Биодерма маслена купка и атодерм лосионот о за двете и на лице им ставам кожата им е мека и не сме имале никаков проблем
Тие што користеле колиеф, дали треба да се чека 20 мин и доколку капките се раствараат во лажиче со мајчино млеко? Педијатарот ми кажа така, ама на упатството не пишува да се чека.
Кога го држиш за рачиња, дали при влечење/дигање дава сила и станува во седечка позиција? Јас ја кревам на страна пошо така ми е полесно, а има контрола на главче. Го држи исправено на стомак, кога ја држам нанапред го држи без помош и така подигање се дига цела како шо те прашав. Не правам вежби многу али не гледам причина зошто да не ја подигам неколку пати, плус си се смее така ептен. А на меше моебо обожава и така и си спие еве и на вечер.
Не го држам воопшто за рачиња, го кревам и јас странично, на стомак си седи стабилно, ако го држам нанапред сам се исправа во седечка позиција, значи е стабилен со главата и вратот. Не знам која е поентата на вежбава, кога не е нешто што природно би му дошло на бебе во оваа возраст.
Здраво на сите Мојава девојка почна да учи да се врти, еден период пробуваше, се сврти неколку пати, некогаш успешно, некогаш ќе се заглавеше со раката и сега веќе прекина. Дали вака прават и вашите? Мислам дека баш не ја научи таа вештина а веќе прекина. Исто така ме интересира дали трепкаат кога доаѓате близу до нив? Како многу да ми се плаши. Вчера излеговме да шетаме, се видов со едни другарки, толку се исплаши ( беше гласно, со многу луѓе) што веднаш морав да станам бидејки вриштеше. Некоја со слично искуство? Направиме 4 месеци инаку.
Да моето се сврте неколку пати и толку, прочитав некаде дека откако ќе совладаат некоја вештина, преминуваат на друга, па треба време да ја повторат пак. Така да мислам дека знаат ама сега се фокусирани на друго нешто. Инаку да нормално е да се плаши од гласни места и многу луѓе, пробај да не го водиш во гужви, сега посебно околу тие месеци разбира веќе и многу нови лица и многу стимулации наеднаш го збунуваат и се осеќа преокупирано. Инаку ждимка и моето, некогаш се умислува или загледува некаде и јас без да го приметам ќе му прозборам, па срипува наеднаш. Мислам дека се што опиша е нормално.
Здраво! Бебе е 2++ месеци и два вечери спие по 7-8 часа без да се буди воопшто. Дали да го будам барем еднаш за јадење? Колку долго смее да не јаде? Инаку сме на доење и во текот на денот функционира сè нормално, не е успано.
Моето почна да сврзува 7-8 саати на околу 3++. Јас жива среќна дека конечно спијам, резултат слаб напредок во килажа. Не викам дека ќе биде исто и кај вас ако спие толку, ама совет од лактациски консултант ми беше да има уште еден подој на средина од тие 7-8 саати. Веќе еден месец го практикувам тоа, он ретко станува, обично само го земам цица и продолжува. На контрола сме следна недела, ама го мерам дома и гледам дека напредува. Плус тоа не е во право @Ceneva максимум што може да не јаде на таа возраст се 5 саати, во спротивно постои ризик од хипогликемија.
И мене ми рече да ги чекам 15мин но кога како сум ги давала пред доење, некогаш само 5мин дали беше чекањето
Доколку напредува добро нема потреба да се буди, после 2 месеци некои бебиња без проблем преспиваат ноќ. Моето ја преспива ноќта и напредува супер, ни еден до сега педијатар не ми рекол буди ја, мора да јаде, напротив коментар добив ќути си и наспивајте се. Доколку не напредува добро е друга приказна