Ми покажа ортопедот како да проверувам. Се фаќаат од страна, ама мислам доктор да ти покаже прво како. Јас со двете раце проверувам. Зависи од возраста. Колкаво е бебето?
Мислам дека @Lavender13 е замината МК, дека ме прашуваше што како за летот и рече август оди, па се надевам дека само тоа е во прашање, дека нема време да се вклучи од уживање. Ама ако има некој абер, да не ја мислиме нема да е лошо во секој случај. Моево бебе почна како тренирано да спие, прво ќенкање, става рака на глава, давам цице или нишкам и одма е кома. И скоро секогаш во исти саати. Како одминува скокот така радостите растат, многу е расположен, многу ”збори”, некогаш сам си ги вртка рацете и си гуга нешто, си кркори, јас од страна го пратам и се сопирам да не се смеам да не го плашам. Многу се радува на огледало, абе цел ден да го ставам пред него цел ден ќе збори, нарцис мал на мама И многу писка, пред некој ден кај моите на роденден, цел саат пискаше без прекин, ние се смееме он уште толку, абе сите со солзи се смеевме. Ортопедот дозволи седење под 45, ја искаравме количката, ќефен беше кога го ставив како да разбира што е. А вчера во болница бевме да закажеме некој магнет за бубрежето и сите докторки и сестри ги шармираше мали наш, абе тоа смеење, абе полу насмевка со подигната веѓа, што да кажам, една докторка му вика, ааа дечково шармер ќе ви биде се гледа Некогаш(постојано) го гледам и си велам како е можно да сакам некој волку, ќе ми пукне срцето од љубов. Стварно ниедна љубов не е слична на оваа, жалам за луѓето кои сакаат, а не можат да ја осетат.
И мојот исто беше ама за неколку дена научи да го врти убаво главчето и сега цело време спие на стомак а јас сум наспана
Мојава почна газот да го крева и како да сака да се преврти. Дали е тоа прв знак за превртување? Ја фаќам за рачиња да правиме вежби за вратче она пак со газот во вис.. Почна и нозете да ги крева и тоа и е ново. Како и кога почнаа да ви се превртуваат?
Исто,моето оди накај лева страна ама целосно не се врти, од стомаче на грбче и успева за милиметар, малце повеќе сила и треба. Најново ни е денес замале од смеење со глас, прв пат така да ја примети сестра и кај шо се глупира и падна од смеење. И се турка со нозете наназад, од таа подлогата за играње долу ми излегува не знам кај трнала
Да тоа е прв знак, вежба. Мојот почна негде откако наполни три месеци така да прави. После почна да ротира како стрелки на саат. Еден период се виткаше како кифла и ја зафрлаше главата наназад, после почна да се обраќа ама не целосно, раката му заглавуваше. Сега веќе има 4+ месеци и деновиве официјално го усоврши вртењето. Го оставам да спие на грб и го наоѓам превртен на меше како си ги јаде рацете. Никако не му помагам, го оставам се да направи сам кога ќе биде спремен и супер му оди ептен е пргав.
Луѓе синоќа изедов парче леб со туна и доматен сос и парче кашкавал и сега ми е многу лошо изгледа се затровив. Црева истурив, а и бебе го боли стомачето цел се витка. Кој ѓавол ме тераше да јадам не знам. Што можам да се напијам?
Ох, ајде да помине за брзо. Убаво ти кажала активен јаглен само провери дали може дур се дои. Ама не би требало да не може.
Мајки ова е на главчето црвенилото сабајлето го приметив. После саат време само се повлече и сега после бањање пак се појави, исто се лупи кожичката. Инаку со биодерма го бањам. Ова ли е теменица? Во понеделник ќе прашам и педијатар.
Мене ми изгледа како теменица. Има од Фрезидерм масло за омекнување и чистење, се става околу половина час пред бањање.
Знам дека ми е од тоа, ама не ми е прв пат да мешам и никогаш сум немала проблем. Не можам да се опоравам, како да ме тепал некој, цело тело ме боли. Одам на инфузии за да не дехидрирам. Памет за друг пат.
Мајки, на колку време ги менувате цуцлите лажалки за нови? Бидејќи со тек на време се менува бојата...
И јас стално мешам и сум немала проблем, така да може не ти е од тоа. Баш пред некое време гледав емисија на тв каде шеф готвеше риба со млечен производ и го прашаа за истово, тој рече дека нема никаква врска ни опасност и дека слободно може да се меша. Како е точно-не знам ама јас сум немала проблем. Како и да е, со лесно и брзо да се опоравиш