Пишав и вчера дека ние на 5месеци имаме 5.650гр, а за еден месец качи 650гр што вика педијатарот е супер. Совет за почнување со храна недобив,напротив ми рече што е можно повеќе да одолговекувам, спремна бев на 5м. да почнам ама не ќе чекам до 5 ипол па дур воведам скоро пред 7 ќе ме фати
Супер е, но одлуката е твоја. Јас почнав на. 5м со вкусови, 3-4 дена пред 5, уште е со 5-6 лажички. Некој ден ни толку, ама и нудам сепак да пробува,иако е по мераклика за цице. Оброк ќе има тек кон 6 месеци. Не дека одма ќе почнеш со цела каша, па и дур ги испроба вкусовите пак ќе помине време. Мојата е сега 5 и пол скоро.
7кг имаше големата на 7 месеци, а родена 3600, па не ми направија паника. Не верувам ни ова дека ќе има нешто многу, пошо исто е родено 3100,2800 излезе од болница до 3 месеци напредуваше супер 5.500 имаше тогаш ама вака на изглед ми делова секогаш слабо, нема витки, нема образи, кога видов бебиња месец дена постари од неа беа богамии да ги стипиш дури и на глужд, малу ми беше криво ама ете и дада растеше така и таква си е и сега скакулец. Сега читам последен коментар твој, јас некој ден пред 5м почнав тогаш, и сега најмногу страв имам од тоа дали ќе ја прифати добро храната и многу голем предизвик ми е што на самата помисла стрес ми прави. План ми е исто на 5 да почниме, па ќе видиме.
И јас сум на мисла што да правам, ние мака мачиме со кревање, по 300 грама месечно. На 4 месеци има 6800, што е сосема во ред за негова возраст, но се роди големо бебе и првите два месеци крена 2 кг. Оттогаш навака е по 300-400 гр месечно, значи слаб напредок споредено со претходно, педијатар тука вика да почнам со вкусови полека за да има еден оброк на 5, ептен сум во мисла. Јас се сомневам дека има подврзано јазиче и затоа се и проблемите со качување тежина и намалување на млекото од моја страна. Дали има некоја искуство со ова? Ептен се мислам што да правам.
На @AngelOfArh мислам првото детенце и беше со подврзано јазиче. Инаку симни си апп и види дали ја следи својата крива на раст. 300-400 гр и не се многу малку. Јас уште се мислам кога да почнеме со вкусови, ама ќе си одлагам уште малку изгледа.
Ако ти имаш млеко, бебе цица и полни пелени, напредокот не е мерка. Башка големите бебиња помалку креваат, оти ако креваат како малите отидоа од рака. Ако е ко моето тоа е тоа, сега на 8м по 200гр качува.
Се мачам и со млекото, еден период немав, давав ад после секое доење. Се исфорсирав да стимулирам со пумпа па ми надојде, прекинав со ад, ама еве последнава недела пак е истата приказна, гледам дека нема доволно. И мене ми е мачно, 7 пати во денот цица, навечер па знае да окапа по саат на града. Плус стимулирам со пумпа. Се консултирав и со лактациски консултант, и тие се сомневаат на подврзан јазик, ги штиклира сите параметри. Не ја празни градата комплетно, се мачи и тој, едно доење е сеуште 30 мин во просек. Ептен сум на мисла да го носам да го сецнат, не знам стварно. Си викам барем до 5 месеци да протуркаме некако, па да почнам со вкусови, ептен ми е страв дека ќе се научи на шише и нема да сака да цица. @Bella_Stella не ја следи кривата, од 90% падна на 50%.
Ние сме комбинирано на АД и доење, бебе сака цице иако е и на шише само цуцлата на шишето е за 0+ сеуште иако сме 3+ можеби зависи и од бебињата ама пробај ќе видиш мислам дека ќе сака и цице
А нели го провериа кога се роди јазичето? Па и когс плаче се гледа.. на пријателка моја бебето има ама нема пречка во доење, знам дека некои имаат. Оно кога плачи ептен се познава ама им рекоа да го сецнат за да нема проблеми со говор.
