Знам дека не е препорачливо бебе да спие во транспортер, ама моево сега во скокот никако не сака да спие освен шетаајќи во транспортерот, изгледа како да му е доста удобно и жал ме е да го будам кога ќе заспие. Не дека спие со саати ама 2 саата на шетња знае да отпере, дали може да помине ова или да тражам чаре? Следна недела сме на ортопед па ќе потврди дали може да го седнуваме под 45 агол, и тогаш планирам да го сменам транспортерот и да преминам на количка.
Мајки што се биле на ексклузивно доење, како ги натеравте да пијат од шише? Ја џвака цуцлата, појма нема.
Епа добри сме тогаш, секако дека не седи повеќе од 2 саата, дремнува така денски по пола саат во него, барем една од дремките, таа утринската обично оти сакам и јас надвор да доручкувам и да пијам кафе, и вечерно време кога шетаме знае да се успие ама дефинитивно не е повеќе од два саата. Фала Бела.
Ме интересира и мене, со првото фати само со цевка шише ама беше 7-8 месеци, до тогаш тешко никако. Ќе пробам со авент пишето, нук нешѕо не знаѓ ни да го наместам.. ќе прашам покасно за тоа како зе место тука, а и само хо турка со јазичено
Никако иако има испиено може 10пати како новороденче млеко од шише сега пробав со вода не сака. Се гади и ја плука.. па му купив чашка со клунче што не капе и ќе ја џвакне малце и ќе му дојде вода и сега за сега така тераме од обична чаша не знае, а треба да пробам со купечкине шишенца со цуце, првото така само пиеше вода на 6-7м
Zdravo sakav da prasam dali nekoja koristela bebelan ad i kako ste zadovolni mie od pocetok go koristimo vake sega za sega super e
Ние мајки денес бевме на контрола и прими 3 вакцини, па сега ми е поспано ама нема тт. 3450 има, др вели супер и покрај тоа што има криза во доење оти се станува поинтетесно, скокот беше присутен, се турка со нозете, се тегне, маваа ауу знаете веќе вие што сте 3-4 месец колку овој период цицањето е предизвик. Крева ноџиња за да се сврти ама само на страна седи, напредуваме. Глава како кобра цела се подига со рачињата и најново луѓе од влера шета наназад бебево, се бутка со нозете крева газе и наназад оди, ич не памтам за тоа како беше Н. иако беше ептен живо бебе.
Втора рота, 6то валетна прва доза и пнеумокока, не знам дали е ист распоред како Мк, пошо знам дека Ммр тука се дава на 10 месеци прва доза и после роденден втора доза, шо кај вас не е така или грешам?
Бебево мое како расте се помалку сон врзува. Врзуваше по 6 часа, па 4,3 за веќе неколку ноќи да е цела ноќ на цице и да се буди во 5:00, претходно 6:30-7:00. Од мал кога заспива се буди најмалку 3 пати, како ноќе така и преку ден па треба да се презаспиваме. 4 скок го поминавме скоро и да не го осетив, се прашувам сега што му се случува. Вчерса пискаше во сон 2 часа по заспивање, ова се нема случено еве 5 месеци. Еве го денес едвај 2 пати по 45 минути спие, а спиеше по 1-2 часа. Дали е можно скокот сега да не фати? Според апликација за 12 дена влагаме во 5 ти скок? Дали може да е гладен и да не му е доволно моето млеко што волку немирен сон има? Пелени полни со мокрача но каките ни се намалија од 2 пати дневно на преку еден ден. Денес сме на контрола, вака ми изгледа како да е пораснат ама што знам. Стварно е мачно без сон, едвај функционирам, немам ни минута за себе и кога спие цицето мора да му е во уста
Три ипол месеци сме од вчера почна многу течно пет пати какаше вчера и еве денес од сабајле до сега три пати не знам дали е пролив и давам пробиотик, се јавив на педијатар вели пробајте со пробиотик па ке видиме
Девојки сакав да ве прашам дали се соочил некој со ова Бебе кога имаше 1пол 2 месеци си гугаше пушташе звуци ,,агу..ооо’’ но сега е 3 ипол месеци и не гуга ко предходно некогаш ќе му текни ооо ќе си каже некој збор. Повеќе е фокусиран за положба на стомак и се нерверира пробува да се помести. Па сакав да прашам дека прочитав од недостаток на зборување можело бебето фа прегуга мада ние уста немаме затворено дури некој будсли ќе не направи … Ве молам за совет
Гугањето го смета за усовршена вештина и преминува на вежбање на нешто ново. После пак ќе почне да "дрдори" и поинаку ќе звучи од првичното гугање