За жолтица знам дека препорачуваат цицање/ад и мочкање за да ја исфрли побрзо, ама патронажната ми рече да го сончам насабајле по 10 минути кога не е јако сонцето, од кога почнав да го вадам за 1 недела се исчисти. Ако е жолтица бебчето може почесто да спие, и колку што знам жолтицата најчесто се појавува од вториот до четвртиот ден.
Патронажна сестра беше? Моето дома фати жолтица, на 3ти ден од раѓање. Траеше неколку дена. Поспан беше,го буцкав нон стоп да не заспива на града. Совет од патронажна да го вадиме наутро на сонце кое ќе му свети од позади на главата,не директно во лице. Можеби ме прочитавте во темата итно. Бевме во болница два дена за ништо. Се почна од закашлување при доење, бебето се уби од кашлање едвај зема здив,омлитаве во рачиња и ноџиња. Потоа беше поспано,се будеше само за цицање и во следните два подоја исто така се закашла. Кашлаше и кога не цицаше,после последниот подој обилно поврати. Во болница "не следеа",важно на плуќа немаше ништо,без некој конкретен совет не пратија дома. Повремено крчкаше бебето,хрчеше и при спиење. Вчера на контрола кај матичен, го мери 5200 г. (што било премногу за бебе месец ипол старо,родено 3570г.). Педијатарот се сомнева на рефлукс, за почеток ми рече да регулирам подои(и заради тежината),сега гледам да бидат на најмалку 2 часа растојание , да го дојам со телото надолу,а тој со главата над дојка да ми доаѓа за да не му залетнува млекце. Хрчкањето било од млеко што одело нагоре надоле и затоа се слушало. Совет, да спие на накосен душек и што почесто исправен во транспортер,релаксатор. Јас испив пакување лактил капсули, пиев лактамикс чај,педијатарот ми рече да не го пијам веќе. Се надевам нема да ми се намали млекото Не знам ова до кога ќе трае, он инаку не повраќаше обилно како други бебиња, до сега неколку пати се случило. Си бљуцкал нормално според мене. А таман си фативме ред, цицање во легната положба ноќе,ќе се разбуди ќе цица и ќе продолжи, сега страв ме фаќа како ќе биде.
Исто е и со моите.изгледа девојчињата и во тоа се понапредни.Значи нема простор за грижа.Фала ти најмногу.
Сите деца до свое темпо, моето скоро ич не беше на под па главата ја држи стабилно од 2.5м , ама па сеуште ен се врти на 4. Машко иначе.
Јас да се пофалам и израдувам и тука Моето пред 2 дена почна сам да се врти од грб на стомак на десна страна, а од вчера почна и на лева. До овој стадиум е сега па се нервира дека незнае да се врати назад и плаче. Ама па сега повеќе му се лежи на меше хаха Инаку е 5++ месеци корегирана возраст. А главчето на 3++ месеци веќе му беше стабилно. @Маја Т да, женските се малку понапредни
@1209 @Sofi.ja @lipstickmadness Немам млеко за да цица ми капе по некоја капка. Патронажна не верувам но дека ке дојде кај нас не сум чула кај некој да била. 4 дена има денес, ке му давам АД точно на 2ипол часа, он си мочка, кака. Ке пробам се што пишавте фала ви.
И кај мене не дојде патронажна, а чекав да ми се јават.. Потоа, си повикав приватно и доста ми помогна на почетокот, како за сефте мајка што незнаев практично ништо
Не е можно да немаш млеко...Тоа малце што го имаш му е доволно на толку мало бебче. Само мора да бидеш упорна
Дали белките во очињата му се жолти. Тоа е знак за жолтица. Повеќе на сонце, не дирекно нормално, ама вади го бебето на тераса дур има сонце по некоја мин. Мене ми кажаа блага вода да му давам за жолтицата, ама сега сметам дека тоа беше погрешно, и фала богу што не пиеше по многу само по една две голтки и ќе фатеше да ја плука. Ако ти е мисла однеси го да го видат дали е жолтица. Ама ништо посебно не се прави ако е малку, преку каката ќе ја исфрли, ако е повеќе ќе го сончаат во болница. Инаку ке ти спие повеќе ако има жолтица и не го оставај повеќе од два и пол часа.
