Јас да си се пожалам дека беба откако се научи да се врти на стомаче, така спие и во креветчето, а јас око немам склопено од страв да не ја закопа главата во душекот... CDC строго забранува спиење на меше до 1 година. И така... Јас намести ја, таа сврти се. Ќе спијам во наредниот живот најверојатно. Инаку, не сум паничар по природа, ама ете.
И јас се плашев мајка првите две ноќи, кога видов дека може убаво да си го намести сама главчето и да си фаќа позиции не се потресував. Реално мајка, кај можиш на 7--8 месечно бебе да го вртиш нон стоп на грб,не пак сега, не знам колкаво ти е ама таман свртиш ќе се разбуди или ќе се заврти пак, може препораката е таа ама и те како се способни да се наместат сами. Битно е да нема перниче само и други играчки околу. Јас 3 месечно бебе дење оти го гледам спие го ставам на меше, ја подига глава скроз и се мести на другата страна, само моето е уште мало за на вечер така и затоа ми е под надзор цело време ама ако умее да се заврти, спиј.
Кај нас пак советите се ако почне само да се врти веќе нема опасност од гушење и може да се остави како сака да си спие, ако знае да се заврти знае и главата да си ја намести како што ќе може да дише. Препораки од NHS што е официјално здравство во Англија се тие, на грб ти да го ставиш а оно на каде ќе се сврти негово е, само празно креветче без играчки, перници, прекривки и оградици, душек тврд и бебе, толку. Вреќа за спиење не оти не може да се врти во не. Мораш да спиеш не можеш до една година будна да си, ако му е омилена таа поза, како и да го вртиш ќе се враќа во неа.
Ви благодарам мајки, секако дека ќе се навикнам, ова е ново и за мене, па најверојатно морам да поминам низ фазата. Инаку да, се мести совршено добро за да ѝ е удобно и да може да дише.
Не знам вака како да објаснам, ја ставаш дланката на ребрата, од едната страна стискаш со палецот на десните ребра, со другите прсти левите и ако пропаѓаат, ако се меки значи има недостаток на Д витамин. Ако се тврди и не мрдаат во ред е. Најдобро ортопед да ти покаже. Мислам дека ти е добра дозата од тоа што имаш пишано ама ако расне брзо во должина консултирај се, Д витаминот се троши дневно и мора дозата да е погодена во брз раст.
Фала ти за објаснувањето, го чепкам јас стално и не сум приметила да се меки, ама којзнае правилно ли проверувам. Од ортопед ми е кажано после трети месец оваа доза, поточно 3 капки Пливит. Ама јас давам 4 зошто обавезно дел од Бејбитол ми останува на рака, а Пливит на лажица..
Луѓе како да препознаам четврти скок? На wonder weeks ми се внесени и due date и birth day. До сега ми се совпаѓаа скоковите со дата на раѓање и според тоа мислев помина четвртиот, или барем сме прикрај. Од пред 5-6 дена малиов се смени 100%. По цеееел ден кенка, пишка, ржи, ммка нешто. Нонстоп незадоволен, кај и да го ставам што и да му правам. Ова ли е тоа fussy baby?
Од вчера ова време до денеска бебе има испиено 320мл АД и 50мл мое измолзено, со тоа што го ставив и на цицка 3 4 пати. Ама ноќе не пие синоќа во 10 испи 60мл во 1 го будев само 20 испи и после во 6 сам стана си испи убаво 60. И друга мака вчера не е какан ич, прди мочка ама не се искака. До колку дена е нормално да не е какан? Извинете на милион прашања и објаснувања просто проширено ама ич не знам што е нормално а што не. Мајка ми мо вели да не се грижам оти менувал сега ама пуста мисла
Старите ми се многи интересни, за секоја промена и нетипично помашање кај бебињата нив муабетот им е ‘е ќе менува сега’. За доени бебиња нормално е да не какаат до 2 недели. Вие пошто сте на комбинирано не знам искрено. Види вежбички на јутуб има, може ќе ви помогнат. За количината на млеко што ја пие бебе исто не знам, нека каже некој со искуство, моето е само на доење.
Од терминот на раѓање треба да пресмета, не знам оти имаше пишувано некоја членка тука ама. Мене ми ги погодуваше точно за првото, сега и за бебево е прецизно.
