@Bella_Stella @Cence моето баш на преглед имаше такви тремулации и докторката рече дека е нормално и поради недоразвиен нервен систем. Знам дека проверуваше дали може да се супримираат (ако го фатиш рачето додека се тресе дали ќе прекине).
Со среќа, мојот кога почна да се врти дента пукав од среќа али после тоа неколку вечери око неможев да склопам зошто се вртеше додека спиеше, му требаше време да научи да ја врти главата кога е на меше а јас како мајка 1000 филмови во глава
Мојот правеше првин само со десната горе доле како гитара да свири неконтролирано, после тоа престана почна со левата. Али што приметив одкако престана со десната почна точно да ги фаќа играчките со левата не, откако помина тресењето и со левата почна и со нејзе да фаќа. По се изгледа некој процес е
Ако сум дома, ништо не ставам, само се мијам на секое од што не можам да се поднесам. Ако излегувам, од Веледа ролонот го користам или од Алое стикот. Чекав вакцини да прими малата и доаѓам. Иако, кога бев пред 10 дена, имаше комарци.
Бебе ми е месец и неколку дена. Си полни по неколку пелени на ден (експлозивно е какањето, дали тоа значи нешто?), но има периоди од денот каде што се мачи да се искака/прдне, почнува со кенкање, се тегне, претка, ржење, викање и завршува со плачење. Обично во процесот ќе се искака или прдне, но некогаш се смирува и така. Чудно ми е што кака често, и пред половина час да какал, тој се стега за уште. Грчеви имавме, се смирија последнава недела така, и знам кое врискање и грчење е, па ова не ми личи на грчеви. Дали е ова нешто нормално и очекувано или бебе има некоја мака?
Јас од сам почеток на доење си купувам Еуцерин 0% алуминиум. Го земам од Зегин околу 500-600 денари, рол-он е ама ми трае 2 и нешто месеци. 11 месеци ми е бебче ама сеуште го дојам и го користам Еуцеринот.
Добар ли е тој без алуминиум? Со алуминиум го имам користено и е супер. Моментално користам Алое од Форевр Ливинг, ама не ми е по мерак. Пред да се породам го користев долг период и супер ми беше зошто не сум човек што се потиз. Ама откако се породив и откако наполни три месеци бебе ептен почнав да мирисам, не знаев дека воопшто можам така да замирисам.
Да, мене ми е ептен погоден. И на работа одам и само од него ставам, не сум имала до сега ниту миризба ниту некаква иритација.
Грчеви, гасови се, само штом не вреска и плаче, малку се потсмириле. Стави рака на меше кога прави така, ќе осетиш како пукање внатре. Од Алое вака океј е, но ако се дои, треба почесто да се става.
Здраво мајка. Нашето бебче не какаше 5 дена.. ќе земеш Сардела цвеќе, дршката на цветот што е измиј ја, стави павловичева на врвот и пикни му ја во газето ( дршката, околу 2цм, не целата скроз, нема потреба до толку )сврти ја еднаш според стрелките на часовникот и нека постои 10 секунди, извади ја фати му ги ножињата нагорe, ќе почне да прдка и ќе се искака. Ние така направивме, да не ставаш чепче или топломер да му пикаш, оваа дршката е многу тенка и не е страшно. Пробајте па пиши.
Кој ви ги кажува овие работи? Доктор,педијатар? Овде на форумов се нафрливте како бебето се оставало да плаче за да заспие ама ова што го пиша членката е многу пострашно од плачење
Што ако не дај боже се скрши рачката, па после да се земе со пинцета да се вади. Од педијатар, чичко гугле и тука да посветиш 2 мин за одговор дека е нормално и до 10 дена запек кај бебе, па после си има други чекори кои се медицински проверини и безбедни.
Не ми се верува понекогаш на советите. Сардела бе Пред некој ден кога бев на контрола, испаничен млад брачен пар дојде со бебето кое не какало 3 дена и пробале да му го разработаат со нешто, крв почнало да тече од газето. Аман не правете глупости
Леле ова исто како свекор ми што ќе му чистеше шлајм на син ми со пердув од кокошка Извинете, да не беше тажно ќе беше пресмешно
Дали сте нормални бе што пишувате... сардела цвеќе во бебешко газе... кој век сме, 15ти па да се лечиме со цвеќиња и билки, ај возрасен ама на бебе ова да му го правиш, мислам не е хумано и треба малку да размислите што правите со своите деца...
Популарно кај народов со перце Бегај, уште да му пренесе од кокошката некој паразит. Мислам, не знам дали може такво нешто, онака ми текна.