Нала, извини, може си пишувала претходно ама не сум во тек, ми бегало. Докторот те советувал да скратиш подои? Односно да му даваш на поголемо растојание, така? За да има времето телото да произведе 'помрсно' млеко? Ако е така јас првпат слушам за ова. Колкаво ти е бебенцето?
antipirea лепенки ставај на местото на убодот ладни,веднаш после валцина му дадов Еферлаган сируп ние вчера примивмее таков плачко е овие два дена што ме потсеќа на дадата пред 3 години
Ааа неее… ова за вода.. јас за вода мислев збори @DaisyDoo Да не се разбереме погрешно Ај и да те утешам додека сум тука. Истиот совет и јас го имав за доењето на мин 2ч и 15мин една 15мин друга… истата грешка ја имав и со второто и сега со ова на почетокот.. не знам колкави сте ама ќе пробуваш на секој можен начин да го занимаваш и да му одвлекуваш внимание на секое плачење и за брзо ќе се научите.. моето беше многу малечко за занимации ама во раце, шетање, спиење брзо ќе поминеа 2 саати
Немам искуство со доење, од старт молзено давам и може нема да е од помош советов, ама единствено што ми текнува е да пробаш да ја измолзиш водата 6,7 мин пред подој, па да му дадеш да цица, за да му дојде одма масното. А за шише некако додека спие да пробаш дали ќе фати.
Да и кога вмимавав и давав така напредуваше добро. После се опуштив, температурите беа 50 степени и ми беше жал ај викав жеден е па давав на секое без ред. Навечер ми беше полесно само да му дадам града и да продолжам да спијам без да чекам и исфорсирам да ми ги испразни градите. Ти благодарам што сподели, значи не сум единствена. За преку ден баш размислив дека полесно ќе биде. Ноќите ќе ми бидат проблем. Иначе 5 месеци наполни. И не цица по 15 мин веќе, вкупно толку ни траат подоите од двете гради и после се комира и моја претпоставка е дека не е најаден добро па се буди цицнува малку, па заспива па пак се буди цицнува и така де вртиме во круг. Тоа е тоа што треба да го сменам Ова ми звучи добро, не ми текна. Може, баш ќе пробам утре да видам како ќе биде. Ти благодарам многу. Шише му бутнав пред малку кога го доев со измолзено млеко, одма ококори очи и правеше фаци како да се гади.
Со мажот ми го правевме истиот муабет денес дека помалку зборува од предходно,мислам дека е до совладувањето на други вештини.
И јас ќе се надоврзам. Моево новороденче цицаше речиси на секој час. За 1м напредна 1100г. Значи си цицал и помрсно млеко иако цицал на пократок период. Инаку веќе околу 4-5 недели почна да цица по 10мин. Кај мене сеуште една града на подој,ретко кога давам и друга,зависи од него ако побара.
Луѓе како сакате сватете ама многу е глупо според мене да ви каже доктор дека ја цица водата затоа што цица на помал размак. Со двете сум со доење на захтев и никако на 2-3 часа, па напредуваат по кг првите два месеци. Ни едно немам доено на подој поќе од 5 минути, ма и тоа е долго. Нити едната града исцица ја, па после другата, давам одеднаш на подок и двете,па напредувале. Доењето не е хранење само за тоа мало човече, доените деца повеќе бараат утеха преку доењето доколку им е потребна и некој вид на мазење. Приметите само како при скок или растење запчиња они не цицаат цело време со баш она влечење ама сепак бараат да се на града. Не го сваќам советот на докторот- грешка што си давала на вечер да цица при секој плач.. ами шо треба? Во ред не напредува добро, воведи дохрана ама немој да убедуваш дека некој грешел шо давал почесто да цица оти така не се хранело доволно. Се храни! И на 15 мин да даваш да цица ќе има млеко, нема да секне! Природата направила така да колку повеќе цица-толку повеќе млеко ќе се произведува, и не постои нехранливо млеко. Нормално дека не секоја успеала во доење и тоа не е никакво проблем и никоја не треба да се осеќа лошо поради тоа, најбитно од се е задоволено и среќно бебе. Ама @Nala37 мила не си ти воопшто крива шо си му давала често да цица и то не е твоја грешка, давај му да цица кога оно сака, не ти кога сакаш, него си му потреба ти во секоја смисла, доколку е потреба дохрана нахрани бебе, остатокот не му го крати уживањето во цицањето, се дур имаш млеко (колку-толку) и тоа тебе не то преставува проблем. Не знам како ти е исхраната ама подобри ја со јогурт многу, ориз обавезно, бистар сок од јаболко, чаеви. За брзо ќе почнете и со цврста храна и ќе си биде се во ред, природно е и да се кратат подои ако бебето сака кога че почне со јадење. Немој само да се кривиш себе си. Тоа е мое мислење и мое искуство.
