Фала ви мајки ќе ве послушам На нас хранилката не ни се навалува, така да почнуваме ние во седиште за в кола да јадеме од следна недела
Зборот форсирам звучи грубо, но иако не сме свесни тоа вежбање е форсирање, не мислев да те навредам мама. Многу ретко кое бебе седи самостојно на 6м, а многу бебиња почнуваат со вкусови на 4 ипол м. Не дискутирам дали е правилно или не. Бебево мое сега наполни 5м, не напредува убаво па почнав да му давам по една лажичка да пробува. И тој не седи. Нема да се дави, не се плаши, полека по мали количини ќе даваш и по течно на почеток. Со лесно
Синчето ми е 3,5 месеци.Супер напредува со тежина, се смее, следи со поглед, ама многу ме загрижува тоа што сеуште не ја држи главата како што треба.Со првото дете немавме таков проблем, многу рано почна да ја држи главата исправена.Знам дека не треба да се прават споредби, ама што да правамОртопедот вика се е во ред.Не го ставам многу на меше зашто се нервира и почнува да вришти.Дали имате такво искуство, до кога најкасно треба да си ја држат главата исправена?
Епа ставај го почесто на меше. Така си вежбаат мускулатура и побрзо ќе може да си ја држи исправена. Играј го,тропкај му од напред,некоја интересна играчка да ја следи.
Не мајка, нема гајле, воопшто не се осетив навредена, јас прашав, вие сите ми кажавте, јас ќе ве послушам Фала ти уште еднаш, се надевам мали ќе сака да си папа
Се надевам мама. Ние почнавме со тиква, беше многу возбуден првите 2 лажички после затвори уста за жива глава не отвори . Затоа следно компир со сласт си лапна 3 дена, жива среќна сум има надеж викам .
Мајки од кога почнуваат да си ги смукаат рацете? Бебе денес прави два месеци, од пред 10тина дена ги смука рацете особено на меше кога е. На почеток мислев дека е гладен и нудев цице ама почна и одма после цицање да ги пика и многу е често, ваљда не е гладен цело време. Убаво си цица и напредува до сега.. @1209 За мочкањето и мене ми се деси сега во саботата и баш се исплашив и мислев да го носам на итна ама одма по станување го наполни памперсот и баш весел си беше и баталив. После пишавте сите и ми олекна.
Од прилика околу втор скок. Слатки им се за јадење, затоа ги смукаат. И јас би и' го јадела рачето Се шалам. Педијатарот нешто спомна дека тогаш почнува процесот на забите и затоа си ги чешкаат непцата. Не дека ќе излезат на 2 месеци, туку рече дека почнал процесот.
Ве читам сите со врсниците и се тешам дека е до скокот и кај нас. Малку така милион работи се изнаслучуваа периодов, не знаев на што да препишам. Како и да е, откако го помина громчето фала богу почна да има разбирачка, инаку деновите беа пренапорни со ужас дремки, кратко цицање, а вечерите па уште похаотични и без никаков ред. Тие неколку дена едвај око склопив од цела ноќ дежурање. Сега веќе е поарна ама си има уште моменти. Во однос на новитетите што ги донесе четврти скок, почна мнооогу гласно да комуницира. И претходно си муабетевме, ама ова новово уши пара. Да е жива и здрава птица тропска на мајка, ама некогаш не се дослушува колку вика Најново, прееска додека ја набљудував во креветче си играше, преташе и одеднаш сама се сврте на стомак. Додека се чудев и радував дека научила нешто ново, зема се сврте назад од стомак на грб. Нели не ги совладуваат овие две вештини одеднаш? Случајност беше или можно е да ги научила и двете?
