Моево има уште две недели од скокот, ама сеуште не се врти, само на страна и така сака да спие. Денските дремки му се мирни, вака само навечер прави, едвај чекам да мине скокот, жива ненаспана сум.
@Thinkerbell. Таков ви е скокот мајки, а и учат нови вештини, повеќе тренинг преку ден, иако пак во сон ќе вежба ама наводно помалку доколку преку ден ги вежба повеќе новите вештини. Пред да почнат со лазење, ќе ви мрдаат со газот во сон ќе ги затекнете кај што се веќе на колена за да вежбаат..
И јас да се пофалам ме мрдна малава веќе една недела, не спие кенка, одвај ја заспивам со дерење, ќе заспие ако ја оставам одма се буди, стави ја на игралната писка, извади ја со количка писка, се лигави многу, за 6 дена ќе биде 4ри месеци, а во вторник одиме на одмор во Маврово, се надевам дека бар таму ќе спие, вака не се трпи, скроз ме мрдна скроз се смени бебево, од мирно бебе сега имам ѕверка по дома, ни ред има за спиење ништо
И мојава е така,навечер си спиеше во креветче и немавме проблем,сега додека ја ставам одвај и по некое време се буди плаче,само на цицка или во раце да спие. Еве сега спие во дворче во количка и ќенка,прета.Инаку за 10 ден 5 месеци ќе прави. Сега учи да станува под агол од 45 степени ако ја ставам се исправа, ама не е сеуште стабилна нормално.
Ај и јас да се 'пожалам'. Бебе има точно пет месеци и од завчера почна да не спие убаво, односно бидејќи го совлада ролањето сега и во сон се превртува, па почнува да вика и по малку да плаче, зошто не може да се врати на грб. Ќе станам да ја наместам, она во истата секунда се превртува пак и така цела ноќ, око не склопив. Мислев дека скок во развој треба да очекувам во 6тиот месец, но ете. Односно не ни знам дали ова е скок. Да бидам искрена, не читам премногу. Си кажува она самата што и како. И тоа, решив да споделам бидејќи моментално спие, па имам време да го земам телефонот малку.
Здраво девојки, каков тип на заштита ставате за дрвените креветчиња? Плетенки, некаков друг тип на оградица? Ве молам и совет од каде да се купи за пристапна цена. Фала ви
Кога се многу малечки и не мрдаат не ти треба ништо, освен ако ти е за естетика. Јас имам ограда од Ело, ама ја ставив само на почеток од мерак и когс се стопли ја извадив за да си циркулира воздух низ решетките. Препораките од СЗО се да не се става ништо.
Мојата истото го прави и толку сум очајна во тие моменти. Плаче за спиење, а во исто време и рика зошто е на меше и не може назад. Демек и покажувам, ја вртам, ама додека сама не го совлада џабе ми е. Се надевам дека ќе пројде за брзо. Ние сме пред 5ти скок, за некој ден 6 месеци.
Дали може да ме советувате веќе не знаеме што да правиме со дијареа сме 5 дена три лекари три различни мислења.. даваме пробиотик два пати на ден и пиеме антирефлукс од други причини. Сега ни велат да смениме аптамил АДЦ да земеме, а па фруг лекар вели ентерофурил ве молам за совет
А да испитаат од што е дијареата? Може дете има некој стомачен вирус или нешти проблем друг, очигледно не е од храна ако досега цело време било на истата, и докториве чувај боже. Колку дијареа има, колкаво е? Колку пелени полни и која боја се?
Три ипол месеци сме пелените се жолти ама на секое пиење млеко и давам почнува да пие, потоа ке се искака и пак ке продолжи со млекото. Е сега пред тоа пиевме комбинирано со мајчино млеко ама веќе недела две немам млеко и само вештачко пие. Од среда е вака веќе пет дена по 7 пелени на ден, е сега денес е малку подобро до сега три пати само се искака ама пак е телно и жолто
Види течно и кај моето е, ама да многу е 7 пати, моето кака еднаш до два пати или еднаш на 2 дена, 4м е ама и на 3 исто беше. Немој да е интолерантно на лактоза, да земеш од оние капките што ја неутрализираат лактозата, оние џа грчеви што се, колипреф или инфакол не сум сигурна кои беа. Или пробај со друго млеко може стварно не ми поднаса во толкава количина штом сега е само на ад. А како го спремаш, немој многу време да го чуваш спремано? Ја вриеш водата, може и до водата да е.
Ние имавме таков проблем, буквално какаше додека го пиеше секое шише млеко , дури 7-10 пати на ден и докториве ни викаа нормално е, не треба да се испитува, ама дефинитивно не беше. Бебе тој период не напредна ич, на своја рака му сменив млеко па се стабилизира и столицата за неколку дена. Дали го меревте деновиве? Дали е плачливо и нервозно или не? Ако плаче многу може да не му одговара формулата и да е од глад, кај нас така беше. Би те советувала да смениш формула, ама и ќе треба да почекаш недела две да видиш како ќе ја прифати.
девојки, тие што сте се породиле во систина ( по можност со царски) , како бевте задоволни од after care грижата и помошта за доење? дали детето после операција е долго одвоено од вас, кога го гледате прв пат дали ви помагаат за доење, ви објаснуваат? фала ви
Жени, дали ви се случиле бебињата да не мочаат цела ноќ? Моето кога е успиено многу не моча, цела ноќ се случува да не е мочан и потоа сабајле да наполни неколку пелени една по друга. Денски моча нормално.
Пред да го смениш млекото, мислам дека треба да пробаш со капки кои ќе ја неутрализираат лактозата во млекото. Доколку има зачестена дијареа, можно е да интолерантно на лактоза, можете и да испитате. На моето му давам капки Colactaze, истите ги има во Еурофарм и се 380ден. Тие ни помогнаа. Млекото, ако е неопходно смени го на крај.
Да, кај моето во особено жешкиот период кога беше скоро и сува му беше преку ноќ. А преку ден најнормално си полни. Они преку телото ја исфрлаат вишокот течност. Провери кај петите и по телото да видиш дали е мокар, не се секирај не е страшно (исконсултирав и педијатар, бидејќи испаничив).
Да приметувам деновиве дека е испотен де на глава, де на нозе, предходно не се потеше многу, моево дека е со проблем со десен бубрег, секоја промена со мокрача ми е загрижувачка. И јас прашував педијатар и таа ми вика нормално е, ама ете синоќа во 10 сменив пелена сабајле до 8 немаше мочано, само штом одлепив пелена направи фонтана.