Ако е околу 4кг сега мислам дека идеално е да даваш 60мл на секои 3 саати, па ќе видиш како ќе оди, пелените најдобро ќе покажат.
Не не ххахаххаха какви сардели ни на крај памет не ми падна, кога прочитав се фрапирав и не знаев што да одговорам мислам хард кор срдела муабет...Можеби членката не мислеше ништо лошо, ама сардела е стварно ту мач, а гледам и доста други членки го делат моето мислење и пишале
Порано свашта се давало и правело, дедо ми имал близначка, за да можат да одат на нива мајка му им давала катранче и сестричката по слабичка починала. Ја предозирала. Многу многу совети од време на дедо ноа никако. Цвекиња во газе ко да е саксија боже господе.
А какво е тоа цвеќе уствари, ја не ни знам. Него жени, децата што ви се околу 7кг како дозирате витД? Јас денес на ортопед го водев ми рече една ампула од бејбитол е малце за него, ама дека е со омега сакам да давам по една ама не знам плус колку капки да давам посебно Д?
Кај мене од старт 1 бејбитол со омега плус 2 капки пливит. Ни педијатар, ниту пак ортопед ни зголемил. И кога беше 4кг и 7кг исто давам.
Епа јас давав само бејбитол и она рече тоа е доволно за новороденче докај 2м, после треба да се зголеми Д. Фала мајка.
На контролата кога имаше 2 месеци, педијатарот ми кажа да давам уште една капсула чист Д3 кога ќе ги потрошам тие со К1. Многу имаше пораснато во должина и рече дека и' е потребно. Вкупно 1200 би му дошло. Една омега+Д3, една К1+Д3 и 7 капки Ваја+Д3. Ме изненади, обично педијатри не се нешто многу по давање повисоки дози. Уште не сум почнала, ќе го прашам прво ортопедот, да видам што ќе каже. Сега прима 800.
Кај нас прво беше демек порано родено, па затоа плус Д3. После тоа многу расти брзо, па затоа Д3. Ортопедот последно го прашував, рече како ви кажал педијатар, така. Дива лига е во мојов град, по тоа прашање.
Моево на 8 кг пиеше 1500UI. Претходно пиеше 1000UI, ама испадна дека му е мала дозата затоа што му беа меки ребрата. Дозите од ортопед беа дадени.
Јас зголемувам 200ие на секое покачено кило, максимум до 2000ие. Му ги проверувам ребрата редовно, еден период почнаа да омекнуваат ама како го вадам на сонце пак се стврднаа. Ќе видиме од есен како ќе биде.
Колку ви напредуваат во 4ти месец? Моето првите три месеци качуваше скоро по 1 кг, откако го почна четвртиот месец многу слабо качува.За 11 дена качил само 150 гр.На доење е, навечер само му давам по 100 гр ад.
Јас мила го носев сега на ортопед на два и пол месеци. Ми рече да преминам на вигантол капки. Една капка да давам до 5 тиот месец и после да зголемам на две капки. Јас имам уште 15 бебитол Д3+К1, ќе ги доискористам и ќе преминам на вигантол
Ау како бе така? Баш денес бев на контрола и ми рече да си продолжам како и до сега а јас од раѓање давам по една капсула на бејбитол.. и со првите две така сум ги давала до година по една само... Едит: ортопедов ми спомна имало некој спреј д3 што се шприца директно во уста ама не знаеше да ми каже ни кој ни од каде е.. знае некоја кој е тој спреј?
Мојов нема 7 кг, ама ми рекоа две Бејбитол да давам оти ги плука, не заради возраст и килажа. Ама ми потенцираа и повеќе сонце, т.е. шетање денски барем летоска. Пробав и со Пливит, ич не ги поднесува. Двапати ми поврати од нив. Не се некако адаптирани за бебиња со вкусот изгледа.
Моето денес го прегледа педијатар и не ми спомна дека треба да зголемам Д3, а има 7200гр. Моето скоро од старт, пие дупла доза Д3+Омега (дека прематурче). Ама сега ме замисли дека не ми спомна ништо.. Можеби тоа е индивидуално од бебе до бебе. А и ми спомнаа дека ортопед дава насока за потребна количина на Д3. Сега ме замисли и мене Ова секој ден има некои штрекови, да не ни е досадно Спојлер: Сардела
Хаха леле смеа ми падна дека син ми многу ги сака овие, кај нас друго име имаат и секогаш кога одам кај мајка ми она му скинува гранче и ми го носат демек поклон. Леле ова рачка во газето, ох душа, грев ми падна ептен за бебето. Него мене ортопедот ми кажа треба да прима околу 800 за сега, а на 7кг 1000 единици, баш морам да видам препорачана доза во капките колку единици е и така да мерам. Инаку дупла доза Д3 е 800 единици, значи ти засега може треба да зголемиш на 1000 дека е 7кг веќе.
Нас ортопед ни кажа да давам Д3+К1 плус 2 капки во уста пливит Д3, заради брзиот раст и килажата, тогаш беше 4,8кг ќерка ми. По 12та недела кога ќе прекинеме со Д3+К1, да давам 4 капки пливит Д3, се до контролата кај неа. За контрола ми кажа помеѓу 4 и 5ти месец. За сарделката, немам коментар, како и за сите парамедицински совети, кои ми немаат никакво логично објаснување