Здраво, мојот бебуш вчера наполни една недела. 3 дена како сме дома но не знам дали го хранам правилно. Прво цица околу пола час, и потоа се гледа дека станува нервозен и уште е гладен па му давам и шише. Во болницата ми рекоа да давам по 30-40мл, но некако мислам дека и тоа му е малку па давам и по 50мл. Како да знам колку цицал од мене, не сакам да го прејадувам и сакам да се префрлиме само на цицање но не знам како. Секој совет е добредојден.
Некој прашуваше за после убод од инсект, ѕирнете го ова Го купив, но не сум го употребила, не знам дали има некаков ефект. И од Фрезидерм има едно со крилен.
Доколку имате потешкотии при доење и незнаете како да постапите, најдобро е да се обратите на консултант за доење. Кај нас позната е Јасна Апостолски-Николов, од центарот за мајки Здраво бебе. Ќе ти помогне Спојлер: Здраво Бебе - фб страна https://www.facebook.com/zdravobebemk
Кога е на доење, никој не знае од нас колку бебето испило, затоа знаат да побараат почесто некогаш доколку не се нахранале доволно (заспале,грчеви,покасно заинтересирани за нови работи) доколку ти рекле 30мл, не давај повеќе, не знам како е на вештачко иам заборано ама се дава онолку колку што пишува на паковањето. Прво, дали ти надојде млеко? Мене ми дојде 4ти ден од кога се породив со првото и првите два дена беше пискотници пошо ме тераа да ја ставам само на града и за ништо живо не ми даваа да ја наранам со Ад, па после попуштија оти падна многу на кг. Доколку имаш млеко, ставај мајка бебе на града онолку колку што оно сака. Многу е нормално да се осеќаш како подвижна млекара на почеток. Бебето мора да ти е добро поставено, секогаш со мешено накај твоето меше, мора да има добар фат, доколку влечењето те боли, не правилно влече. За полесно да наместиш брадавицата треба да ти е на исто со неговото носе па пополека спуштај према устето, шо повеќе отвори усте, то подобро. Мислам можеш да најдеш и видеа на јутуб, а доколку имаш стварно потешкотии и ти треба поддршка, Цеце ти пиша веќе добар совет.
И синко е 3,5 месеци,и тој уште не ја држи стабилно главата иако по цел ден сме на под ,ќерка ми почна многу рано,јас не се загрижувам ,на некои бебенца им треба повеќе време.До 6 месеци треба да ја држат цврсто.
Знам дека 100 пати имате пишано за запек мајки, ама ете не сум запамтила се. Бебе веќе 3.дена не е какано, правам вежби на меше, пиев вода од суви сливи и јадев џабе, стенка пртка се мачи ама не може да се искака. Дајте некое чаре ве молам
Нема чаре, правиш се што треба, нормално е и до 10 дена да не какаат кога де на доење. Јас некогаш ако не кака многу му давам еднаш формула и одма кака, ама не е само на доење така да ова не важи за тие што се на доење. Ако му е меко мешето не е страшно.
На доеење сме, мешето е меко, ама жалче е ептен кога се мачи да се искака 3начи 3 дена не е многу страшно
Здраво мајки, со бебе не пуштија дома вчера, одсабајле како да ми е жолт во образите, млеко немам уште мислам имам ама по малку. Го ставам на гради пред јадење па му давам АД, вака пие млекце на 2ипол 3 часа. Мочка, кака со ред одсабајле и 2 пати се утопи цел. Дали е можно да е жолтица да го носам на лекар што да му правам не знам
Не, нормално е, ама штом му е меко мешето не се мачи, така си вежбаат да си какаат До околу 3м, секое стенкање и виткање значело дека вежбаат мускули за контрола на столица. @Carolin. во болница имаше жолтица? Моето немаше ама и да има знам дека само доење и и хранење ќе ја исфрли. Може е подобро да не му даваш АД, оти на почеток и тоа малце што го имаш ним им е доволно, оти од мое искуство ммогу потешко ќе се научи да цица така, на моево 3м му требаа и лактацијата доста се намали. Стварно не знам совет за жолтица.