Ох блазе тебе на храброста, јас би сакала ама нема храброст да се пострижам ептен кратко Али ова е вистински ужас, многу коса ми падна, многу, дури загрижувачки и анксиозно кога ќе видиш колку коса излегува, цели прамени…
Ајде и тука да пишам.. Мајки нормално ли е ова, бебе се засркнува многу често кога цица некогаш дури едвај до воздух доаѓа. Пред малце цицаше, ја исправив чекав да подригне ама ништо, ја легнав на кревет изгледа и се врати рефлукс почна да кашла и не можеше да го искашла се исповрати. И претходно вака еднаш ми се исповрати се засркна додека цицаше. Од почетокот е вака се засркнува скоро на секое цицање, ама брзо и поминува. Ама еве неколку пати вака подолго траеше и ептен се исплашив... а веќе е 5 ипол месеци.
Веројатно многу лакомо голта, не е страшно иако изгледа, они имаат рефлекс па не се дават од млеко. Кај моето помага само лежечко доење, така послаб е млазот, онака и он знае да се задави некогаш. Пробај одмолзи малце пред доење за да се намали млазот.
Мајки што доите пиете ли суплемент калциум? Читав дека дневен внес за доилки треба да биде 1300мг, а невозможно е сите преку храна да се внесат. Една чаша јогурт пример има само 300мг. Пијам Пре Мама, ама ја фрлив кутијата и не знам колку точно мг има во нив, ама сигурно не е многу. Сакам да почнам да пијам дополнително зошто осеќам слабост во мускулите, особено колената ги осеќам многу слаби, некогаш едвај станувам кога ми е малиот во раце. Наводно ако не внесуваш доволно бебето си го зима калциумот од коските што се одразува со нивна слабост и проблем со забите. Иначе петти скок ни е на прагот, кој сака нека честита. Веќе почнаа промените, збеснато е скроз. Последниве два три дена дневни дремки не траат повеќе од 15 мин, станува освежен ама за кратко почнува да квичи од што му се спие. Генерално си е весел и се смее, ама дојде ли ред за спиење тешко мене и маж ми. Среќа навечер спие, знае само сабајле во зори да се разбуди се обраќа на меше и ме демне преку решетките. Го зимам и го предавам свечено на маж ми да го презаспие. Тоа беше викендов и раат бев, е сега кога почна работната недела е друго, не можам да го оставам без сон. Сабајле само го земав до нас и си продужив да спијам Он се врткаше лево десно, буташе раце у уста, па цуцлата ја гризеше место да ја цуца, лупаше со раце и нозе на кревет и на крај се предаде заспал.
Јас не земам ништо, а мислам дека треба. Јас осеќам промена кај забите, нема ден некој да не ме заболува, не константна болка, ама имам мака. Треба да купам и да почнам да внесувам. Инаку и ние сме пред скокот, исто многу кратки дремки и после е свеж само пола саат до 45мин и почнува киснењето, чинам дете само плаче за спиење, а никако наспиен. Друго приметив дека ако не е тивко и мирно и да сум сама јас со него или сам мм, дете не заспива,толку е љубопитен, нема шанси да го заспиеш. Некни кај моите бев на спиење и дете до 12 не сакаше да спие, не беше ниту поспан, само сакаше да се дружи, да си игра, да се радува со баба и дедо, живци искинав, да дреме може во било која ситуација, ама вечерно спиење е строго дома со најмалце што може стимуланси наоколу. Инаку моето абер нема од вртење, мислам знае, се има свртено неколку пати ама од тогаш крај, не сака и не сака. Мрзлив ли е, учи ли нешто друго не знам, ама битно од вртење ни трага ни глас. Многу му е интересно да ги кине листовите на грамушките во дворот, едно излегување надвор плаче се додека не го однесам до омиленото дрво, знае и каде е, и одма радости и тресење над листовите. На под лежење исто така не ги интересира, колку и да го занимавам нему му е досадно, ниту играчи го интересираат, ниту бејби џим, само надвор да е и на прошетки и да разгледува. Авантурист дете.
Јас дојам и плус не конзумирам млечни производи, прашав дали треба да внесувам калциум како суплемент и одговорот беше не, бидејќи е минерал, да не се креираат калцификати.
