Баш се чудев како се користат, ми разреши голема дилема. Фала мама. @Cence уште 14 дена до крај, ситно броиме
Мајки мм го пратив по памперс, купил некој во дм од бејбилов ама треба гакички за да се користи ми стои цело паковање така има ли такви гакички да го пратам да бара во дм барем да го искористам
Е вакви се, ја не знам како ги ископа човеков Каква бев залетана да му ставам гледам нема лепенки да залепам после прогледав што е работава
Дали кога ги кревате бебињата од лежечка положба, држејќи ги за рацете, имаат добра контрола на главата? Син ми има 4 месеци и сеуште главата му паѓа наназад кога се обидувам да го кренам вака. Иначе стабилно си ја држи главата, сам се исправа за седење ако го држам во раце, само од оваа позиција нема стабилност во вратот. Денес дојдов на педијатар, нели сме во Мк и ајде реков на преглед. Абе ми се плачеше кога излегов, ова не чини, она не чини, излегов со 5 рецепти во мене. Досега никој ништо не ми спомнал за вратот и за вежби, впрочем скроз спротивно, секогаш ми викаа дека има добро држење за возраста. Не знам дали да го форсирам со вежбиве, дали вие ги вежбате?
Никогаш така не сум го вежбала големиот, а ни сега бебево. Секогаш сам си зајакнувал. Никој за големиот не ми дал таков совет, а за малата такво нешто само педијатарот кај вакцините ми рече. Нема потреба ние да ги тегнеме за раце, може и штета да се направи повеќе отколку корист. Ортопедот ми кажа не е твоја работа да го вежбаш детето ништо, остави го. И го почитувам тоа. Таму го проверуваше така и ми нагласи дека не треба да го правам тоа што го прави тој (тогаш одев кај Антоније). Ако ти е шубе, би ти предложила да го однесеш кај Александра Димова и ќе ти објасни ако нешто се секираш.
На контрола бевме пред да дојдеме Мк и коментарот беше дека супер му е држењето за возраста, и таму истата вежба ја направија ама не ми прокоментираа ништо. Тука ми вика како така не го вежбаш, 10 пати дневно да сум го вежбала и да се јавам на преглед за две недели.
Бебе никако подигање за раце. Тоа само лекар треба да го прави. Дома не. Така ми кажа педијатарот и плус читав за тоа дека тоа не треба. Јас мојот не го вежбам. Сам си почна кога беше спремен, потоа само јас му помагав да свати каде рачињата, конкретно кога почна да се врти на меше зборам.
Глупости, какво 10 пати вежбање Таа кај вакцините ми вика го вежбаш? Викам не. Ме гледа чудно и ме праша е како вежба тогаш? Велам само. Само? Неее треба да го вежбаш. Преќутев, не сакав да се расправам, сакав само да завршам таму. Значи, те молам, не се секирај. Најдобро е сè сам да си прави и ништо, ама во ништо да не му помагаш. Многу се интересни децата, сè знаат да си направат. Ништо ниту треба да го вежбаш, ниту да му покажуваш, ниту да му помагаш. Точно знаат како да се наместат за да се свртат, за да седнат, застанат, заодат.
И јас еднаш купив и немаше гаќички, веќе мислам одамна не носат во ДМ (така тогаш ми кажаа) Прашајте пак за секој случај. Глупост невидена е ова + скапи се
Фала ви женски, искрено педијатарот имаше многу лош однос, излегов од ординација полна со прашалници и недоумици. Нема да го следам советот и да го вежбам како што ми кажа, а и најверојатно ќе посетам нова ординација.
Оди кај Алксандра, јас многу сум задоволна од неа, како се ми објасни и како се понашаше си него. И она ми рече никако вежбање, само оставање на меше, на под и ќе си научи само се што треба, јас само да го бодрам и да го занимавам. Не се сеќирај, веројатно се е во ред и се ќе си научи бебе. Него го заприметувам моето на моменти се стресува и испушта некој звук како ние кога се ежиме пример. Не знам како да објаснам, си мислам дека кога ќе се измоча, ама денес уклучив фен да го сушам и пак така направи, дали на сензации реагира или нешто проблем има, вашите прават вака?
Правеше и првото, а прави и второво, само не ми текнува, мислам дека без звук И јас си мислев дека моча тогаш.