Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.705
    Допаѓања:
    21.381
    Пол:
    Женски
    Луѓе мене ми го поматија умот сабајлево. Пред да го вакцинираат го прегледа педијатар и ми вика нешто многу слабичко ова, колку кила е? А он е долг,воопшто не е слаб си има и свивки и гушичка. Не знам што очекуваше она. Викам вчера мерен 5850гр. Ауу па малку е тоа ми вика. Колку има качено за еден месец? Викам 170 грама, ауууу многу малку. Викам па не знам мојата матична не е загрижена. Полни пелени, весел е, сврзува и по 7-8 саати навечер, не плаче. Вика аа не мора да значи дека ќе плаче. Каките какви се жолти ли, викам да. Не знам ама малку е ова. Па викам нели треба да дуплира до 6 месеци, он е на добар пат. Па да вика не очекуваме ние да качува по кило, ама 200 гр на месец е малку. Сто пати ми повтори, ми ѕвони во уши.

    Ми ги фаќаше градите, имаш млеко вика. Се нервира ли дур цица, викам не. Ги нудиш ли двете гради? Викам да нормално ако видам дека е гладен. Кога ќе заврши со двете следно доење да сум дала од последно цицаната за да ја доцица и да го испие масното млеко. Па ај ќе си видиш како како ќе биде. Се изназборе и после па ај ќе си видиш бе. Не сум тип на човек што е неук на темата, ама вака кога ќе ти кажат не може да не ти брцнат во мозок.
     
    На Viveki, Zumbulche, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Не се грижи туку побарај си и друго мислење. Мислам дека @AngelOfArh имаше искуство со бебе што не плаче од глад, а јас исто имам читано дека е можно наместо да плаче со спиење да ја штеди енергијата.
    Не знам колкаво ти е бебето ама обично кога ќе станат многу активни на под и кога пролазуваат намалуваат со качување на килажа заради тоа што се многу активни.

    Едит: https://www.cloudninecare.com/blog/babys-weight-gain
    Еве и едно линкче како генерален водич колку треба да качува според возраст макар што и тоа не е правило затоа што многу зависи од бебе до бебе.
     
    Последна измена: 11 август 2023
    На Cosmic Girl, Viveki, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.705
    Допаѓања:
    21.381
    Пол:
    Женски
    4 месеци полни денес. Живо бебе е, веќе неколку дена не можеш да го додржиш легнат на грб, борба е за да се сврти на меше, ама далеку сме од лазење. Свесна сум дека 170 гр се малку како бројка. Ама матичната не беше ама баш ич загрижена.. Го прегледа детално и кажа дека е супер. Јас очекував да има барем 6кг веќе, ама не. Не ми е јасно каде грешам, ако грешам..
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Го едитирав горе постот со едно линкче.

    Ама види, не мора да значи дека грешиш, може едноставно такво си е детето, живо, пргаво. Јаде и троши. Велиш дека си е весело. Јас мислам дека немаш простор за грижа ама од друга страна знам како е кога некој ќе ти даде таков коментар и знам дека само тоа ти е во глава. Ако сакаш да си се смириш однеси си го негде на приватно, за да си го купиш мирот.
     
    На 1209, Bella_Stella и Panovic им се допаѓа ова.
  5. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.421
    Допаѓања:
    18.661
    Мајки како чистите носе и со кој физиолошки? Дали синомарин или корин де фарм?
    Дали вртите бебе на страна и одеднаш целите капки во едната ноздра,или неколку капки во една,неколку капки во друга па вртите бебе на меше да истече?
    Гледав некои видеа,не ми е баш јасно, немам искуство со чистење на мало бебе.
     
  6. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Јас спреј со физиолошки имав од Бекутан. Много ми е полесно со спрејче отколку да капам капки кај мало бебе.
    Јас еднаш имам чистено ко беше 3 недели и беше настинат. Прскав спрејче и влечев со Носко. После тоа, фала му на Бога, сме немале потреба за чистење носе.
     
