И кај мојот така беше. Гугаше, па прекина. Па после почна аааа еееее ииииии колку што го држи гласот да се дере. Па пауза да одмориме уши. Па имаше на репертоар некои звуци од џунглата, па после следеше да-да, ма-ма, та-та, ба-ба и слично, па прекина да кажува. Сега е зафатен со качување кај ќе стигне, нема време за зборење
Нека се живи и здрави тоа е најважно секако А ние мајкиве кога ќе видиш и тоа ни е работа од кога ќе забремениш почнува мислата кон детето па се докрај … Не сме лабави како мажите
Мајки, премногу ја болат нозете од вакцината, не дава да се погали, одма се штрека и плаче, едвај и сменав памперс и некако ја наместив за цицЊе, ваков плач немам доживеано до зајдување. Шо да и стам? Како да и помогнам? А претне со ноџето вриштииии цел град на нозе мислиш го крева
Пробав и со авент и со томи типи антиколик и со медела пробав тоа што наводно е за доени бебиња. Ништо ништо, си џвака само. Така е и со цуцлите. А сакам полека да го учам на шишенце, бар за вода да пивнува, да се навикнува на друг вкус освен млеко. И капките ми ги плука со гадлива фаца. Ќе си имам мака ми се гледа мене.. Ќе пие вода со лажичка така ми се чини... И моето на почеток добри две недели беше со АД, т.е. комбинирано. И немаше проблем од шише, ама ете заборавило, се гади од гумата. Каква е таа чашкичка аки можеш слика да прикачиш да побарам. Мало е моево, 4 месеци е.
Ништо не ставам овде ништо не даваат ни па кажуваат. Ни па имам аптека отворена... само працетамол имам дома за бебе
Ист беше мојов за првата, страв во коски ми наби за втората ама ок минавме. Ациди борици советуваат кај нас, убаво натопен памук и да се ложи местото. Ако сте ја примиле денес, не се секирај само денес ќе трае плачката. Може и местото како здрвено си го осеќа, па ја буни чувството.
Ако најдеш тоа да ставиш. Кај нас така препорачуваат. Облога со газа (памукот впива и брзо се суши)намокрена со ациди борици да стои на боцнатото.
@Sofi.ja фала ви женски, не знам дали смее некој ладни облоги да и ставам? Шо не поминиш со првото, со второто ќе поминиш или обратно. Ни една реакција или болка немаше Н. , жива се изедов сега шо од после ми текна дека јас во бременост ја примив вакцинава и рамото ме изгоре од болка 2 дена, а не па неа шо е ептен малечко.
Јас и овие ги ставав, ако успееш да дојдеш до нешто слично. https://24apteka.mk/product/antipirea-medi-lepenki/ За ладно зошто да не, памукчиња натопени во вода, може малце поладна, мислам нема да е проблем. И јас се тогаш присетив дека уствари мене ковид вакцините бааги ме болеа, еве и скоро имав незгода па морав тетанус да примам. Не ја рачунаат за болна, ама јас си офкав. Утре ќе е подобра, скроз ист беше мојот. Едит: само биди многу нежна ако одлучиш да и ставаш нешто на убодите. Без притисок.
Тотално исто е и кај нас, моето бебе е 4 месеци. Како што ти кажа @Mandela ќе почне кај и да е со нови звуци. Ние моментално имаме маче дома.
Јас ставав памукче натопено со вода и малце во фрижидер изладено и секако дадов парацетемол оти ми рече докторката подобро да дадам за од болка. Пробај така, само без притисок и прво малце по малце го ставај памукчето па на крај цело, оти јас така наеднаш го акнав првиот пат па уште толку плачи од ладното.
Епа не е исто значи, пошо как нас прва е сега на 3 месеци, па втора на 5. А ммр не знам оти толку рано ја даваат. Ако е на 10 месеци ја даваат втора доза после 3 месеци, ако е после 1 роденден е на 4 недели разлика ревакцина
Мене ме буни тоа шо не смеат да се бањаат, за шо викаат така, нешто во врска со реакција на температура или зарад боцнатото? Оти ако е зарад боцнато тогаш вода на памукче би ми било шубе. Еве не прета ич со нозе, ако претне се штрека скроз и вриштит на цел глас, па укапирала да не ги користи. Ме фаќа страв вака искрено кај шо гледам како лежи како препарирано
Толку беше од моето уживање во доење и доење кога сака колку сака. Пак се покажа како неефикасно кај бебе. За 3 недели само 100 грама, затоа и виси на цице последниве денови. Ме искара докторот, бебе пиело само вода штом цицало толку често, задно млеко( мрсното) не се ствара. Низ нос ми искочи цицањево стварно, напредува, па не напредува, па гледај на саат аман.. Најлесно ми беше да го смирам на града на секое негово плачење навечер и тука сум згрешила рече докторот и ми наби грижа на совест и неубаво чувство. Сега веќе нема нудење град на секој плач, за една недела ќе научел. Една недела треба да го смирувам на друг начин, што значи плачење, пискање, неспиење. Како ли ќе издржам да го гледам така? Многу нема да се согласите со овој метод знам но детево не напредува, немам друг избор. Дадов прееска шише, имам замрзнато мое млеко, не бре нејќе и нејќе да прифати никако. Спремна сум и АД да дадам бар 2 оброка ама како?? Чашка ли да земам со клунче гледам има од 5+.. Долго пишав ама морав да се истурам негде, мака ми е.. ако имате било каков совет за полесно да го поминеме периодов кажувајте..
И моето за еден месец има качено само 170гр, ама издолжен е, весел и не плаче. Често цица преку ден, ама навечер почна да сврзува и по 6-7-8 саати. Докторката не беше загрижена денес, рече дека си е супер и да си продолжиме со доење. Знаци на глад нема, полни пелени, расположен е.. а тоа што само 170 гр има ставено и мене не ми е нешто многу по ќееф. Ама си викам чим докторката вика во ред е, треба да и верувам..
На бејби нова е оваа, од еурофарм ја земав... Исто тука читав и за magic cup на нук дека ја фалат па и со таа јас ќе пробам
И он е весел преку ден, пее, игра, се врти, до пред некој ден спиеше по 2 саати. Цица на 1.5 саат. Последни денови се смени. Навечер е проблемот кај нас. Во должина е пораснат 2 см за овие 3 недели. Го дојам моментално, спиеше 1 саат и почна да плаче, па бидејќи не му дадов, збесна. Не издржав Не знам што ќе правам.