Житарки чисти немам давано. И на почетокот на воведување на цврста храна и сега ги давам во комбинација со овошје и зеленчук. Подготвувам со вода само. Моето шише не прифати воопшто. Вода од чаша отворена пие или евентуално од оние со сламка. Ни АД, ни млечни каши воопшто не сака. Само пробува, прави фаца на гадење и плука. Слободно со вода може да ги правиш. Јас давав прво зеленчук/овошје да проба. Па кога стигнавме до оброк мешав со житарки.
Zdravo mamicki sinceto mi e 4 meseci i uspivanjeto ni e strogo vo kolicka.. Dali imate nekoj sovet kako da go odviknam od taa navika za taka da zaspie? Vi blagodaram
Таман ќе се намалат, на таа страна кај што ќе лега на лицето пак поцрвенуваат. Така беше или ова да не е друго нешто
Тоа е, ќе исчезнат за некоја недела. @Shaya обилно повраќа? Јас мислам дека омега не треба на толку мало, кој ти рече да даваш? На моите омега пишува од 3м, а и самиот доктор ми рече од толку комбинација, до тогаш дамо Д3 давав. Мислам дека жолто повраќање, сеа зависи колку жолто, не е нормално.
Педијатрот во Систина ни ги препиша... Инаку еднаш поврати жолто и обилно, после тоа си јадеше нормално и бљуцка пак бело. Па денес не му давам...
Кои му ги даваш? И да не му даваш засега нема да штети ако мислиш дека е од тоа, колку што знам, а и колку што ми кажаа докторите препорачливо е од 3м омега, јас од тогаш почнав. Исто да знаеш не се пери повратено од омегата, јас еден куп облека му уништив додека сфатив дека не се пере и дека се му е пожолтено од тоа.
ги зимаме бебитол. Вчера првпат му смешав бебитол д3+к1 и бебитол д3+омега, а потоа и колиеф. 5 саати после тоа поврати ко луд. Претходно му давав само д3+к1 и биогаја
Јас давам омега од 8ми ден мислам и никогаш не бљуцкал жолто, не верувам да е од тоа. Жолти флеки јас па мислев од млекото се, се вадат ама треба да ставиш 16 средства. Јас користам Пинк Стаф, Арис де Грас, Омнио Бланко и Др.Бекманс.
Мајка однеси го на педијатар, можеби бебе има рефлукс. Па да ти дадат адекватни капки за тоа. Инаку ако си напредува добро да не се грижиш премногу, можеби се прејадува. Кај мене во комшии бебето не знам до колку месеци блуцкаше во млаз а супер напредуваше. Исконсултирај си се со педијатар најдобро
И јас давам од почеток и никогаш не ми повратил. А за флеките леле на едно лигарче имам жолта флека се чудам од што е, никако да излезе. Да не пишевте за тоа ке се чудев се уште од што е зошто од млеко знам дека не е
Еве само што ни јави педијатрот и рече да престанам да му давам д3 и омега, најверојатно кај сите бебиња не прија
Секое дете своја приказна. Јас почнав со вигантол денес ( тоа е д витамин ), и ако му престанат грчевите, ќе се отепам жими се, зошто педијатарот ни рече babytol D3+K1 знаат грчеви да створат. А јас упорно ги давав ради К1 што имаат плус.
Мамички како сечете ноктиња освен додека спијат со ноктарица? Да не има некоја да сподели искуство за со електрична?
Мајка јас мислам дека многу си му измешала, види упатство на бебитол, има какос е комбинираат, плус Д3 таа доза да не е многу за толку мало бебе? Јас дупла доза Д3 дури сега почнав да давам на 4+м по препорака на педијатар и Д3 вишка не е добро. Моето по препораки од Лондон каде што се роди пиеше само Д3 една доза и пробиотик до 3м, давав и капки за грчеви кога имаше потреба. После 3м почнав со Д3+омега, а сега на 4 давам една капсула и плус капки Д3, дупла доза.
Јас со турпија му ги поминувам, купив во зегин ноктарица, ножички и турпија комплет. Сега засега со турпијата најсигурно ми е, за со другото ми е страв искрено, оштри колку му се дури се чудев.
Што да ти кажам, прво дете па си го слушав докторот што ќе каже, цела недела му давав д3+к1 и биогаја пробиотик и немавме фрки. Бебо си бљуцка често, неколку пати на ден ама ми рекоа дека тоа е нормално - и нутѕ еднаш не беше толку многу количински и жолто како вчера, откако му додадов д3+омега и колиеф (а не ни ми делува ко да има грчеви засега). Препораката беше сабајле д3+к1 и д3+омега, преку ден неколкупати колкеф (24 капки низ денот со млеко) и навечер биогаја. Денеска сме само на д3+к1 и вечер биогаја, да се смири малку од шокот вчера
Види не сум доктор, ама ако нема грчеви не му давај капки за грчеви, биогаја смени, на многу деца им прави запек и проблеми, пробиотик јас сум задоволна од диастоп. За вит К не знам оти мене во Лондон не ми даваа, туку инекција на раѓање имаше вит К и тоа е тоа, ама ако е на формула има и во неа вит К, па ми рекоа нема потреба. Д3+К продолжи да даваш, омега давај или само омега ако најдеш или не давај, оти вака дупла доза вит Д за 2 недели бебе е многу.
Jas so turpija i gi kratam....za so noktarica mn i se mali a ostri plus preta so racete i na dva pati koga probav taka i gi secnav prstinjata greota