  7. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.421
    Допаѓања:
    18.661
    Не мислев на капки, туку на овие моно дози
    Screenshot_20230811_100721_Chrome.jpg
     
  8. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    @Sofi.ja @Bubish26 @1209 @Malesia @Bella_Stella @NNK19 и други ако имаше со мислење..
    Прво ви благодарам на сите за мислењата и споделените искуства.
    Матичен ни е Виктор, првиот пат кога имав ваков проблем со негово совети го решив. Имам доверба во него.
    Не ми е во план да го оставам да плаче но не можам и на секое да нудам града. Факт е дека се научи да ме користи како лажливка. Не цица на секое, ќе повлече 1-2 пати и заспива. Јас сум крива така го оставав на цице да спие за да можам и јас да поспијам малку.
    Денски е полесно да го држам 2 часа без цице е сега нема да спие толку зошто презаспиваше со цице ама со време верувам и тоа ќе се среди.
    Вечер ни помина добро, врза 3.5 часа сон, па следно беше 2.5. Чекав убаво да исцица, го будев и мрдав за да не ми заспива како што знае. А кога веќе врза толку и сам повеќе цицаше, огладнел убаво.
    @1209 мила не прифаќа шише никако ни со мое млеко, со Ад па ич нема да сака иначе радо би му дала сега.
    @Bella_Stella јас почнав со вкусови веќе денес. По 2 лажички колку да видам дали ќе пројави алергија за веќе на 6м да имаме еден оброк. Иначе со иста килажа ни се родени бебињата и исто ни напреднуваат. И бебе на 4м имаше толку 10/20 гр +,-. Сега на 5 плус 100 грама само, што значи нема ни 6 кг. Ома бутчиња и он, пбравчиња исто, меснат е ама ако продолжи вака ќе се истенчи скроз бидејќи во должина нема застој. 48 см се роди сега е 65см.
    Вака ќе пробам еден месец па ќе видиме дали пак ќе има подобрување како првиот пат.

    Уште ова. Напилни пелена сабајле до врат. Претподтавувам тоа е резултат на цицањето на "масното млеко", бидејќи со "воденото" само мочкаше.. може грешам не знам но така некако ми се поклопија коцките.
     
    На Bella_Stella, 1209 и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  9. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.203
    Допаѓања:
    26.179
    Пол:
    Женски
    Мене ми
    Мене ми е страв цело искрено, докторот знам ја вртеше на страна шприцаше цело на еднаш па ја вртеше на меше во секунд, јас не се нафаќам, па капка по капка ставав :rofl: ама и помагаше и така, ќе ќувнеше и дек ќе излезеше, дел со тиа за влечење. А спреј синомарин од кога смее? Зш на големава само тоа и редам и е најпрактично, а помага синомаринот.
     
    На Cosmic Girl и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.020
    Допаѓања:
    110.661
    Пол:
    Женски
    Откако почнав да чистам нос со обичен физиолошки раствор за инфузија се препородив. А почнав кога бебе имаше некои 40 дена мислам. И на двајцата додуша чистам така. Имам шишенце физиолошки, полнам шприц со игла кој цело време стои на шишенцето, шприцам на малото по 0.3 и за минутка сами искачаат, ако не излезат ги вадам со тоа за смукање. На големиот ставам по 0,5 па и повеќе.

    Реално премалку е 170гр, ама па ако доктор што го следи и кому му веруваш пред се, не се загрижи, нема што да се грижиш. Моето за месеципол имаше качено само 400гр и се загрижи докторката и рече да воведеме и вечера и месо и млечни. Јас би прашала совет од уште еден доктор, ама не на вакцини, тие ми се дискутабилни искрено.
     