Zdravo, i bebeto moe ima niska insercija na jaziceto i ni preporaca pedijatarot da go secneme. Kade vi posocija vas da ja napravite intervencijata , kaj koj doktor i na koja vozrast, nie sme skoro 2 meseca a uste od 1 mesec ni rekoa da ja napravime ama mi e zal deka e uste malo plus e prenaturce
Според мене тамам си е килажата за возраста. Не може бебињата родени со поголема килажа да ставаат како родените со помала. По сè изгледа на околу тие месеци се изедначуваат, така генерално. Ваша е одлуката, но мислам дека килажата и ставањето килограми засега не се причина за почнување порано со вкусови. Освен ако има друга причина, на килажава мислам јас конкретно. Знам дека се информирате ептен, и можеби веќе сте запознаени, но ако не сте стигнале досега, ве молам читнете за спремноста на дигестивниот систем на бебето за јадење пред 6 месеци. Ако не мора, зошто порано да се почне? Има случаи кога мора, кога на пример бебето пие многу ад или кога не става ич килажа, но мислам дека кај вас конкретно (Бела и Лаванда) не мора и може да се почека. Мислам дека добро си ставаат килажа досега.
Исто и кај нас. Секое сабајле е ритуал со доењето и гушкањето. Па после саат време е шише. И она секој пат си бара прво на цице, а после шише. Така и правиме постојано. Јас само среде ноќ не ја легнувам на цице, тогаш ставам антирефлуксно средство во фомрулата, за да не поврати така успиена, пошто ние имаме мака уште со рефлуксот, а јас пумпам па и го давам утредента. И јас се помирив дека нема да можам ексклузивно да дојам и тоа е тоа. А свашта пробав. И уште пробувам и пумам, ама толку имам капацитет изгледа. И да е жива и здрава Наташа -доење со љубов, мислам од депресија ме спаси. Жената не е лаик и како си ја знае работата, алал да и е. Благодарение на неа сме сега 50-50. Ако не беше она, веројатно ќе се откажев уште последве недели. Туку кажете како ги успивте бебињата? Дали со носење и нишкање цело време, дали на цице? Дали ги оставате сами во креветче? Кога почнаа сами да можат да заспиваат вашите? И уште едно прашање, како да препознаам дали солзните каналчиња и се затворени? Бебе е два месеци и уште нема плачено со солзи.
Леле за ова жива ќе се изедам. На првата посета ми спомнаа ама као не е страшно. И јас си го зедов здраво за готово. А сеа кога правев муабет со консултант за доење, таа ми вика ова е од прв степен, мора да се сецне, арно и до тука што сме стигнале со доење. Ептен му се познава, не само кога плаче и кога го ваѓа јазикот. Тежината е супер, тоа е неспорно. Ама напредокот е многу под просекот, и таа стагнација и забавување на кривата на раст се примеќа најмногу после 3тиот месец, кога најверојатно хормоните кај мене се стабилизирале, па веќе немав млеко на претек, требаше тој да почне да стимулира ама кутриот и тој не може. Не ми е јасно како може бебе кое цица редовно на 3 часа да не нарачува доволно млеко за него, освен ако нема некоја пречка па да не празни како што треба. Уствари тој е во состојба да остане на града цел ден, тој не се трга сам, многу често јас го тргам после 30-40 мин. Не е нормално, според мене барем, бебе на 4 месеци да цица толку долго. Верувај дека читам секој ден и од секакви извори,и стварно не знам што да правам. Очигледно млекото не му е доволно, со шише ми е исто ризик бидејќи потоа ми протестира на града, првите неколку минути е навистина фрустриран. Сакам да продолжам да го дојам, макар и парцијално (и за ова се избедирав ама тоа е што е). Плус сеуште има проблеми со дигестијата, има по 7-8 какани пелени во ден, јас не знам дали нешто воопшто му се задржува нешто во системот на ова дете. Педијатрите викаат ќе се среди кога ќе почне со исхрана, затоа и сакаат да почнам порано. Не знам, ептен сум на мисла, ми се чини дека што и да изберам ќе згрешам.
