После 3-4 месец паѓа косата ужасно, со првото не толку ама со ова туфа цела на чешлање, среќа имам премногу коса иначе до сега ќе останев на 3 влакна. Баш неделата бев на фриз и прашав, ми рече џабе ти е се додека не се среди хормонот, ќе почне и многу да се плетка и вистина едвај чешлам. Мајка ми после една грешка од фризер почна да и паѓа и го користи од тогаш Plantur 39, ама пошо сме ние помлади 21 треба. Види пробај и со Alpecin само да погодиш број, ова ти е како ублажување демек. @Homme
Смееме алпецин? Имам користено и шампон и лусион и ми беа добри. Ама дали смееме дур доеме. Инаку се мислев за ова да го порачам
@Bella_Stella од new mum се направи прасе? Јас ги порачав од србија ми стигнаа за 47 евра 3 кутии со се карго,додека од грција е 28евра една кутија.второто пакување го појам веќе
Ај кога сме кај витамини, вие што сте на Еутирокс, какви пиете? Гледам ПреМама имаат јод, како и Фемибионот.
Здраво мајки, бебе од 3ипол месеци има грчеви исто има и запек, по што по 3 дена неможе да се испразни. За грчеви земавме Colief капки, е сега сакав да прашам кој ги има користено да ми каже, дали по секое давање млеко на АД сме се дават и по колку капки ставате? Во аптека ми рекоа 2 пати на ден по 2 капки само
@Skyler Мислам дека го користела ова. Јас користам од Озон Голд, може да се користи додека се дои, ептен сум задоволна од него. Летаат нови влакна на сите страни како антени
Проблем ми е уште од бременоста ова. Јас пијам одделно, магнезиум, Ц витамин, омега, Селен. Ама не сум константна оти ми е преку глава од таблети искрено. Во Германија има Фемибион без јод ако имаш некој да ти донесе, тука јас се отепав од барање, не најдов.
Само посебно пијам јас, посебно селен, цинк, вит Д и магнезиум со вит Б. А маж ми користи Озон Голд, нему со симптомите од МС многу му помагаат, може да пробам неколку пати како ќе ми делуваат.
Colief ние ги користиме јас не му давам пред секое доење, бебе има 1 месец по 4 ми рекоа во млекце да му ги мешам. 3 4 пати на ден му давам сигурно, некогаш и повеќе. За запек каков пробиотик користиш? Од биогаја запек му се правеше и од бејбитол исто, сега waya користиме супер е по 3 4 пати на ден кака.
На бејбитол ги користам и витуп д3 ,чајче на бекутан и тоа е, извини сум напишала 3месеци бебе има 1 месец само.
Пробај го чајчето на хип, и смени си пробиотик. Ние мака видовме од 3 дена користење биогаја, и бејбитол исто. Сега waya супер му е. За капките тие се ние на почеток и бекутан му дававме. Ставај бебе на меше по неколку пати на ден по минутка две, колку сака самото да седи. Моево така се испрдува и му олеснува. Топло на меше исто така.
Не, од Мерц. Јас сум на Еутирокс и пијам ПреМама, скоро и да нема на нашиов пазар витамини без Јод, освен ако ги пиеш одделно. Доктор ми има кажано дека дозата што ја има во пренаталните е незначителна. Дур бев бремена пиев Пренатал на Џејмисон, сега сменив со ПреМама.
Моето на 16ти 1 месец ќе прави, на доење е, кака моево многу ама има грчеви засега само пробиотик биогаја му давам 5 капки денот, од нив е добар 10тина саати, потоа има грчеви ама не се многу јаки. Порачав капки Инфакол ги фалат нив за грчеви па ќе видиме.
Значи комбинација со биогаја и капки колиеф дали може да правам? А дали да ги исфрлам бејбитол и витуп да не му прават тие запек, досега бевме само на нив, на педијатар сме дури на 28 незнам што да правам 4 дена не е искакано
@Ceneva Да, јас ова го користам плус шампонот ама искрено ставам кога ќе ми текне и пак имам многу нови влакна, цели прамени ми раснат.
Грчевите немаат многу врска со какањето, ако е само на доење може и до 10 дена да не кака, грчеви скоро сите деца имаат и е фаза која мора да помине. Капките може малце ќе ја олеснат ситуацијата, исто и масажи, дување со фен на млако или топла тетра пелена на меше. Инаку не секое напнување на дете се грчеви. Грчевите обично се јавуваат во одредено време од денот и траат 3 часа, мене ми рекоа дека грчеви се ако траат повеќе од 3часа, 3дена во неделата последователно. Бебе на оваа возраст ќе изгледа како да има грчеви, ќе напнува и стенка и ќе се грчи ама тоа е нормален процес, односно ги вежбаат мускулите за контрола на столицата и се јавува кај сите бебиња, обично насабајле, поминува после 3м обично. Ако не плаче хистерично неколку саати по ред, не се грчеви и нема потреба од капки. Ти кажувам оти и јас мислев дека има грчеви се додека една недела стварно имаше грчеви и сфатив дека немало врска дека предходно има грчеви, оти тоа беше хорор. Биогаја и кај моето правеше проблеми, користи само еден пробиотик и еден витамин. Чај немаш потреба, тоа е екстра вода која бебињата не смеат да ја внесуваат. Педијатрите не препорачуваат никаква дополнителна вода до 6м. @0ли да таблетите.
Во првата бременост уште додека бев бремена ми паѓаше мнооогу, а после веќе да не прам муабет. Ми се преполови косата буквално. Овој шампон од ДМ ми помогна. Не дека почна да ми расте коса. Ама ко да ја згуснува, изгледаше ко да имам коса од него. Уште го користам, предобар ми е. Ама гледам дека поретко го носат и помалку има, немој сега сте ги потрошиле сите залихи па да нема за мене. Спојлер: шампон
Ее не знамм јас немам купено.. не сум сигурна и за плантур де ама знам дека е добар. Шо е за право јс многу состави и не гледам