Имаше некој мајки кој кажуваа дека децата ги креваат нозете нагоре и ги спуштаат дур спијат? Прета бре луѓе момава,лом прави,упорно го трга ќебето,глава, нозе, раце се е то мрдање,претање, а спие..
Моево така мислам дека прави кога има гасови. И цела ноќ покриј ја - отскириј се. Затоа со вреќа сум пораат. Дали си забележала дека тоа го прави во одреден период од ноќта? Мојава на пример после 6 наутро така прави.
да ве прашам за совет и идеи, од што може две неделно бебе (10 дена има) да не сака преслекување пелени и што да пробам:: до вцрвување плаче вриска, уште кога ќе почнам да го слекувам па додека го кренам во раце пак. Само на грб да лежи по не му е проблем, ама преслекувањево ми е жал а не знам што да пробам. не ќе му е ладно дома е 27 степени, не е баш само на бришењето на марамчињата да реагира, некогаш многу импулсивно рацете ги крева и уште повеќе плаче, можеби го нервира тој рефлекс? Играчка или музика шарено светло ништо уште не перцепира.. Имате ли некои идеи?
И мојот плачеше така кога ке го соблечев. Ама се мена сега ужива гол. Читав некаде демек облечени се осекаат сигурно, како да се држат. Пробај ако имаш некој дома да дојде прст да му подаде да фати, дур ти го преслекуваш. Моето така ќутеше. Ама ќе смени тоа не се секирај. Сега мојов а пелена ставам почнива да цмиздри, сака гол
Кај мене така правеше месец и пол не сакаше никако гола да биде,ќе помине издржи. Сега не можам да ја облечам,сака гола да биде.
Што значеше флуоресцентно жолта кака? Три пати дур бевме на одмор се искака зеленкасто-жолто, а денес еднаш жолто сенф и еднаш флуоресцентно жолто. Плус ми зачести со какање, обично преку ден два какаше, а сега почесто. Или измрзнал од морето или промена на клима, моја исхрана.. не знам. Други знаци на настинка нема, освен прееска што му кркореа цревцата, ако е тоа некој знак воопшто.
Ќе уклучиш фен на млако да дува, во него ама од подалеку, за да не ја осеќа таа сензација на ладен воздух, место марамчиња ќе ди земеш млака вода и вата и така ше го бришеш, марамчињата ем се ладно ем ја иритираат кожата па ќе направи пеленско осип. Јас вака правев кога го донесов од болница, таму првите денови ми зајдуваше на пресоблекување, после овие трикови се смири, може и плус некој да му збори додека го соблекуваш.
Моето цело време го прави тоа, без разлика дали е во скок или не. Кога прета така, ставам рака на меше и осеќам дека внатре нешто и' ровари. Пробај чисто да видиш да не е мешето. И кога и' е топло или ладно знае така да мрда.
Моево не плачи ама се плаши, мрда, прета со раце со нозе како панично, го фаќам за рачињата и се смирува, ич нејќи преку глава кога го облекувам, па боди му слекувам надолу дека се широки горе во вратот бодињата, некогаш и од долу му го облекувам за да не одам преку глава првото мн плачеше првите 2,3 месеци, исто и за капење мн плачеше, да се препотиш дур го облечи. Ова досега супер е сака и да се капи, глас нема пуштено. За покривање да се не се открива првото го покривав до глуждови, стапалата не покриени, така си стоеше покријан вреќа е најубаво.
Дали мекоја имала остри болки во градите како со нож да ги боде одкога бебе ке заврши со цицање. Вака на допир не болат и нема згрутчување али болка одкога ке се нацица едно 10 мин неможам да си дојдам при себе. Дали може да е некоја почетна фаза мастит или пак млечните канали кога се полнат пак ме боли. Било каков совет е добредојден. Бебе има 2месеци
Tи пишав во темата за доење. Дали болката е од доле према нагоре кон брадавицата? И странично од под пазува кон брадавица? Јас имав такви во првиот месец,исто тука прашував и други членки пишаа дека имале. Веројатно е нормална појава.
Neznam da opredelam kako odi bolkata ali najvesto se javuva vecerno vreme. Fala mnogu me fati strav i dobro poznatoto pravilo. Sekoj somnez e pogolem za neraboten den ili vikend.
Мајки кажете што козметика да земам, сува и е кожата, особено сега после бебешките акни. Користев неколку пати од Бејби лов, мислам дека од тоа и се исуши, не и одговара. И пред два дена и се појави меѓу веѓите жолт коруз, без ништо претходно. Не знам баш како да го објаснам. Тоа не и е од козметика, бидејќи само еднаш одамна и ставив крема на лицето и толку. Дали имал некој искуство со такво нешто?
Јас ја немам пробано ама на мм внуката имаше сува кожа уште од раѓање, Мустела користат и ден денес презадоволни се.
Mojava e 2 meseci i kozata i e mnogu suva,zemav bioderma i super sme sega za sega....za pelenska regija koristam weleda