Сум немала ни јас никогаш проблем, јас секогаш јадам туна саката со плус внатре кашкавал, мака никаква..
Знам дека секаде пишува дека е мит ама мене секогаш ми е тешко од таа комбинација, а слатка ми е. Нека е мит, ти секако следен пат внимавај си. Ако те боли цело тело ништо чудно стомачен вирус да сте фатиле.
Стомачен вирус е изгледа. Пред малку ми пиша другарка што ми беше на гости во четвртокот дека кога си отишла ја фатило дијареа и повраќање. Кај мене покасно се покажа изгледа. Како и да е дур повраќав туната ја осеќав во грло, ако е вирус она само одмогна. Среќа бебето ми е добро, јас ќе издржам.
Баш сношти те помислив и прочитав после дека си примала инфузии, ама не стигнав да ти пишам. Нека поминува само и тоа што велиш синко ти е добар, а тоа ти е најважно сега верувам. Ве гушкам
Девојки јас на брзина само да пишам, многу лош период имавме, 4ти скок не уби буквално. Немав време да јадам, се истоштив скроз, ослабев 5кг за една недела. Капак на се, прво сите се заразивме со респираторен вирус, а после тоа јас и со стомачен. Ја викнав мајка ми да дојде пошто ментално веќе не бевме стабилни со маж ми, се уби од плачење детево две недели, од стрес за жал и ми се намали млекото и почнавме и со дохрана. Два пати бевме на итна бидејќи не престануваше да плаче, помодруваше цел. Многу лош период, психички опаднав многу, бев фрустрирана и лута на син ми, помислив работи од кои сега се срамам. За жал го одложивме и доаѓањето за Мк, додека се стабилизираме малце. Фала на сите што сте ме тагнале и што не помисливте, не успеав да прочитам се, се вклучив на брзина за жал со друг проблем. Се надевам ќе се стабилизираме за брзо па ќе ви се вратам во катчево, ми фалеше искрено.
Смеам да мачкам нешто после убод од комарец? Кај го најде баш кај окото, се повеќе се шири црвенилото. 4м. сме
Здраво мајки, можеби прашањето не е за тука ама имам една дилема. Дали дисплазија на колк на бебето е исто со зреење на јадрата на колкот? Бевме на педијатар за проверка на колковите и не ми се јасни баш работите, па ако може некој да ми објасни
Здраво мајки, почнавме ние со вкусови пробување ама ова бебе на се се мршти, се гади, не знам како да ви опишам поинаку Една лажичка ако проба и толку, чаре? Што да му понудам? Банана, јаболче, морковче и гриз на хипп во кутија што е, пробано, од се се згади А вода му понудив, сака да пие доста, колку им давате вода вака кога почнувате? Од утре инаку се префрламе кај поголемките Се сум заборавила како било со првото
Поддршка мајка, издржете тежок период е, но после ќе уживате во новите вештини бидете смирени и барајте помош ако ви е потребна, не е лесно првите 3 години хаха најважно од се да си останиш психички стабилна и за тоа не помислувај дека можеш се сама, помош е и те како потребна, добро си направила што сте ја викнале мајка ти, а и шо сте одложиле идање тука, оти промената на среде скок ќе му беше дополнително тешка.
Девојки јас официјално имам нинџа дома. Ова мое дете усоврши вртење од грб на меше и сега оди сопри го. Дур е буден нема шанси да го легнеш на грб, а да не се сврти секундарно на меше. Ај преку ден е под надзор, до вц кога одам строго во релаксатор и тоа врзан зошто и таму пробува да се врти. Е навечер имаме голема мака и тоа дојдов да ве прашам. Ќе го успијам и легнам на грб, ќе спие така некое време и за кратко се врти на страна, лежи малку така, па ќе се обрне на меше. Е тука проблемот е што е сонлив и не знае да си ја намести главата, ја забодува право во душекот и почнува да квичи. Синоќа беше малце помирно, иако пак дежурав и му ја вртев главата кога сакаше, зошто не може сам. На грб не беше опција да го свртам зошто одма се буни и се бутка пак да легне на меше. Претходната вечер беше кратка хорор приказна. Тој ден прв пат почна да спие така. Јас уште недооздравена од вирусот, а он акробат ќе станува. Врвот беше кога во сред ноќ почна да плаче зошто заглавил и на маж ми му викам оди земи го плаче, иако креветчето е до мене. И мислам дека јас не можам да станам да го земам зошто ми е во раце. Тотално бунило ми се деси. Прашањето ми е, кога да очекувам самостојно да почне да се мести и врти? Вака секоја ноќ ми е стрес и не спијам туку сум во полусон. Ослабев 3-4 кила за 3-4 дена, со последните сили сум веќе..