Ние 7 дена користевме, помина кратко ама после пак имаше на обравчињата. По препорака на матичната земавме Дактанол гел. Скоро целосно е исчистено, знам повремено да видам по некоја точка само на образите.
Ние дме околу громчето и синоќа мама плачеше во 5 сабајле оти немав веќе сила, ме исцица цела и се будеше на пола саат, само што ќе завлечев он ќе почнеше да лудува. Мм мораше сабајле у 5 еа то излезе надвор за да поспијам. Ај белким ќе ми е и кај него скоро, оти зомби сум.
Ќе го поминете громчето и ќе се смири. И јас не верував кога ми викаа така другарки, не се секирај ќе ти се врати старото бебе. Ама ете го се враќа полека. Ние до душа со ноќното спиење немавме проблем и кога беше пикот на скокот, ама сепак се осеќа промена како се ближи крајот. Издржи мама, можеш!
Мајки нас не задеси се наеднаш. Нека поминува периодов, последниве недела дена ептен ми се стресни. Си се изнаплакав последново деноноќие, на моменти навистина се осетив како да потфрлив и како сеуште да потфрлувам како мајка. Сношти при заспивање дете беше очигледно гладно, плаче вика, рика, зајдува, сака да цица на пола саат, јас немам млеко, осеќам дека е нервозен, дома немаме формула, абе се изнаплакав и јас со него. Го ставив на града и што извлече извлече, и заспа така после 2 часа успивање. Секако дека на 10 часа пред примање вакцина се разбуди со кашлица и секрет во носот кој никако не можам да го извлечам, мислам дека му се слива позади во грлото пошто како да хрчи на моменти при дишењето. Пробува да го исфрли со кашлање ама неуспешно. Синоќа се будеше на два часа со кашлицата, плачеше до зајдување, душата ми се откина. Тука ептен ми се лабави, сабајле бевме на закажаниот термин за вакцина, знаев дека нема да му ја дадат ама мислев бар ќе земе да го прегледа, да види како е. Таа ми вика а па нишо страшно, нека цица почесто, нека спие подисправен, ќе му помине. Значи не знам што ги кошташе барем да го прегледаат, да го преслушаат, терминот посекако го имавме. Поискусните мајки да споделат, што да очекувам деновиве, како да му помогнам? Го пуштив тушот прееска и седевме во купатило на пареата добри 10-15 мин, му пуштам навлажнувач на воздух во спалната, го тапкам, ама ништо не излегува од носот при влечење, не знам како да му помогнам да го исфрли шлајмот. Нема температура, весел е, се смее, само се закашлува. Налет на се, нема подобрување воопшто во столицата, и за скоро месец и пол има напреднато само 500 грама. Сеуште е над просекот, но тоа е бидејќи се роди прилично голем и напреднуваше доста добро првиот месец и половина. Изгледа има некој друг проблем кој го мачи и поради кој не напреднува, бидејќи не даваше знаци дека е гладен, цицаше 7-8 пати дневно, јас имав и вишок млеко, единствено честите и течни столици изгледа си го земаа данокот. Имаме преглед со педијатар утре, да видиме како ќе продолжиме, и искрено ако не ми дадат подетално да испитаме на што се должи ова, си доаѓам МК и веднаш одам на специјалист. За ова време дури експериментираме и си поставуваме дијагнози од ракав, можеа барем да земат примерок од столицата и црно на бело да знаеме на што сме, да се елиминираат други состојби. Толку се ноншалантни некогаш, просто не ми се верува. И јас си ја тупам главата што цел месец ги слушав кога ми викаа дека е нормално, а столиците течни како вода, имаше денови по 10 пелени менувавме. Ми доаѓа од кожа да си излезам. Извинете за негативноста, морав да се испукам некаде.
Вчера излеговме од 4-ти скок конечно,денес имам друго бебе,заспива во количка,сака да седи во количка,нема плачки толку,мислев нема крај на сето ова лудило ама имало.Се надевам дека додека дојде 5-ти скок ќе поуживаме,ќе биде мирна. Веќе три дена научи да ги пика нозете во уста,многу е среќна што може да ги става нозете во уста.Новина исто така ни е кога се превртува се турка наназад,како да почнува да лази,само не нанапред туку назад.
