Вика да-да-да, ба-ба-ба, прави балончиња и дува фффффф не знам како да опишам, вика Де-де, адааа, се смее на глас често и знае да писне од среќа.. во моментов на ова ми текнува. Твоето какви звуци испушта?
@Снегулк@23 Отприлика исто и мојот како на Нала, за неколку дена 5м ќе направи. Баб-баб, ба-мам (моментално во живо го цитирам ), ка, кае, аг, г. Извици од среќа, возбуда, балончиња...
Не памтам да сум го слушнала буквата К да ја изговара, а Г-то да. И тоа агуууу агуууу @Снегулк@23 некои деца си пискаат повеќе. На другарка ми малата скоро година уште писка нон стоп . Мислам и мојот имаше период кога пискаше ама кратко му траеше, може кога си го откри гласот
Најчесто писка така кога е само оставено на кратко, додека сум во тоалет или му спремам млеко, кога ќе дојдам кога ќе ме види се смее
Ау моето многу писка, како динoсаурус да чуваме дома, кога ќе се записка по саат време, ама и ржи дури не само што писка, се напнува, а ако се смееме уште толку, исто и балончиња прави и брмчи со нив.
Мамички каков ви беше трет скок? За 4 дена треба да ни почне според апп. ама јас и сега забележувам промени, навечер ми се буди почесто, дремките дневни се многу кратки, цица по малку и се врти на сите страни додека цица, се го интересира.
Апликацијата е thewonderweeks, се пресметува во однос на терминот на раѓање(due date). Пиши ми на лп ако сакаш, ќе ти ги сликнам.
Бебе сабајле ми се искака како зелено жолто повеќе на кај темно зелено беше, не знам да одредам, ми кака секој 3 ден и тоа до гуша беше искакан. Дали е можно да е од чајот од ким што го пијам јас или ми е настинат?
Јас имам читано дека таква кака како зелено жолта е резултат на послаба дигестија, дека храната поспоро е преработена. И синко знај да има еве сабајле му беше таква, ама од вчера сабајле не се имаше искакано, а обично какаме два до три пати.
Ние засега супер го поминуваме третиот скок, утре ние громчето. Забележав многу повеќе писка и вика последниве неколку денови, супер е со дневните дремки следиме прозори на будност, навечер исто така добар е почна да ми се врти на страна и на стомаче на спиење па ке го вратам на грб и почнува да плачи, за цицањето исто се го интересра и плачи па го смирувам со цуцла па за да фати.
Син ми не кака секој ден, многу ретко да кака едно по друго два дена па секогаш му е сенф жолта каката.
Следам и јас прозори на будност ама секогаш му биле кратки дневните дремки-околу 40тина минути, вчера се будеше за 20 минути, денес се врати пак на 40. Навечер ми де буди во 4h и тешко презаспива инаку е добар. Почнува и тој да се врти на страна ама се нема превртено.Ајде баш ќе видам наредната недела како ќе бидеме
Споделив јас што прочитав а дали е така не знам. Најдобро да си праша педијатар ако продолжи таква каката. Еве синко сега какаше жолта му беше. А сабајле малку на зелено маваше. Ама мислам дека со настинато нема врска. Тоа е мое мислење не сум лекар
Син ми има зелена кака постојано, мн ретко му е жолта,напредува повеќе и од кило месечно (не е да е гладно) ,прашано доктор,се додека е зелена без мрсули внатре е нормална.
Дали и вашите бебиња ги превртуваат очите додека цицаат? Мислам дека кога ќе почнат првите неколку капки се случува ова, ги превртува очите наназад во стил “this is the shit”. Малце е и крипи додуша хаха.