И мојава хрчи и нешто ко да се накашлува, плус не е какана и плус и се појави пеленски осип. Вчера ја однесов кај матичната конкретно за кашлањето ми рече се засркнува дека голта брзо, и сто како тебе што ти рекле ми покажа во каква позиција да ја дојам со телцето надоле, и да ја оставам во транспортер, така да не се секирај генерацијо не е валјда страшно
Ви се случува ли како да се тресат со рачињата? Лежи на грпче, прета со нозете, се возбудува и како да се тресе. Нормално ли е?
Да, се тресе, и некогаш со тупаница прави како да пали мотор, прво ме фати панка за ова ама еднаш го фатив мм додека спие и он го прави истиот потег, значи наследно. Бела да се пофалам дека помина громчето и бебево е друго бебе, вчера задпа во 10 за 5 мин со цицање, стана во 12, му дадов цуцла и си промрда малце се повртка со главата и си заспа сам и спиеше до сабајле до 8 без прекин, синоќа пак само два пати се разбуди и веќе не станува со плачење. Леле ќефови, конечно две ноќи се отспавме и ние. Него луѓе некој контакт со @Lavender13 да не има, нешто ме замисли жената, пиша последно дека бебето не е добро и ја снема, многу време мина гледам нема пишано, да не знаете дали се е во ред?
И мене така ми стоеше ама свечено го пробав денес. После неколку саати од едно мачкање ми личат како избледени убодите. Ќе видам утре дали ќе има плус напредок. Битно гледам дека не ги чеша, исто како да ги нема се однесува. Надвор врие комарци и тоа преку ден. Татко и ја извадил во двор цели две минути без мрежа, партал ја направиле, ми се стемни кога видов Инаку и јас ја помислив @Lavender13 се надевам наскоро ќе ни пише.
Во болница ни дадоа Биогаја да даваме секој ден, дали тоа е задолжотелно? Читав мислења дека кај многу деца предизвикува запек. Бебето е 10 дена и до сега кака супер, а за грчеви почнавме да користиме colief. Не знам што да правам со биогајата?
Влеговме во 3ти скок, од вчера имаме 2 часа вриштење, некаде од 20:00 почнува, неможе да се смири, прееска цела рака ја пикна во уста, 2 саати со заоѓање.. (не е гладна, дури цица и на АД е плус) Дали е од скокот? Дали може да се грчеви, а досега да ги немаше па сега пак да се појават? Каката денес зелена исто и некако ми мириса како на кисело? Вчера се вративме од одмор, таму бевме супер, се изнаспа и многу и пријаше, се збуцка и доби убава боја како да доби циркулација. Не знам на што се должи ова вриштење... Се е супер некаде до 8 часот, после почнува..
Добро значи океј е, има ефект. Јас за поголемото го зедов, него партал го прават. Малата надвор е со мрежа, досега не ја каснале. Аман со комарциве.
За поголемото можеш и тоа на фрезидерм што го спомна, тоа е за над година. Другарка ја користи колекцијата и рече дека е супер, јас не сум ја пробала. На ќерка ми и беа супер Биогаја иако се случува да им прават запек и тегоби на други деца. Нас ни кажаа секој ден да даваме. Ако и вас ви рекле така, подобро смени пробиотик ако сметаш дека не одговара, отколку скроз да го укинеш.
Мами кој датум ти беше термин? Нели ти беше некаде со мене или сум грешка? Пошо 3скок поминавме ние.. собираме сили за 4ти. Да не е промена во прашање па да пишти ради тоа? Или па сѕварно те имам помешано и сте вистина во скок