Само што сакав да речам дека изгледа само моиве деца не се успиваат со такви звуци и ако пуштиш додека спијат, се будат
Заспива бебево со бели звуци ама мене претерано ми сметаат,жива ненаспана сум. Ако пробам да ги исклучам одма се буди
@Panovic еве уште малку 1 година, уште со звуци заспиваме фамилијарно. Мене ќе ми фалат ако престанам да пуштам. Пробај постепено да го намалуваш звукот.
Утре примаме прва вакцина. Бебе е 8 недели. Што да правиме доколку крене температура? Овде ми рекоа парацетамол не се дава на бебиња под 3 месеци.
Кај мене првото може до 2,5-3г, па после дојде бебе па продолжив, па и третово дојде и јас 6г без фен не сум заспала намалувам кога ќе заспијат, ама им одговара на сите.. ма да јас им го пуштам највеќе преку ден дремките на двајцава за да не се будат еден со друг.. фен, затворена врата и да спијат иначе на еден крик одма некој се буди, поготово бебе
Каде ти рекоа, која земја? Пошто на самиот сируп пишува 2+, така да не ги слушај, ако крене над 38 дади му, ем за болка е, не само за тт, и земи лепенки и ладни облоги за местото. Со лесно.
Холандија. Овде и гледав сирупи и на нив пишува после 3м, овој пример: Ќе може да ми кажеш конкретен сируп со 2+, да се обидам да го најдам тука? И какви лепенки поточно? Ти благодарам за брзите одговори секогаш Милиони прашања во глава
И мојот така правеше коа почна 4 скок, поча саат дремки и се како недоспан и уште помервозен,и нонстоп во раце.. со лесно мајка
Мојот е calpol се вика, јас во Англија живеам, ама мора да има некој што е за 2м, види на интернет или на амазон. А лепенки, јас не земав оти не најдов ама тука ги препорачуваа, јас ќе натопев едно памукче и ќе го ставев така да се олади во фрижидер и ќе држев на местото, само без да притискаш.
Напиши white noise на ут ќе излезе. Моево не ги сака освен ако не се стварно вистински звуци од фен, вентилатор, перална, ама затоа многу ги сака од Гибли студио. Јас додека бев бремена гледав многу аниме, јапонско асмр, цртав сцени од Гибли и тој ги слушаше мелодиите во мешето и кога се роди така го смирувавме, уште ги сака.
Бубе аман бе, не ти сметаа воопшто. Јас сум навикната во тишина и во темница да спијам. Поголемото дете така во тишина си спиеше ама ова татко му го научи да спие со звуци и сега мака мачам... Преку ден сеедно ми е нека има не ми пречат ама навечер многу ми се чини цело време сум будна
Мојата е 2 год и 7 месеци уште спие,може дека и со бебе продолжив а сите сме во иста соба, но и мн лек сон има, се размрдува скоро на секој шум.А искрено и јас се навикнавЕ сега колку е ова добро или не,нека сподели некој ако знае.
Кој е процесот за пријавување на матичен педијатар кај новороденче? Кои документи, дали бираш лично ти или по општина мора да биде? И дали се сеќавате кога ви беше првиот преглед после породување? Јас наредна недела се пораѓам и овие информации не успеав никаде да ги најдам. Фала ви женски
Бираш ти кој сакаш. Нас првиот преглед ни беше на точно 2 недели кога направи бебе. 10 дена после пуштање од болница.