Ние сме сега мк, и од што ми мена вака, со никој не стигнав да се видам. Па синко мој по 20-30 мин си цицаше, и сега 10 малку му е ми се чини, ако ја земам фонтанелата во обзир така малку вдлабната, мислам дека е гладничок. Мене ме фаќа страв сега назад по пат како ќе поминиме, денски не спие многу цврсто овие денови, тој си спие ама малку знае да се подразбуди и пак да презаспие. Ама во кола тие каишите кога ќе ги сети, ќе има вриштење.
Не, исправен. Кога лежи му е ок. А читав дека малку вдлабната значи дека е дехидрирано детето. А со оглед дека слабо цица, воопшто не ми е чудно. Еве пример сношти кога се нацица 20 мин не му беше вдлабната. И мислам дека таа е добар показател за тоа детето дали е гладно ... Можеби грешам не знам.
Исто беше кај моето. Како му се наближуваше времето за млеко му се вдлабнуваше. Многу језиво ми беше.
Ау, не сум приметила јас.. а на допир ќе го осетам така? Пошо коса има за плетенки да му плетам и не можам да ја видам, ама ќе треба да пипнам најаден и гладен а?
моиве не наследија коси мој, па се познава добро ама и јас не сум приметила и ептен мене језиво ми стана на помислата..
Кај првото дете немав приметено ни јас ама тој залепен беше на цицка, сигурно бил прехидриран А со бебево нонстоп му беше така ама нели не давај вода, не давај чај, ад му е доволно има се што треба… и така стално вдлабнато му беше. Мм доживеа нервен слом прв пат кога го виде, не го имав видено таков никогаш, полуде човекот
Ама чекајте, јас колку што знам, ако е вдлабната во исправена положба е нормално тоа, гравитација ова-она. И дека не укажува на глад, туку на дехидрираност. За да дехидрира, треба долго време да не јадело, да се препотувало, да повраќа или да има дијареа. На пример, во транспортер секогаш му беше вдлабната и на поголемото и на малово. Најадена ја ставам во транспортер, се вдлабнува. Или патуваме, вдлабната е, застануваме да цица кога ќе побара и после пак е вдлабната кога ја враќам во транспортер. Зарем не сте забележале дека е вдлабната кога седат во транспортер? Не ваљда дека само на моиве им е така.
Јас Оли имам приметено само кај малото ви викам кога ќе му дојдеше време за млеко. Сум слушнала дека е од недостаток на течности, колку е точно не знам. После млекото се враќаше во нормала.
Во транспортер не му се вдлабнува, рамна му е? Еве јас никогаш не сум забележала потонување на фонтанелата дома, само кога седи во транспортер.
Во транспортер не го возам од 2 месеци ама и не сум приметила, напред седам најчесто Еве на сликата види, не мора да е дехидрирано, доволно е да е загреано и да се вдлабне, а сигурно во транспортер им е топло. Ќе видам баш на моето каква му е во седиште.
Девојки јас како што знам кога пулсира се жедни/гладни. За ова вдлабнатото прв пат слушам, а баш ќе приметам утре кога му е, кога не му е.
Мене во претходниот скок така ми правеше како што опишуваш,и ми се одби скроз,бевме на комбинирано а сега скроз на ад сме. Биди упорна и не се откажувај.
Се трудам колку можам да бидам трпелива и смирена ама искрено многу е тежок овој скок,до сега немам осетено нешто слично,а тек допрва доага громчето. Иначе за запекот мојов кога имаше чепче му ставив еднаш и се испразни за 5минути,следен пат ставив чепче тоа за секунда ми го исфрли,па ставив пак и исто пак го исфрли,трет пат ставив пак го исфрли одма значи уште пелената не затворена,ама и се искака,значи малце провокација требало само на пример како со топломер и павловичева што прават. Иначе за сарделата и мајка ми ми кажа ама реков нема шанси тоа. Па сменивме млеко и пробиотик и сега си кака редовно.
Леле ни јас немам приметено,баш ке проверам утре. А искрено на педијатар кога одиме секогаш го проверува таму на фонтанелата и викаше супер си е се.
Фонтанелата е нормално да си пулсира, пулсира како отчукувањето на срцето, мислам дека нема врска со жед, ама е видливо кога е фонтанелата малку вдлабната. Јас приметив кога е слабо јаден дека се вдлабнува и пулсира, а кога е убаво најаден тогаш е рамна и пулсирањето не е толку воочливо. Тоа го пратам овие денови, те имав прочитано за пулсирањето и само зјапав
@Ceneva Мене единствено нешто што ми е језиво моментално е само фонтанелата.. Јас др.Наталија (невролог), ја прашав баш за тоа на минатиот преглед. Ми рече дека не е ништо страшно, фонтанелата е како еден орган (срце) и пулсира. Преку неа нели ги прават прегледите на мозочето, што значи целиот нервен систем е во таа област. Е сега некогаш тоа пулсирање го гледаме, некогаш не. Јас приметив дека кога е многу жешко повеќе се воочува, веројатно дека тогаш и телото поинаку работи. Исто и кога ќе заплаче многу и е вознемирен, па додека го смирам.. таа си работи. И да, и кај моето се гледа повеќе во седечка положба и во транспортерот кога се возиме. Најверојатно дека е прежешко во него