Утоп е и бебе. Ако го држам подисправен/кренат за неполни 10 минути му е веќе мокро лигавчето. Ако е подолго и бодито/маичката му се мокри. Мислам дека е нормално, некој ми рече дека машките многу се лигавеле, колку е точно не знам. @Amore123 после првото будење сабајле. Стануваме од кревет, обично тоа е накај 6:30, но последниве две ноќи во 5:30 се буди и несака да презаспие па после тоа заспива за 2 часа и таа дремка ја бројам како прва.
И моето е исто, ама јас проверив со трикот со чаша и му се надзираат белки под жлебината, значи скоро скоро ќе има заби. А и константно глода се живо, @DaisyDoo 4м не е рано а заби, јас на 5 сум имала 2, мм на 4.5. Јас очекувам и на моево да се јават скоро. Инаку види со трикот, го има на нет како да го изведиш.
Не знам за трикот со чаша, можеш некако да опишеш како се прави? Иначе и бебе глода се што му е на дофат, од тетра пелени, играчки, паршафи, знае и бодитода го затегне и да си го стави во уста. Почна и мене да ме 'бацува' кога го држам кренат свртен накај мене, отвара уста, се засилува и ме 'бацува' поточно лигави
Грешка сум била јас за немирниот сон. Дефинитивно има некоја мака со стомачето. Синоќа се случи неколку пати. Ги крева нозете и ги треска од душек. Почнува да кенка/плаче ако не му дадам цуцла и едвај испушта гасови сам. Во 4 сабајле морав да го масирам и да му правам вежби. Истото се случи и пред 8. Не знам на што се должи ова. Не јадев никаква храна што прави проблем. Вчера не какаше, ама претходно цели 7 дена кога не се искака не правеше вака. Зар е можно грчеви да има пак?
Моево цело време прави вака Бела, кога зборам за немирен сон мислам на ова, цело време ги треска нозете од душек, додека заспие и обично сабајле накај 7-8. Јас не мислам дека се грчеви, што знам, си велам до развојот е. Ние вчера до 2 се заспивавме, а последно во 8 заспа и ја мислев тоа ќе е ноќното спиење. Ха ха. Остај што беше буден па и беше расположен, не престана да зборо, уста не затвора, смеење, гугање, плукање, балончиња прави, ржи, стенка, лудница. Сите го успивавме вчера, баба, дедо, јас, тато, уште на кучињата да го дадев. Ќе полудев, и сабајле во 8 стана, јас не знам како расте ова дете со толку сон. Стварно се загрижувам, не знам каде грешам.
И моево почна вака на вечер, само прета и ги треска нозете, си прди и кака ама освен скокот исто мислам дека има грчеви пак иско и поминаа.. вчера и дадов капки, а не и давав долго време и се смири. Меше и е меко, правам вежби ама па нешо ми се грчи
И кај мене веќе недела две не спие мирно @1209 @Bella_Stella @Bubish26. Се врти, се треска, се пруже некако, пишка, стенка. Не ме буди за цицање, ме буди од што шушка цело време. Не знам на што се должи ама јас сѐ си препишувам на скок или фаза . Мојов се полни многу воздух кога цица, дури слушам кога голта воздух. Бела, ако мислеш дека има мака со стомачето, шознам пипни нозете да не му се ладни. Јас му облекувам некои тенки додека да му се згреат нозете, оти од претањето нонстоп си прави промаја и нонстоп ги лади. Може грешам, ама шубе ми е оти јас не трпам ладно на нозе и мислам и тој. Инаку педијатарот ме советуваше да му воведам пробиотик ако приметам дека се мачи со гасови.
@1209 @Bubish26 @DaisyDoo поима немам до што е стварно, мешето му е меко, само кога се витка е тврдо. Ќе сварам сега чај од ким па да видиме. Он само сабајле правеше така, ама синоќа цела вечер беше немирен. Пробиотик давам јас редовно откако е роден, прекинав неколку дена само дур не какаше, чисто да видам ќе има ли промена. За рацете и нозете сум во вечна дилема. Му давам Бејбитол Д3+Омега3 плус 3-4 капки Пливит, така ортопед ми кажа. Он кажа 3, ама Бејбитолот ми е скроз непрактичен и пола ми завршува на рака, на фаца, скоро никогаш не се кине како што треба и затоа давам 4 капки Пливит. Ама нозете и рацете никако да му се стабилизираат. Вчера бевме излезени, посвежо беше и го облеков во тенки долги летни панталончиња и тенко боденце на долги, непокриен. Кога се вративме стапалата и дланките му беа бус ладни, а рацете и нозете нагоре топли. Го пресоблеков и кога го земав да цица обратно. Стапала и дланки топли, раце и нозе нагоре ладни. Не знам, стварно немам ум од што е така. На контрола сме за брзо па ќе прашам за сѐ што ме мачи.
Ладни нозе не значи дека му е ладно, се лади преку стапала и дланки. Не се споредувајте со нив, ние се потиме за да ни се излади телото, а кај нив додека се регулира тоа, се ладат преку дланки и стапала. Ако вратот и грбот се топли, не му студи. @DaisyDoo Кога прета, се загрева, како вежбање му е тоа. Уште чорапи му фалат Не му ставај, не треба дополнително да го загреваш.
скокот е и сега почнуваат да се поактивни ножињата да пробуваат да го свртат газето и знаеш спрема првото се што се случува дента де преживува ноќта ......мојот за вечерно спиење дур не заспие рита по кревет со нозете само јас можам ( без глас да пушти) само јас можам да го истрпам тоа без да го дигнам а ноќта се буди за цицање и на ист начин најавува дека е буден ..... културно мава со сета сила по кревет внимава да не се развика пошто ке се разбуди татичко
Дааа, вистина е тоа шо кажуваш дека вечерта го преживува сето тоа од дента, а и во сон дека вежбаат новите вештини, затоа пробувам преку ден да ја вежбам повеќе као, така читав хаха. Наводно од денеска ни изгрева пополека сонцето, јас многу се жалам а не треба, еднаш ми стана вчера навечер со претање, иначе си преспиваше без едно будење, а ја се жалам.. со Н. Се будев на секое до 2г. А кога ќе ми текне дека имам прикателки на кои децата им се будеа секоја вечер и дежураа со саати, ќути и Нина беше одлична хаха.
Јас не знам како да ја облечам искрено.. денес е 14степени со ветер и дожд, се осеќа и дома свежо дека е, ако го облечам се поти од претање, ако ја слежам тресе вилица.