@Lavender13 Јас ќе ти кажам дека секое дете е приказна за себе и дека нема универзално правило. Некогаш колку и да читаме џабе е зошто не е се по книга. Во твојов случај ќе ти кажам прави како ти вика интуицијата. Да, убаво би било ко по книга да му дадеш на 6 месеци, или да е на ексклузивно доење, но се се случува и се прилагодува човек. Од искуство можам да ти кажам дека до ден денес на 5ипол месеци имаме мака и со спиење и со исхрана. Ко човек што е со благо OCD и сака ред, мене овие 5ипол месеци ми се чиста анархија и импровизација понекогаш, а толку книги и литература прочитав и толку имав романтичарска замисла дека ќе си имаме некоја рутина и ред. Не дека се жалам, бебка е супер, ама имавме огромни перипетии со доењето, дур тргне ко што треба, па не фати доенечка криза. Имаше стагнација во килажа, не качуваше убаво. Па давав комбинирано со ад, па само цицаше, све испробав. На крај завршивме на комбинирано и пак по нејзината крива на раст почна да не качува убаво последниов месец и стави само 300грама. Тежината за возраста и е добра, ама не сметам дека детето ми е најадено и задоволно. Од друга страна ја приметив дека е спремна за јадење зошто сите знаци ги покажуваше, и вистина беше спремна. Иако сакав на 6 да почнам, почнав на 5 месеци и 5,6 дена и од одма лакомо почна да јаде. Не велам дека така ќе остане, може ќе менува ама ете мислам дека на крај добра одлука направив што и дадов. Побарај и второ мислење, зошто за читање знам дека веќе се си прочитала и си се информирала
Немам искуство со хранење ама ние од 2 м сме на комбинирано. Бебе цица и не се откажа и покрај млекото во шише. Сега има 4 месеци и тераме така. Не напредуваше како што треба, а сега е буцка. Многу се плашев дека ќе се откаже ама не се откажа. Инаку исто цел ден беше на града, не се издржуваше тоа, ни за неа ни за мене.
Нема да згрешиш Со првото дете бевме комбинирано цицање и ад од старт и теравме 9 месеци. Никогаш не му сменав цуцла, до крај пиеше со 0+ за да не му тече лесно. Мислам дека и тоа имаше удел толку долго што истеравме.
Лани се породив во декември и од болницата го облеков со боди на долги ракави, чорапчиња, шпикозни и со дебело кебенце го покрив толку, гледам да не го учам многу наоблечен.
Моето мака нема и цица и шише не одбива, дури и сам си држи шише и си го става во уста и си пие. Мислам дека доењето му е повеќе утеха и занимација, јас решив еднаш во ден да му давам АД, оти ретко заспива ако не е на града или на шише, па кога не е изводливо да лежам до него или да го држам, го ставам во количка, му давам шише и заспива. Да бидам искрена ич не се потресувам што му давам и АД иако реално иам млеко и можам да сум само на доење, ама тој веќе не сака да е на града толку многу, 5-10мин и тогаш е борба, само разгледува, се тегне, се смее, се бори со рацете. Јад искрено едвај чекам да почнам да го хранам, ама дефинитивно ќе чекам 6м, на 5.5 ќе почнам со вкусови и после од 6 планирам со БЛВ па ќе видиме. Деновиве заспива легнат на спална, извртен под некој чуден агол и да му тропкам по душекот, дали му прија звукот дека е празен внатре душекот и му имитира чукањто на срцето од утробата, не знам,ама ептен ужива и одма заспива. @јolene моето почна со солзи уште на пред 40 дена, мислам дека не е нормално на 2м да не плаче со солзи, не знам…некаде нешто ми се мерна за ова со солзиве ама не знам што беше, да не те излажам. Може паметно е да го однесеш да го ѕирнат, не е вајда ништо ама за сваки случај.
Моето е 4 месеци и уште нема плачено со солзи,ме замисливте сега,не ни обрнав внимание на тоа,најдобро да си прашам доктор,ако меѓувреме посетиш сподели .