И јас почнав да и давам и кај мене пројави реакција со грчеви и престанав да и давам ќе почекам до 6 месеци. Ако напредува добро одложи,и ако мојата има желба за јадење,со сласт јадеше ама мислам дека е рано. Последна контрола добро беше напредната и ми рече да почнеме од 6 месеци. Дали запримети најмногу од што и правеше проблем за да одложиш и да бидеш претпазлива кога повторно ќе даваш.
@Bubish26 почнавте ли да се превртувате? Мојава креваше нозе, пробуваше некое време и сега неколку дена штама, како да се откажа па и мирно спие, нема мрдање, нема тегнење. Ја фаќам за рачиња, се креваме нагоре, тоа добро и одеше ама сега на таа вежба почна да го крева газот и неможам да ја кренам. Што да очекувам? Инаку после 3 месеци некако се смири, фативме некој ред и е како друго бебе. Вака веќе се живее (ќе видиме до кога ) Какви се искуствата на другите за превртување на бебињата ваши?
Кога ја потуркнувам јас се врти лесно ама сама уште не може, само крева нозе и оди на страна. Почна ептен на глас да се смее, цица добро и спие за сега топ, денски спие по две дремки 2,5 саати што тоа за неа беше незамисливо ама предност има тпа што следам WW, а најмногу што спие во спална што е подалеку од дневна, па големава не ја буди, предходно спиеше во дневна и се штрекаше, на вечер сме супер истп ама сме цела вечер со брановите хаха ако се згаснат толку.. нема врска топ се спие вака. Фаќа сама играчки и одат директ во уста, тоа го совлада супер. Наводно влеговме во 4ти скок ама за сега нема рогови покажано, тоа го очекувам некаде кај 1ви септ.
И ние сме во 4ти валда, ставено ми е дата на раѓање, како повеќе да ми се совпаѓа, ама само 2 дена беше хаотично сега е супер мирна. Вчера ми заспа во 6 и спиеше сабајле до 8. Сега барам да се превртува па кога ќе почне нема да спијам
Преживеавме по пат,на граница за 20 мин поминавме и покрај огромните колони, сега сме домче. Само прв пат во овие три месеци синко нема какано. И мислам денес дека ради тоа плачи, се жали цел ден. Еве и сега се разбиди плачеше се виткаше. Ке видиме како ќе ја поминеме ноќта, утре сме на советувалиште баш да видиме колку напреднал и да почнеме со вакцините, редно е ( ама имам и мал страв како ќе реагира ) Добра ноќ мамасити
Само спреми си за ладење на местото да имаш, оти јас немав ништо купено и дента не преташе со нозете воопшто, ако претнеше вриштеше на цел глас, па свати душичка дека ја боли и како препарирано седеше . Температура не крена.
Ова 4тиов скок ке ме мрдне од секирање. Мали господин несака да пие млеко како што си пиеше по 150мл сега само по максимум 80 пие. Страв ми е да не почне да паѓа со килажа.. Прееска пак какаше зелено,изгледа дека е гладен. А му давам несака. Кај вас како беше со одбивањето храна? Иначе мојов се превртува ноќе во ниедно време се буди се врти на стомак па кенка за да го свртам на грб и одма пак на стомак се врти и така цело време,без сон останав
Мајка со лесно 4тиот скок е доста напорен Да, и моето одбиваше јадење. Така ќе биде периодов, навикни се полесно ќе ти е Ги совладува новите вештини во спиење. Вежбајте повеќе преку ден, додека не ги совлада така ќе си вежба само додека спие.
Фала ти. Иначе ние преку ден нонстоп вежбаме,ставам и тетра на спална се превртува нонстоп лиги ми е и спална и се намокрено,доста време играме ама нека е жив и здрав не застанува ни дење ни ноќе.. Денес му купив и подлога за играње со такви играчки што висат да пробам и така. Доста е напорно да,громчето тек допрва доаѓа
Исто е и моето Не застанува, како моторче да има инсталирано И јас го вежбам по цел ден, ама додека не совлада сето тоа сам да го прави, сеуште учи Ќе помине мајка, после друго ќе дојде и цело време така ќе е
Аааа да се опремив со тие налепници што се лепат од кога се прима вакцина за ладење мајка работи во аптека па се не обезбедува што ми падне на ум
Моево со вртењето најмрзливо е изгледа, еве заврши 4ти скок ама од вртење абер нема, мислам пред некој ден де вртеше од стомак на грб, ама само тогаш и не проба пак, на спална особено нема шанси да се сврти, само долу. Ама пак затоа се тегне за седење и седи дури не само што се тегне и два заба гребкаат по малце, ама вртењево ќе почека. Изгледа ради забите е нервозен ноќно време. Вчера бевме на снимањето за хидронефрозата, многу е лошо, едниот бубрег е со стрноза, а другиор што мислевме дека е здрав уствари има рефлукс, катастрофа, се испонервирав што не го донесов побрзо детето тука да го видат, во Лондон толку го занемарија…мада не дека ќе се спречеше де, нема што да се направи за сега. Уште едно снимање да видат функција и ќе кажат што да правиме. Он вчера кога му ставија катетар се изнаплака, ме гледа жално, како да ми вика мамо направи нешто, а јас не можам, го држат за нозе он писка, јас плачам со него, хорори, срцето ми се искина.
@1209 Сакав да пишам колку ми е тешко и напорно,како не сум спана 2 вечери со ред и такви сл. работи ама кога те прочитав мислам дека нема за што да се жалам кога ти мајка поминуваш низ најтешкиот период. Биди храбра и утеха на своето бебе