    На Iris-1234 и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  11. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.203
    Допаѓања:
    26.179
    Пол:
    Женски
    Мами, реално првите два месеци креваат највеќе од 800-1кг , од 300-400г после 3 месец е као нормално да напредуваат ама имаат и период на стагнирање. Во просек според нив треба неделно да е 120-140г. Но најважно е да не паѓа во кг, да не беше нешто настинато?
    За 4ти месец не знам баш ама Н стагнираше од 7ми месец до година и не начекекав да се тродуплира килажата. Родена 3.620 беше, 8кг на годината. Весела беше, јест да сакаше само да цица и не беше љубител на храна (нити сега е) ама не покажуваше значи на глад, како сега твоето шо велиш. Шо е за право она и сега не напредува во кг.
    Јас би отишла на уште едно мислење.
    Тогаш бев јас на 4 мислења, умот шашма ми го направија ама 2 се доволни хах не останувај само на матичната, тука нудат цврста храна од 4 полни месеци ако не напредува добро, не чекаат 6, не знам таму како е, и се почнува со безглутенски житарки за да држи ситост и да напредува,за житарки знам дека Марина се сложува, другите доктори се за со зеленчук колку шо разбрав.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.421
    Допаѓања:
    18.661
    Од спрејот големото (скоро 4год) уште бега:D
    Го пробав и јас кога бев бремена,навистина силен притисок има. Не би дала на бебе.

    А за житарки муабетот, јас кога почнав дохрана со првото на 5+ беше пробување вкусови овошје
    Од 6 веќе почнав за појадок да му мешам овошје со безглутенски житарки, семолина(гриз од ориз) на хип, пченка од хип,потоа воведов и палента,просо. Па таму некаде од 7-8 и овес.
     
    На Bubish26 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.705
    Допаѓања:
    21.381
    Пол:
    Женски
    Фала девојки на мислењата. Не бил настинат, здрав е цело време откако е роден. Ќе следам периодов како напредува, па ќе видиме ако треба ќе се превземат мерки.

    Сега друга мака имам. Сабајле се разбудив со преполнета лева града и ме болеше на едно место околу пазуви. Се преполнувале и друг пат ама болка сум немала. Се намали откако ја исцица, сега е само на допир како нетипично чувството, не можам да го наречам болка. Ама откако се вративме од вакцина легнав да поспијам како и секогаш на пижами на куси и покриена со чаршав. Почна да ме тресе, мислев ладно ми е, се облеков на долги ама пак ме тресе, се будев од треска. Што да превземам?
     
  14. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.203
    Допаѓања:
    26.179
    Пол:
    Женски
    Пред подој топли облоги да се одпуштат каналите, после подој ладни облоги 20тина минути да држиш, после ладени облоги не стимулирај млеко (доење или пумпа). Напиј се парацетамол ако кренеш температура. Мене така ми кажаа и ми се смирија. Некој мислам со зелка лечат болни гради.
     
    На Cosmic Girl и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  15. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.705
    Допаѓања:
    21.381
    Пол:
    Женски
    Фала ти ќе пробам вака.
     
  16. ScorpioGirl94

    ScorpioGirl94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2020
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    36
    Феминки ве молам за помош. Бебчо е стар 15 дена и денес приметив мали точки по лицето околу очите. Се вцрвуваат кога плаче или стане од спи, а после некое време избледеат но сепак се познаваат. На педијатар сме во понеделник, но ми треба и ваш совет и помош што се овие точки и како да ги третирам

    20230811_140918.jpg 20230811_141117.jpg
     
  17. smeshkaa

    smeshkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2015
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    Мене ми личат на бебешки акни, колку што ми објасни педијатарот се чисти бебето од хормоните на мајката. Не ги чепкај, не мачкај ништо сами од себе ќе се повлечат.
     
    На firequeenn, ScorpioGirl94, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    1.810
    Пол:
    Женски
    Бебешки акни,не ги третирај,ќе поминат сами
     
    На ScorpioGirl94 и 1209 им се допаѓа ова.
  19. ScorpioGirl94

    ScorpioGirl94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2020
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    36
    Фала ви многу, а за колку време се поблекуваат?
     
  20. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.203
    Допаѓања:
    26.179
    Пол:
    Женски
    Месец-два, може да има се повеќе и повеќе да не се уплашиш. Мојата беше страшно
     
    На ScorpioGirl94 и 1209 им се допаѓа ова.