Мамички да ве прашам нешто. Мојата бебушка после доење или кога ја пресоблекувам почнува со икање, тоа се случува два-три пати во денот. Јас и давам да цица уште малку и икањето престанува, дали можеби постои некој друг начин да се прекине икањето и зошто воопшто се јавува, да не нешто не правиме како што треба?
јас мислам дека икаат ако му дојди за повраќање па пак ќе си го голтнат. нема ништо лошо во тоа само што ствара нервоза кај бебето ако подолго време ика барем јас така мислам.
И мојот бебуш икаше многу често скоро по секое јадење додека не наполни 1,5 месец. Мислам дека најмногу икаше од лакомост, цицаше многу брзо и примаше многу воздух. Ама сега ужива додека цица и многу ретко ика. И јас му давав уште малку млекце или чајче. Инаку престанува само од себе и не е ништо страшно. А кога го соблекуваш - сум слушнала дека децата икаат и ако им студи или се помочкани.
И моето бебе ика иако за некој ден ќе направи 2 месеци . Него сакав јас да ве прашам дали ви се случило да ви дадат тотално различни памперс премиум каре имено на едното пакување бебето се смее и гледа кон мајката а на другото бебето е свртено со грбот кон мајката која го држи и не се смее . На она каде бебето се смее бројчето 2 и бројот на пелените 72 се жолти а пелените на средината имаат жолта линија . На другиве пелени бројките се бели а пелените ја немаат жолтата линија . Дали сте забележале разлика меѓу вакви пелени и дали ви дошле до рака зашто мене другово пакување уште не ми е почнато . На овие пелени кои немаат жолта линија и жолти букви бар кодот е ист а со црни букви како од печат е напишано мејд ин Џермани . Друго нешто денес купував аптамил и ми дадоа 800 гр јап риметив дури дома кутија ја смалија кутијава или само пратка е ? Ја земав во зегин и пелените исто
Има врска во која земја се произведени, истото важи и за пелените, и за Аптамилот. Pampers од германско производство се подобри отколку Pampers произведени во Полска. Исто, за Аптамилот имам слушнато дека има два вида кај нас, едното го произведуваат во Бугарија, другото во Германија, поквалитетно е германското. Тоа може да се најде сигурно само во една продавница во Скопје, која директно нарачува од германскиот производител. А како се вика, и каде точно се наоѓа, не ми текнува, ај ќе провртам низ нетов. А во аптеките Аптамилот некогаш е пратка од бугарско производство, некогаш германско (почесто бугарско). Има разлика во пакувањата. На германското пишува на македонски и германски, има бело квадратче за рокот на употреба каде што е втиснат датумот. На бугарското пакување си пишува на бугарски и датумот е директно на кутијата. Плус бугарскиот аптамил е побрашнест и има полош вкус.
Икаат после пресоблекување обично , зошто им го подигнуваме газето за пелената, а со тоа се кревал и желудникот па дел од храната се враќа наназад, поради што почнуваат да икаат. Јас не и давам ништо да се напие, обично ќе се расплаче и престанува. Дури ми се чини дека си знае па намерно си плаче, прво почнува како лигавење , ќе види дека не бива, па се дере Ние денес ја примивме ревакцинацијата на Хепатит Б. Е сега ни закажаа други вакцини на 10 и 11 овој месец, но дефинитивно нема да ги ставаме туку прво ќе пробаме да ги најдеме Инфанриксот. Ми кажаа да не очекувам температура, па се надевам дека ќе поминеме со лесно.
и ние денес бевме на вакцина .. лесно поминавме со сите освен ДИ-Те-Пер имавме малку температура ама се среди со парацетамол сигупче ..
Да не се воведува некое ново прозиводство зашто овде и двете кутии имаат датум во бело квадратче на едната пишува на германски на другата на англиски таа англиската е 800 гр а инаку во понудените јазици има бугарски и на двете ај ако можам ќе ги сликам и ќе пуштам
Во секој случај тие со жолта индикатор лента за урина ти се подобри зошто знаеш кога бебето е измочкано (нели линијата станува сина). Кај нас има само со индикатор линија за 3 до 5 кила.
Да ти кажам ништо не сум приметила само приметив дека напред имаат жолта лента а позади истата продолжува во зеленкаста а може и да посинува да не сум приметила
Мене во болница ми покажаа затоа што ги користат за новороденчињата кога уште не мочкаат многу па по жолтата линија гледаат кога ќе посини дали се помочкало бебето. И дома се раководам по неа ама веќе е подруго, кога ќе се помочка пелената тежи едно кило хахаххах
Да ви кажам во издржливоста кај нас нема некоја разлика значи разлика е само лентава и сеа ќе испадне од следно полски да бараме па ние и користиме такви од 3-6 кг а за мочкањето инашиве пелени веќе тежат едно кило па само пуштам рака преку шпикозната и знам дали е полн памперсот
Лелеее мамички, моево муце само сака да јаде. Претходно јадеше на 2 часа, сега одвај издржува по 1 час. А веќе почнав да му давам да пробува и други работи-јаболко, морков, банана, тиква, некои сокчиња - ама по малку 2-3 лажички. На лекар велат дека добро напредува не треба да го дохранувам, а плус и си спие по цела вечер од 12 до 8 наутро не се буди за јадење, педијатарот вели значи е најаден. Ама па по цел ден јас се шетам разголена по дома оти само јаде, почнува да плаче и не се смирува се додека не го ставам на цице... Некој да не се наоѓа во слична ситуација?
Еве сме ние, денес малку кенкави дали е поради вакцината незнам, но преку ден не спиеше ни половина час, а и многу се лигави, не верувам дека ќе излегуваат запчиња, сеуште е рано, но веројатно се припремаат непцата. Инаку денес за прв пат ја оставивме со баба и дедо сама, 1ч , малку шетавме ние. За мене беше како 3ч да не нема дома, но издржав и не се јавив, а кога си дојдовме дома, дедо ја заспал и цуцката не се замара што мама не е до неа Ова посебно ме израдува зошто знам дека можам пак да ја оставам во секое време
Ние ја запишавме малата на бебешко пливање и многу сум среќна другата недела се почнува Заедно со други бебиња Се надевам дека и на бебица ке и се допадне , иначе многу сака да е во вода , уживка во вода
знам дека е многу рано но да си прашам за да си планирам од поискусните мамички бидејќи сме исклучиво на АД кое не секогаш ни е О.К некогаш многу има грчеви од него некогаш повраќа а некогаш е супер кога би почнале со дохрана би чекале до полни 6 или ?
Вака мамички сакам да прашам какви капки им давате на вашите деца за коските нам ни ги препорачаа Вигантол но прееска со една братуцетка во муабет паднавме таа кажа дека вигантолот бил многу оддамна забранет за употреба па дали имате слушнато нешто околу тоа позз
Искрено немам искуство со Вигантол јас им давам Д3 капки за коски бидејќи кога излегов од болница со првото ми адода лиаста што треба да купам за новороденчет и атму ми пишуваше Д3 капки за коски тебе кој ти ги препорача Вигантол ако е од доктор тогаш е ок, а ако не е тогас консултирај се со педијатар ама мислам дека подобри се Д3 какпките.
па доктор ми ги препорача на нив пишува вигантол д3 ама што знам па добро ги понесува нз утре одиме ан контрола за инфекцијата во носето и одвратните шлајмови па ке си прашам.