Ох бе душа, мајка само подршка да ти дадам, да знаеш дека може ништо не му е на бебо со какањето и моето првите месеци беше цело време со течна столица, му протопуваше пелената константно и сигурно имаше 10тина покакани пелени. Може е ништо, а може е и интолеранција на млеко, не знам стварно како може да се толку ноншалантни, ама многу е нервозно, знам како е. Секако ќе го однесеш во МК на специјалист ама до тогаш земи си млеко дома, има такви готови шишенца кои имаат долг рок, не ни мора цело канче формула, ама имај си за итни случаеви. Оно и од што е затнато е нервозно и не може да јаде, со физолошки спреј секако прскај ќе му олесни. А за килажа и моето стагнираше, на секое мерење ми беше околу 6кг, и не само што не качуваше туку и симнуваше, ама сега за две недели дури 700 гр има качено, ќе ја надмине и родилната на 4м, така да не се сеќирај ќе нададе, ама земи си формула, ќе ти биде спас во такви кризи верувај.
@Lavender13 Ставај капки физиолошки и тогаш пробај да влечеш. Кај мојата не излегуваше ништо ни со физиолошки па не влечев воопшто за да не ја малтрерирам, туку само капки ставав да и олесни. И ставав капки и одма на цице за да голтне ако има шлајмче и да исфрли после преку какање. За столиците не сум паметна што да кажам. Пробај земи и ад за секој случај да имаш па ќе видиш дали има промена во каката. Не знам колку месеци е малото ама не качуваат исто цело време нели. Веќе 4ти 5ти месец ако не напредува доволно препорачуваат да се почне со цврста храна полека. Ќе видиш утре што ќе ти каже педијатар. Го правиш најдоброто за бебето и колку и да ти е тешко се поминува.
Совет за физиолошки веќе ти кажале, кога ќе ми ставиш оно ќе ди ќивне, шо исфрли така добро,другото можеш да влечиш. За кашлица мајка инхалации. Нема дргуо ништо шо можеш да правиш или дадеш. Настинките со затнато носе додека не можат да се издуваат или сами искашлаат се најтешки. Течни сточици ми имаше Нина и тоа многу на ден и обавезно беше напраена до в гуша шо велиме, колку алишта сум фрлила од флеките ехее, ова па слабо кака еднаш на ден или два. Како знаеш дека немаш млеко? Арно ти кажа бројче, купи аптамил или нестле има готови млекциња за сваки случај и држи дома, јас имам, еднаш кога бев болна изнакупив, само шо не сакаше да влечи моево од шише и си ги чувам.
Ние одиме кај големите другарчиња. Поминаа 6 месеци, убави нежни и среќни моменти пропратени со стрес, паники и неспиени ноќи
Јас ја користам цела колекција на хип, многу добро ја прифати моето. А за пеленска регија, користам перу крем на фитофарм
Бептен за пеленска регија, бриши убаво околу куре да не се направи инфекција оти е уште затворено, јас најчесто го мијам или памук со водичка, не користам влажни оти ми се покажаа доста иритантни кога беше многу мал. За кожата после бањање ништо не користев неколку месеци, нежна им е и не сакав хемикалии да ставам макар и бебешки, сега знам масажа со бебешко масло да направам после капење или јекодерм да ставам ако има некој дел посува кожа.
Веќе ти дале убави совети девојките. Јас ќе ти кажам само смири се! Знам колку сакаш да успееш во новата улога и моментално мислиш дека потфрлаш, ама верувај успеваш! Секој одминат ден си сѐ подобра мајка за своето дете. За жал составен дел од растењето се и настинки, нервози, несигурност и плачки.. Послушај ги советите што ти ги дадоа и полека ќе се стабилизирате..
Мустела Стелатопија по бањање, ама не по секоја цена, само ако насетам посуво, црвенко. Не мачкам секогаш. За пеленска регија користев и Судокрем, моментално сум на Веледа, знам некогаш и Јекодерм да намачкам. Од педијатар беше препорачано да е крема на база на цинк таму кај што знае да се растрива, пазуви, газе. Не сум осетила нешто да не му пријае, освен црвено газе малку шо мислам дека е од Бејбилав памперсот, сега испробувам Huggies, па ќе видиме.