Се додека слушате тетки, стринки, баби, свекрви и свекори ќе давате вакви совети Мене не ми е јасно нели детето има педијатар, боље кај него обрати се за некакање отколку сардели ружи и што све не у газе
Мојов најде пердув го вриеше и го скокоткаше кај носето за да кивнел. Маж ми го гледа и се чуди. Чудо се стариве значи
Тебе да ти пикнат краставица 2.5 цм убаво ќе ти е? Мислам може ќе ти е , ама тоа не важи за бебе. Господе боже се советите, цвеќе ќе пика на мало бебе во анус, имаш среќа што не си го повредила или некоја зарза не су му напрвила. Кој век сме, милион начини на лечење на запек кај бебиња, па и не се смета за запек 5 дена ама тоа др муабет, ти со бабини совети го лечиш па и кажуваш тука. Ау греот бебе, ми се стемни кога прочитав.
Ние сме на ад еве го од 11 сабајле несака да јаде,пробав повеке пати и вкупно 30мл испи,незнам што ке се прави,борби големи се.
Вакви совети по форуми и за мајки не. Ти прави си што сакаш. Има сега напредна медицина, а не вакви бабини деветини.
Моето не сака да цица, се гади од градата, посебно преку ден, се стискам тече млеко, се мијам нон- стоп мислев да не сум нешто испотена или што знам , ама не не сака, ме тепа дури, а формула пие без проблем. Мислам дека е до скокот ама ако продолжи вака ќе ми се намали млекото оти за сега ефикасно, само пред спиење и ноќта еднаш до два пати цица.
Јаооо што нема да прочитам. Вакви ‘совети’ задржи си за себе и третирај си го твоето дете така ако немаш памет. Немој да го пласираш тоа што си го применила како нешто најнормално. 2023та година сме, не 16ти век!
Па да, посебно во 4тиот (во кој сте и вие сега). Ем намали количински, ем мајтап си играше цело време. Ќе се навикнеш, јас на почетокот нерви искинав Долг е 4тиот скок, бара трпение. Малку ќе се измести се од контрола, ама ќе помине па после следно нешто ќе дојде, ќе отрпнеш и така натака Едноставно помири се со ситуацијата, не можеш да смениш ништо посебно, полесно ќе ти е така Фаза е и бебче мора да ја помине. Кај некои е полесно, кај некои е потешко. Моето беше во втората категорија. Радувај се дека после 4тиот скок, ќе научи некоја нова вештина, па затоа сè се должи на развојот и промените кои им се случуваат во овој период.
А инаку да, кога ќе ми текне сега.. Истиов совет го добив за запекот Просто не ми се веруваше што слушам. Јас чепче немав срце да му ставам (и не ставив), не па сардела. Некогаш кога ќе слушнам/прочитам некои работи, едноставно ме фаќа страв. Дали свесно и намерно се кажуваат некои работи па луѓево ги тестираат дали ќе послушаат нешто еве незнам..
Pak jas, sakav da prasam za maliot 13 nedeli e no koga e razbuden i vo race koga go cuvame celiot stegnat zgrcen, kako da se plasi dali ste imale nekoj iskystvo, dali ste go odnele na lekar, i na kakov?
Огромни борби, јас денес се чувствувам како да си го силувам детето, колку го фаќам у стеги што се вели да не ми мрда многу за да цицне бар 10 мин. После си се исплакувам. Ама морам така, денес посебно не ми цица. Дали е громчето денес не знам. Немам апликација да видам.
Само што сте го поминале громчето. Не го терај ‘на сила’ да јаде. Колку му се јаде толку, ако е гладен ќе си побара, нема да седи така. Типично за скоковите е намален или зголемен апетит.
Дур фати е маката и тука го терам на сила , кога фати цица лакомо 10 мин и се трга и не форсирам повеќе. Со душа чекам да ми се врати на нормалното цицање. Еве го сега ќе се исплачи, а пред малку се церекаше на глас и гукаше со татко му на тел, па продолжи со мајче му дома, што почна да ика. Баш е од крајност во крајност.
Ова тренинг ми е веќе ми кажаа .... Барем за сега со спиењето немаме мака, како ќе биде во 4 тиот ќе видиме
Мене страв ме фаќа, плус ќе се погодиме да сме Мк, нова средина и луѓе.. таман си цица, шо повеќе? Туку моево ме нервира денес цел ден во раце, ај шо имам некоја болка во петица туку и ја кренав големава неубаво и се фатив скроз. Не знам како го издржав цел ден во раце наваму-натаму, морам да проверам апп кога влегуваме 4ти ние сма знам дека кај 7-10 септ е критичнит период.