Бидејќи предвидениот термин на породување е пресметки на основа растот на бебче. Некое бебче може да се роди многу предвреме или малку порано и не е исто развивањето
Дечки и јас како бројче @1209 ја утепав од мислење @Lavender13 . Има некој инфо за неа? Само дали се добро со бебче. Кога веќе пишав да си кажам Бебка денес наводно искача од 4ти скок. Уште се успиваме у раце со плачки зошто се живо не интересира а и се спие и трља само очи и тегне уши и се кубе Дали е можно запчиња да и растат? За една недела 5 прави и многу е нервозна на моменти. Кога ја грепкам со глодалка по жлебинките инстант се смирува. Од друга страна да не биде само жалење постов златна е! Преку ноќ детенце стана. Става стапалца во уста, пее, се смее, се превртува. Кога не е нервозна можеш и да ја заиграш како право дете. Со јадење сме ни ваму ни таму. Многу малку ми јаде некако, ама со сила џабе и давам и цице и шише. Ако нејќе нејќе па тоа е
Да, да. Многу ми е 'роботски' тој пристап дека сите исто во даден период би се развивале. Мојов е роден скоро месец дена пред термин и никако не можам крај да фатам со скоковите. Еднаш ми се поклопува со термин, еднаш со датум на раѓање. Мош најарно да баталам калкулации, изморува. Едит: И јас чекам абер од @Lavender13, ја нема на форум. Се надевам добро се со бебето.
Како моето дете да го опиша. И ние за некој ден излегуваме од четвртиот скок. Веќе е многу сменет, секој ден нешто ново прави. Усоврши вртење од грб на стомак и сега оди сопри го. Со јадењето и ние како вас. Пет минути цица мирно и после се витка како кифла наназад. Многу сака муабет, јас веќе немам идеи и му зборувам што стигнам. Писка, вика, се кикоти, ептен е интересен. И он ги тегне ушињата и сѐ што ќе стигне става во уста, си помислив и јас да не почнуваат да го мачат запчињата. Стварно некој ако комуницира со @Lavender13 нека пише дали се добро, во мисла не стави сите. Се надевам сѐ е како што треба.
Ќерка ми никогаш не фати цуцла ни шише. Се гадеше од нив. Лажалката ја плукаше како катапулт Заради тоа не можев да и дадам да пие сокче, чајче и сл. Пиеше од чашки со устенце уште од доста мала, уствари од кога почнавме да се прихрануваме. Нема да заборавам кога прв пат и понудив вода од најобична чаша како лакомо се изнапи, како големо дете, а имаше околу 4-5 месеци. Дотогаш се со шише и нудев и не пиеше баш од него мислев дека не сака вода и чајче. А таа не сакала преку цуцла. Најдобро се искористија чашките со две рачки (за полесно да ги потфаќа), со тешко дно (за да не се истура лесно) и од јака пластика (најиздржливи)
Наполни бебе пелена о тоа баш убаво наполни, дури и во коритце ми се какна кога зедов да го измијам, на мајка камен од срце и падна
Моето е скоро месец ипол предвреме родено. И на почетокот незнаев зошто се е поразлично. Корегирана возраст, скокови и тн.. Фала му на бога се е во ред и ја прати кривата за раст како за термински бебиња. Во однос на развојот можеби малку доцнат. Но, затоа има центри за следење и со вежби ќе се совлада одредена потешкотија Не допишав, штом е fussy baby веројатно сте во 4та брзина Со лесно
За зелката - цел лист од зелка, како што ќе го скинеш, одвоиш од главицата, така стави го на градата. Како корпа од прслук. Можеш и во прслукот да си го ставиш, само да не е престегнат. Кога ќе се смежури тој лист, стави си нов. Многу помага при мастит, болни цисти во градите и кај жени што не дојат и сл. Ама ако има мастит веќе развиено, со температури и треска, даваат и антибиотик.
Бебче е една недела, така да мислам дека доволно му е од 30 до 60мл. Не секогаш ќе изеде се, некогаш ќе ти остави (уште му е мало желудничето). Треба да има отприлика 7-8 оброци на растојание од 2ипол-3 часа со ад млеко. Освен ако не ви кажале поинаку.. Ако даваш твое молзено, не мора да чекаш да помине толку време како кога би дала ад млеко. Можеш да понудиш и на саат ипол. А доколку планираш да доиш, бебче на града цело време нека ти биде. Додека воспоставите лактација и ред, првиве 2-3 месеци така ќе ви биде А за какање, ќе се изрегулира. Му треба време и на него. Уште незнае каде се наоѓа