луѓе, ајде вчера денски беше поок, бар имаше една дремка подолга, нели реков дела до минута пратаѓ WW и помага ептен ама на сношти мислам дека пајдушкото го играше цела вечер, не се расона де ама само преташе, никако мирно не можеше да заспие, денес како за беља кај баба ми бевме, а од нас е оддалечена 60км, кај врнеше, туку бебе толку плачливо не можам да опишам, цел ден фати града, пушти и вришти праеше, спиење катастрофа, само 2 пати и тоа прва дремка и кај баба ми еден саат, после тоа скок измешано со умор знаете нели.. конечно заспа и тоа касно и примеќам и оваа вечер ќе е многу немирна. Ај уш ден два, па ќе смени валда. Туку, во 3 месец кризата со доење? Едвај некако расположение мора да погодам и поза, за да фати убаво, иначе е трескање од земја. Или па до скокот е?
И ние изгледа почнавме со скок прв. Ова што го опишавте го прави со цицањето, раце шмука време и е за цицање, почнува и за 3 минутки почнува да вриште ко да пие луто млеко. Ја земам, шетам, заспива, па изгледа и текнува дека е гладна, шлапа со муце во сон, станува за 5мин со вриштење. Бидејќи знам што се грчеви, барем кај неа, ова е плачење за друго, не останува ништо друго, туку скок е ваљда. Кога е веќе преморена цица додека душа не ми земе, ко последно да и е. Потоа пак се удара у цицка или со една нога нервозно мава како коњче. Налет сето ова, маж како и ги знае сите потези, па ја имитира со раце како ги прави рефлексите, па наеднаш нели се штрецнува, рже како тигре, па се прозева и на сред прозевање и текнува дека треба да плаче, па за 1 мин вриштење, оп заспива како паднат борец На целава мака, кога тој почнува да ја имитира, паѓам од смеење Слатки маки...и ненаспани родители
Е арно вие, ние до сега се успивавме и ете го некако успеав да го спуштам во креветчето и таман мислев дека е убаво задлабочен пак почна да отвара очи. Ама гледам успан поглед и нишкав кревет до сега, без раце останав и уште не мрдам, како препарирана седам да не го разбудам височеството. Баш се како браќа да. И моето почна да ме пипка по лице кога му зборувам, баш да се стопиш се. Колку и да се тешки понекогаш оди одолеј и на таа штрба насмевка.
@1209 @Bella_Stella И кај нас истото се случуваше. Последниве денови (да не си ја барам бељата) е поокеј. Мислам е до скокот, ние сме при крај веќе на 4ти. Заспивање е научна фантастика, а преморена е. Ни галење ни нишкање ни шшкање не помага. Единствено да ја земам во раце, ќе почне да вика и негодува, па почнувам да ја нишкам и и ги држам рачињата, така се смирува и почнува да затвара очи. И мора минимум 10тина минути да ја држам и откако ќе заспие зошто а ја спуштам во креветче отвара очи. А после бањање и пред спиење си легнуваме на спална, цица, си муабетиме, се галиме, тоа ни е и нас ново, па се успиваме. Туку прашање, кога исфрливте 4та дремка? Не знам дали и е веќе време да и ја тргнам. Еден ден ја скока ама предолг буден прозорец има и е нервозна за заспивање, друг ден спие 20минути ама па не е толку уморна. Будни прозори и се макс 2 часа, па правам математики како да и ги распределам дремките. Морам јас, т.е. со моја помош заспива зошто сама не знае. Преморена е а нејќе да спие и станува хиперактивна тогаш, едвај ја смирувам.
Моево е 6,5м и уште некогаш има 4 дремки.. се зависи колку му се долги првите 3.. некогаш спие по 30-40мин само, а некогаш знае една дремка да трае 2,5ч па кога има подолга дремка нема 4та е ако сите 3 му се по 30м тогаш и 4та има ама па покасно мизаспива вечерта… се зависи до бебе и дремку по колку време има.. и прозори на будност како што кажа Следи го па ќе си процениш сама. Колкаво е твоето? Едит: еве сликиче др гуднајт што вика
4ипол е. Затоа мислам дека е рано за 3 дремки, ама па сите и се по 40 минути и сум надежна дека ако има 3 ќе спие подолго.
Исто беше и моето.. од кога почна со кашички почна да се успива ама понекогаш по 2,5ч пред тоа 45мин беше премија
Колку лигавење е нормално лигавење? Не можам да наваксам на лигавчиња, дневно над 15 менувам мислам, сите се утоп. Треба да консултирам лекар за ова или? Знаци за заби нема никакви, а и рано ни е ептен. 4 месеци сме, роден во 36та ако значи нешто.