Мајка јас ќе ти кажам што да правиш, а тоа е да не го слушаш докторот. Колку бара да цица толку ќе му даваш, во скок е детето и нормално дека ќе бара почесто да цица, моево исто правеше како што опиша ти предходно, значи уште исто прави оти е во скок. И моето не качуваше ама докторите во Лондон ми рекоа дека штом не дава знаци на глад, весел е преку ден, си кака и моча значи се е во ред и да не се сеќирам. Твоето или е во задоцнет 4ти скок или подранет 5ти. И саат, саат ипол според мене е нормално бебе на доење да јаде, моево пример заспива на доење и после бара пак и мене не ми е проблем да му дадам. Нели цело време збориме потреба и побарувачка е млекото, значи бебето има потреба да цица толку често и сигурно имаш млеко толку често. Ако ти е ептен на мисла давај му АД пред спиење пример, ако е гладен ќе прифати сигурно со малце борби. А инаку тоа што го опиша го прави и моето, ама во скок е и јас не се замрам многу дека е гладен, само се нервирам малце дека не спие , ама ете и тоа полека се средува деновиве. @Bubish26 мене пак не ми рекоа ништо за капење, баш за ладните облоги они ме советуваа, може капењето е ради температура и оти е топла водата, ама се сеќавам дека ми рече ако има потреба може млак туш. Дај му парацетемол ќе му ја намали болката. @Lavender13 тебе те мислам што направивте?
А да прашаш за второ мислење? Имаше една на инста јас неа ја прашував (оставаше прозорчиња) ако знае некоја членка да каже како се викаше (А еве секое дете е различно, моето на 1,5час цицаше по 5 минути) Некогаш, качуваше килажа некогаш не... Тоа за млекото или го имаш или немаш. Пробај мери го пред подој и по подој дали цица ( ако имаш дигитална вага качувај се со него
Ќе најдеш начин, нема да остане гладен. Кое е објаснувсњето позади изјавата на докторот дека кога цицаат често не се ствара мрсно млеко? Чим е 5+ ќе почнете и со вкусови кај и да е и ќе се стабилизира.
Да прашам дали може waya пробиотикот да се даде два пати во еден ден. Утре ке ја водиме на педијатар, два дена сме со пролив жал ми е таман ке заспие се мачи се буди да кака инаку три ипол месеци сме
Луѓе што ме снајде, ми се воспали Бартилуевата жлезда и се формира циста, пред 10тина год го имав истиот проблем и морав да пијам антибиотик ради гнојта во неа. Сега натаму оди пак, пробав се што знаев за лечење од предходно ама не помага ништо, ненормално ме боли, па и хемороиди воспалени 100ка не можам да седнам, не можам да одам, не пак да се грижам за бебе, ќе полудам. Кетонал смеам да пијам за болка? Антибиотик некој пиел додека доел?
Јас имав гнојна ангина и пиев антибиотик дур доев. На е лактанциа страната можеш да провериш што е дозволено што не. Кетонал смееш.
Мене еднаш во годината ми се воспалува, ми помагало ладни облоги ( шише смрзнато и преку пижами да не биде директно на кожа и измеѓу нозе држи околу 10тина минути ) Знам дека некои антибиотици се дозволени, ама кој е наменет баш за таа проблематика ќе мора доктор. Мене ми помагаа и серапептасе апчињата.
Провери на страната оти тука 90% од матичните ќе ти кажат никако антибиотик или било што друго оти ги мрзи да отворат да прочитаат најнови истражувања. Мислат последното е во 2015та напраено. Не ми е збор да пиеш на своја рака, ама консултирај некој посовремен, ако може така да се изразам. Според мојава Парацетамол само во најлош случај да сум пиела.
Јас пиев антибиотик цефалексин. За хемороиди смееш Procto synalar крем. Ако имаш тврда столица смее и Фиброгел.
Јас пиев антибиотици нели, бев ептен болна. Ќе напомениш само дека доиш и ќе ти препишат кој смееш.за хемороиди има еден дтаропланински мелем мислам се викаше, помага.
Објаснувањето на докторот е дека доколку даваш на помали интервали да цица му го даваш она “водестото” млеко. Не им дозволуваш на градите да се наполнат убаво и пошо млекото е 95% вода а на почетокот било “мрсното” млеко затоа бебе не напредува зошто цица само вода.. како што напишав и погоре и со второто бев во тој круг и со ова на почетокот.. слабо напредуваше се додека не почнав да да го дојам на 2ч и бебе за една недела напредна и над просекот и јас давав кога сака колку сака ама кај мене тоа се покажа со застој на килажа Јас пре би давала да цица на 2ч отколку да воведам АД кога веќе имам млеко
@1209 За хемороиди изрендај компир и стави на местото, па памукче над компирот. Така на неколку пати во денот и ќе се смират.