@Nala37 Мајки и моево е во 5ти скок. И плус од завчера со две, ДВЕ запчиња Се збогував со сонот јас, незнам кога ќе ја обновиме повторно нашата врска.. Преку ден спие точно 25мин. Таман сум станала, он се буди "наспан" мислиш 2ч.спиел. Кенка по цел ден и со ништо не се заигрува. Немам сили веќе, прегреав. Кажувајте некое чаре.. хаха Сега почна и со запчињата да си игра со брадавките, тоа е дополнително гратис. Незнам како ќе го издржам и овој скок, ахх
По колку и дали им давате вода на бебенцата? Моето е еден месец и 5 дена и е на комбинирано доење плус дохрана.
Нема потреба од вода. Доволно прима од тебе и од дохраната, дохранта е прилагодена да се спрема со онолку вода колку што му е потребна на бебе, а од тебе секако млекото е најголем процент вода. Нивните бубрези не се доволно развиени за да процесираат вишок вода, со неа се почнува кога ќе почнеш да даваш цврста храна, до тогаш не слушај мајки и баби дека мора да се дава.
Мамасити, почна косата многу да ми паѓа, како направи синко три месеци мене косата почна да ми паѓа,пред тоа не мрдаше. Решение некое барем малку да ублажи. Што може да се направи
Zdravo na site Dali funkcionira i vo kakva sostojba e sobata za doenje vo citymall? Pred 6 god god prvoto koga go doev ok bese...
И мене почна после три месеци и нормално е тоа. Не ни паѓаше во бременост, не паѓаше после породување, мора да испопаѓаат Ќе се обнови, тоа е, природен процес. Мора да помине и тоа и ништо посебно не може да се направи. Јас само ја ишишав кратко, да не ме нервира ако гледам куп долги влакна. По првото породување нешто многу не се потресував, иако стегачот од двапати, го врзував на трипати од што се изретчи. После си се нормализира.
Само чистам влакна, и како блесава проверувам по синко да не има . Вака ми нема паѓано косата и малку паника ме фати. Инаку знам дека е нормално, ама не мислев дека до тој степен може да паѓа.
Ама така и ти нема растено и ти се нема згуснувано како во бременоста Така и паѓањето е поинакво. Рачунај една година само расте и се згуснува, без да паѓа. Сега па интензивно ќе паѓа, тоа е. Ќе се среди. Јас врзана ја носам за да не сеам насекаде влакна.
На сите ни паѓа, и мене точно тогаш почна како на копче. Негде прочитав за витамини Витабиотикс Мам, види дали ги има кај вас, тука ги нема. Наводно ја подобрувале малце ситуацијата. Си има и име тој процес, не ми текнува како беше ама тоа си е коса што мора да испаѓа зошто претходно воопшто не паѓала. Јас ќе закажам да се шишнам деновиве и онака еднаш годишно се шишам и време ми е. Секогаш ја кратам лоб/боб и сега исто ќе направам, бар ако сеам влакна нека се пократки. Среќа имам мнооогу коса па не се приметува дека толку паѓа, да немав до сега ќе бев келава
И мене ме теши тоа, дека имам коса густа од секогаш. Инаку сега пијам од обичните на витабиотикс со омега што се, а порачав од косово breastfeeding на витабиотикс А за кожа коса ако пијам ке пијам Мерз. Ги имав користено и мене ми се предобри. Само сега пијам други витамини не би и нив да ги вклучувам. Ги има мк иначе Мерз
Знам дека ги има, една колешка ги пиеше и се направи прасе. Може е индивидуално не знам, ама не ми се ризикува.
Мене сега околу 5ти месец престана да ми паѓа, ја потстрижав малце пократко од што сакав, ама не ми се приметува драстично дека опаѓала, тоа што паѓа јас мислам дека беше онаа екстра од бременоста. Мене ме нервира и оваа должина, само врзана ја носам оти бабе ми ја куби постојано, штом ми е пуштена одма радосно со раце накај неа оди. Многу години ја носев пикси кратко, може ќе соберам храброст пак да ја скратам така, само што сега сум подебела па на мисла сум дали ќе ми личи. Инаку моето бебе се научи да се врти конечно, цела ноќ правеше салта низ кревет и на крај заспа на стомак, отпрвин ме беше страв ама после го видов ја крева главата и се врти на другата страна и си реков знае што прави, ќе спијам и јас тогаш, и така не мрдна цела вечер, се наспавме убаво.
Инаку овие new mum ги има во србија... @Bebence29 мислам порачуваше преку нет. Дали и стигнаа еве нека се огласи