Моето да,но во спиење/заспивање. На цице не сум го забележала. Што значат мрсулите? Моето има нормална, сенф боја кака. Некогаш со зрнца, некогаш без. Но некогаш има такви како лиги во каката,се тегнат од газе кон памперс при менување.
Дали некој има искуство со интолеранција на лактоза? Моето кога имасе 7 дена му се појави крв во столицата тогаш беше само на доење.ја префрлија на аптамил адц и беше ок.сега рекоа да смениме со аптамил обичен па да видиме како ке биде. Што правевте во ваква ситуација и што значи ова за понатаму? Кои симптоми ги имаше вашето бебе?
Ако е зелена со мрсули може да е настинато или вирус,на твоето е сенф боја така да сигурно само си се чисти ако има мрсули во нос.
Ние сме исти. Утре правиме еден месец, а веќе неколку дена е исто со спиењето како што викаш. Преку ден спие по 15тина мин., цица по цееел ден, ќе заспие додека цица кога ќе ја оставам се буди одма, а во раце ќе си спие. Навечер пак исто едвај заспива овие вечери и тоа со помош на цуцла да се занесе малку. Си напредува супер и си кака, само понекогаш додека се искака се стега многу. Да не е првиот скок или рано е?
Мајки на почетокот е така скоро кај сите, бебињата на таа возраст не цицаат само од глад туку и ради близина, утеха…сите скоро спијат во родителите и ретко кое е мирничко да спие само. Моето беше на формула тој период и само спиеше ноќеска, ама преку ден сакаше да е во раце постојано, да бидам искрена и јас сакав, убаво ми беше да се галиме и гушкаме, знаев дека е многу мал и уште не е ни свесен каде е па сакав да му пружам утеха, нежност, топлина. Првите скокови не се толку изразени, оти во глобала бебињата уште не се свесни, веќе од 3ти може ќе осетите разлики. Знам дека е многу тешко, некогаш не можеш ниту да јадеш ниту до вц да отидеш, ама ќе мине многу брзо, моето скоро 5 ќе биде, јас не знам кога поминаа овие месеци, како вчера да го држев во болница, знам дека е клише ама ќе ви недостига тој период после. Инаку и стегањето при какање е сосема нормално, има период кога се учат да ја контролираат таа група на мускули и “вежбаат” , иако делува како да се мачат не е така, само вежбички се. Ова не важи кога и плачат при тоа, тогаш најверојатно се грчеви. Држете се ќе помине
Еве што најдов Sluzava stolica Pojava sluzave stolice se često viđa kod beba koje pojačano luče pljuvačku usled izbijanja zubića. Gutajući veće količine pljuvačke, stolica može poprimiti sluzastu teksturu. S druge strane, učestala sluzava stolica može biti indikator stomačne infekcije. Ako primetite da beba imamo konstantno sluzave stolice u periodu od nedelju dana, obratite se lekaru ili pedijatru.
Па искрено не приметив разлика да речам од ова или она. Од прв пат кога дадов почнаа грчевите и цела недела исто, и престанав да давам и еве уште не може да се стабилизира. А најнеутрални работи дадов компир, морков, јаболка. Вчера на контрола ми рекоа да продолжам ама по малку од прстот да лизнува зашто од 6ти месец веќе ќе треба поголеми порции и да не и дојде наеднаш.
Значи да не се секирам што не спие. Чудно ми е викам бебе од 3,4 недели да не спие по цел ден, кај го има ова
Превртува очи, подзамижува баш онака "this is the shit". Ептен покажува дека и е убаво, дека ужива. Што знам, мене не ми е крипи, уживам и ја со неа
Па мооже и првиот скок да е.И моево исто се стега поготово на цицка кога е, испушта звуци како да '' ржи''. Твоето барем се залажува со цуцла, моево се гади не сака да слушне хахахаха. Ајде ќе пркнат уште малку ќе си направиме некој ред.Гушки до бебушот
Колку убавио ни објасниии. Многу ти благодарам, и јас мислам така еднаш се волку малечки, тешко е ама ајде да уживамееее овој период не се враќа пак
Не може да има нетолеранција на лактоза бидејќи лактозата ја има и во мајчиното млеко. Нетолеранција на млечен протеин е најверојатно во прашање. Ние сме така, и сме на доење, јас моментално не конзумирам млечни производи и има подобрување. Ќе пробаме со провокација за околу еден месец, да видиме дали ќе има реакција.
И јас сакав да коментирам за ова, некако премногу агресивно ми е префрлање на ад заради интолеранција.
Мислам дека има многу конфузија околу нетолеранција на млечниот протеин, се меша многу со лактозата, што е скроз различно. Не знам зошто се префрлиле на ад, може да се елиминира и преку диетата на мајката, кај нас после скоро еден месец овој пристап имаше резултат.
Можеби ама може и стварно е интолеранција на лактоза. Не знам кој би можел да каже со сигурност без тест. Моето кога цицаше имаше грчеви до 5 месеци, лигави и течни столици, 1-2 пати крв во столицата ама го доев до 14м, никогаш не се спомна одбивање. Ако е веќе казеинот проблем тогаш нема подобро од мајчино, само мајката да исфрли млечно. Во секој случај одбивањето не го сфаќам ама ајде да не се правам доктор.
Ама лактозата ја има во мајчиното млеко без разлика дали мајката конзумира млечни производи или не. Може затоа предложиле преминување на ад, не знам. Ретко се дијагностицира нетолеранција на лактоза кај бебиња, најчесто е проблем со кравјиот протеин. Крв во столицата веќе сигурно упатува на проблем со млечен протеин, а не нетолеранција на лактоза, која најчесто се манифестира со гасови и болка во стомакот.
Испитано е млечен протеин, не е. Баш дека има лактоза во мајчиното млеко може да има проблем со лактозата ама пак не сум сретнала педијатар што ми рекол префрли го на ад.
Тестот не е баш сигурен показател, бидејќи ако се работи за нетолеранција, а не алергија, телото не произведува Ig антитела. Затоа и не се препорачува ваков вид тестирање на деца под 3 години, бидејќи нетолеранциите најчесто се надминуваат околу оваа возраст. Ние моментално минуваме низ истото, но не сме Мк, и на почеток бев многу скептична кога ми кажаа дека не може да се тестира, и дека за видливи резултати треба од 4-6 недели, бидејќи доколку веќе стигнало до крв во столица, треба време за да се регулира цревната флора. Ама ете, после 4тата недела откако јас исклучив млечни производи од исхрана имаше резултати.
Така да, и да си тестирала секако препораката ќе била да исклучиш кравји производи колку што те сфаќам. Во секој случај пак би продолжила со доење, моментот со ад не го разбирам кај членката што пиша. И во ад без лактоза постои мал процент на лактоза.