Се јавивме кај што сакавме педијатар прашавме дали треба веднаш за 3 дена како што стои во картончето при излегување од болница, ни закажаа за од прилика 10дена прв преглед до картончето а после тоа веќе имаше здраствена книшка ...се надевам објаснив
Педијатар си бираш ти. Го упишуваат кога ќе му излезе матичниот број на бебчето и му отвараш книшка. Прв преглед ние имавме отприлика две недели откако се вративме од болница. Мислам беше нешто помалку од две недели. На испис од болницата ќе те советуваат кога да отидеш. Со лесно да ти е и со убава мисла.
Prv pregled ok,posle ja nosevme nesto pred dva meseci bidejki i bese gazeto isfrleno i sega ponataka koga treba da ja nosam na pedijater? Denes napolnivme 2 meseci,sega znam deka treba do 3 meseci da ja nosam za vakcini i na ortoped....za vakcini mi rekoa kade sakame ja nosime i ke ja pregledaat i bocnat,a za ortoped treba maticniot pedijater da mi zakaze taka li?
Со 2 полни месеци се препорачува да се направи првиот преглед на ортопед. Државно тешко се наоѓа термин,ако до сега не сте закажале тешко дека ќе најдете во скоро време. Ние со првото,а и сега со второво дете на секој месец одиме на контрола кај матичен педијатар.
На 2 месеци се носи на ортопед за колкчињата, исто на 2 месеци се почнува со вакцини, Дитепер 1ва доза со првото, тогаш рота немаше, сега мислам и таа е се почнува од 2 месеци. Ако е нешто сменето поправете ме
Јас носам на контрола кај педијатар еднаш месечно. За ортопедски преглед и ехо на колкови се носи што порано тоа подобро. Моите две ги однесов рано. Првото околу месец и нешто мислам дека имаше, а второво кога имаше 3 недели. Ако одиш на приватно, закажи си сама. За вакцини мислам до 12-та недела беше дека треба да се оди за да се фати првата доза рота.
Женски што е ова ладно време? Ние дојдовме од север да се стоплиме малце, тука поладно од таму испадна. Супер поминавме по пат, само јас бев многу напната како ќе биде се, воглавном цел лет го преспа, а мене ме стегна таква главоболка на сред лет, ваљда пошо се опуштив конечно. Битно сме дома, уште сонце да не огрее, од утре се почнува со шетање по администрација за документи
Кој знае колку сум испуштила.. ние смњ пред громчето на 4ти скок ама сега за сега нема рогови.. еве не знам, очекувам следниве дена. Со првото беше страшно, ова за сега се држи добро. Вежбаме повеќе дење. Се плаши бебевo од дрвја луѓе, значи кај и да одиме надвор кај што има плаче, а е многу кротка. Мрсули имааа шо да ви кажам, 3-4 дена се мачиме со влечење, прскање, подобрување никако, се гуши буквално. Промена и дојде од кога дојдовме, нас не фати жешко и дома беше пеколно, испоти се, со отворен прозор спиење и толку. Па на море бевме, 35 степени надвор, влегување лидл 18, излеговме икочени сите. Иако нема проблем со друг да ја држи, ако ме види знае да закенка, но подобро е дефинитивно него со Н., неа па ни татко и не ја крена од врискање.
Ич хаха се исклучил телефонот и се сецнавме сите, маж само промрмори да не гасам а и тука Ск спалната гледа баш на улица и овие со моториве ако немаме бели звуци ќе не остаат без спиење, има 1-2 шо цела вечер кружат и брмчат најсилно.
Леле јас мислев само мене ме полудеа моториве ама изгледа не сум единствена, значи од ништо дете не се штрекнува ама од моторите абе ум си нема, цело време сме со затворени прозори, катастрофа, само се фрчи нагоре надолу со веспите, ужас. Леле луѓе детево мое се намачи со забиве, многу е нервозен, со денови немаме спиено, полошо и од скок. Давам глодалки, масирам, сега порачав некои гранули, он ми тегле раката моја да става во уста дека вајда потврди зглобови, се што ќе фати става во уста, тетра пелена кога ја зашмука, ако му ја тргнам одма вришти на цел глас. Вчера му дадов парацетемол, да поспие малце, жален беше ептен, неспиен со денови. Малце има врв излезени, белким ќе мине скоро.
На големава гел и помагаше многу, од колку ммогу изгледа шо и ги смируваше, кога ќе го видеше радости беше. Глодалките во замрзувач ги редев малу. Не знам како му изгледаат непцата ама мојата на 9 месеци извади заб, а тоа нервозно гризење почна накај 4ти месец.
Исто. @1209 Има еден гел на Фрезидерм, тука педијатриве го препорачуваат. Некои мислам дека пишуваа со наводенета тетра на врвот и во фрижидер да се подизлади и да му дадеш да ја гризе. Инаку, моториве на нерви ми одат и мене, среќа заврна за малку мозок да се одмори. Не можеше човек раат да прошета без да нè усмрдат и да нè оглуват.
Кажите лек за кашлица и затнато носе кај 4 месечно бебе. Му ставам капкички Isomar и ги шмукам мрсолчињата со аспираторче, најчесто не излегува ништо. Додека спие навечер почесто се накашлува. Каката му е темно зелена, никогаш не е била таква, незнам дали од настинката или што почнавме со кашичкк. Ве молам за совет
Нека спие на перница, малце под агол, пушти го тушот да направи пареа и седи внатре со него 10-15 мин, па после пробај со аспираторот. Кај нас добри две три недели траеше настинката.
За тие што се жалат од 4 ти скок. Тек чекајте да видите што е 5-ти . Лепенка 24/7, не можам вода да се напијам, вриштење на најјако. Бебе извади 2 запчиња и почна да се влече доле како полжав. На 5 ипол месеци
Не ама има групи на фб за порачување, Германија ги има, ако најдам некоја група ќе пишам тука, пред 4 и пол год порачував по луѓе што си идеа од Германија. Има и гел од истите Оса гел и него го имав. Еве што се имав купено за првото сум ги чувала во фрижидер..
Каснам за од Германија. Ама гледам на гугл и во Бугарија и Србија ги има. Сепак, ако најдеш група сподели те молам. Фала ти
Види тука, сега побарав на фб, прават нарачки. Хомеопатски се иначе, гранулите, мн се ситни и се ставаат под јазиче, се топат брзо, по 8 мислам се ставаа, не памтам точно, ама единствено нешто што малку го смируваше синко.