Ние веќе недела две не се возиме во тоа не сака да се вози ако не гледа пред неа.. така да сме со летни количка секако не седи туку е под некој агол а секако и не смееме на рамно поради рефлуксот а веќе сме 4 месеци за некој ден
На што лежи во количкава, многу високо му е некако, изгледа дека ќе излезе од неа. Или само тетра е внатре? Не се гледа убаво, не можам да сфатам.
А добро зошо ги возите во корпа? Ај додека е новороденче разбирам, ама малце поголемки… јас така со првото кога го однесов на ортопед ми рече корпа се користи само ако спие, јас сите сум ги возела во транспортер не повеќе од 2часа.. мене корпата ми е најнеискористената работа од цела количка
Мене корпата ми е супер искористена. Удобна и е, широка, и си спие во нејзе кога излегуваме на прошетки, особено навечер. Дури на почеток и дома во корпа ја успивав. Дури сега почнавме да го пробуваме спортското седиште иако сеуште и е големко, 5 месеци е. Во транспортер сум ја возела минимално по совет од ортопед.
А какво е тос спортско седиште? Јас мислев тоа е транспортер Ние докај 3м убаво ја искористивме корпата, дури спиеше во неа денски, па некогаш и вечерно време, после почна да се буни оти сакаше да гледа и од тогаш во транспортер го шетам, а сега веќе во количка на агол од 45.
Мојот па ортопед препорача бебе да се шета во корпа, а во транспортер само во кола и да се вади на 2 часа од него. Моите двете во корпа си се возат, удобно им е и испружено си лежат, комотно за спиење им е. Колку спиење имаат удрено во корпа ехеее Транспортерот ги поти и не е баш пријатен, особено на топлово време.
Тргнете ја одма, мала му е веќе, стапалата ќе ги деформира ако удира со нозете во неа. Не знам колку месеци има ама подобро во транспортер или во спортскиот дел ако се спушта скроз легнат. Ако е веќе 4+ тогаш може и на 45 степени да го возиш. И тоа под главата ако е перниче извади го, треба да лежи на рамно. @1209 Тоа е спортскиот дел што го користиш сега. И мене најискористено нешто ми е корпата, за надвор и за дома за спиење ептен му беше погодена. Транспортерот мислам до кај 2 месеци само во кола го користев и за двајцата.
3 дела има нашата количка. Еден е транспортерот, за во кола, втор е корпата и трет е спортското седиште односно она кај што можеш да го исправаш. Од 4+ ни дадоа амин за тоа да го користиме и ортопед и педијатар и да ја кревам под агол од 45 ама некако не ми изгледаше дека и е удобно и се губеше во него. Затоа дури сега почнавме да го користиме по малку. Инаку не да поти транспортерот. Жива вода е ко ќе ја извадам од него, ич не го сакам.
И јас ич не го сакам, едвај чекам седиште и да го мафнам да не го гледам. Убав е, голем, син ми и повеќе од максимум го искористи бидејќи многу патувавме, ама гледам најмалку што може да го користам.
Здраво, прв пат пишам, а втор пат во темава со бебе 2 Денес 8 дена прави синко, дома сме од саботата, засега е супер се, цица, кака, спија, мене ми е чудно што е вака бидејќи првото не спиеше и беше плачко од болница, ова е бубаче спрема него, дали дека 38ма родено или вака ќе биди помирно Сакав да прашам купив биогаја и со првото неа ја користев, засега нема грчеви па не ги имам почнато, да чекам да има грчеви? Исто и капките Д3 и К не ги имам почнато на нив пиши после 2 недели да се почнат. Погоре читав за количките, првото од 4 и пол месеци го возев во летниот дел од количката под агол од 45ст, во корпата не беше можно бидејќи не сакаше да лежи и плачеше, корпата дома зимата ја користевме за да го заспивам, за надвор ич, транспортерот само за до болница, за прегледи.
Го извадив тоа душечето што е од количката и му ставив душечето од гнездото што беше подебело е за сантим само,а повисоко изгледа дека е зошто го поткренувам на 45 степени да е. Сега за една недела 5 ке наполни,вчера педијатарот ми рече дека може и на 60 степени веќе да го ставам. Ништо ке го сменам одма другиот дел,корпава ке ја спакувам.
Е така ми има логика, сега забележав дека е како поткренато. Требало да ја оставиш подлогата и да го врзуваш, сигурно има каиши заедно со количката и подлогата има дупчиња за да се протнат каишите. А вака со друга подлога невозможно е да се врзе со нив. Јас вака исто го возев поголемото, но обавезно врзано, не е безбедно да не е врзано ако не е во лежечка позиција.
Е па значи многу непримислено и небезбедно го направиле моделов. Ако седиштето во кое ќе седи полуисправен има каиши, која е логиката да нема опција за каиш корпа чиешто лежиште се мести на 45 °...
@0ли Мислам не ја разбра @АнаМаријаД Јас ако добро разбирам она го поткрева душечето. Не дека е поткренато или може да се поткрева фабрички. Претпоставувам заради рефлукс. Во секој случај има зошто корпата е корпа и се лежи во неа и зошто треба да се користи душечето од корпата. И мојата корпа нема каиши ама е убаво вдлабната и е скроз безбедна дури и сега кога е поголема и се превртува. Ама лежи на душечето што доаѓаше со самата корпа и само тетра замотана околу душечето зошто соодветна навлака не успеав да најдам со тие димензии.
Се дига само горниот дел не цело лежиште на корпата. Другиот дел цел може да се исправи и нормално има каиши. Го исправувам надвор зошто сака да гледа наоколу,несака да лежи само. А тоа душечето од корпата го извадив зошто материјалот некако го поти и преку тетра,затоа му го ставив од гнездото сунгерот. Плус на тоа од корпата се лизга многу надоле,таков е материјалот некако,незнам како да објаснам. Еве вака си седи исправено додека си седи е ок,ама многу почна да мрда и да се превртува и затоа мислам дека не е безбедно веќе па ке го сменам со другиот дел. И тој дел исто е со такво душече незнам кај да барам друго,ако знаете пратете ми. Зошто ова од гнездото не го собирс таму,тој другиот дел е подолг ама како потесен малце.
Аааа па не сфатив дека таа самата го поткрева лежиштето, не би ми текнало да не кажеше Јас сфатив дека само ги заменала сунѓерите. Мојата корпа има каиши и половина од лежиштето има опција да се намести на 45 степени за кога ќе почне да седнува, да може да се користи корпата уште некое време. Ќе излезевме од дома со поткренато и ќе задремеше, па ќе го спуштев во лежечка позиција за на рамно да си спие. Ама со каиши врзан, така е направена корпата.
На ова и мислев, не да се поткрева цело лежиште. Е па еве вака може да си гледа како на сликава. Поткрената половината од лежиштето, врзан со каиши и безбедно е, не може да се врти.
Мајки помагајте!!! Бебе е 6 и пол недели, цела ноќ не спиеше, ќе дремне пола саат и се буди, вреска плаче, бута рачиња во уста, вика на цел глас. Јас не знам како не се премори 15 саати да биде будна со дремки од пола саат 15 мин на секои 2, 3 саати. Едно време си помслив млеко немам, па да не е гладна, ама си полни пелени регуларно, башка гледам кога цица од устето млекце и тече, па дури и се прецицуваше и бљуцкаше што многу ретко се случува. Како и да е хохор стори Гледав на интернет, дека можно е да е 2 скок.. Како го поминавте 2от скок? Колку време трае? Што да очекувам?