Фала ви на сите за споделените искуства. @Thinkerbell. далеку сме од воспоставување на некаков ред, со тоа некако и се помирив. Не можам да воспоставам ред кога имам сесии на доење кои може да траат 30 мин- 1 час, едноставно некогаш цел прозорец на будност го поминуваме во доење. Навечер кога ќе стане да цица, па тоа е катастрофа, по саат и пол знае да окапа, плус и ако се искака, заминале 2 часа. Не ми смета да станам и да му дадам да цица, ми смета што толку долго е на града и цел сон ми се сецка. Спијам три часа, па час два сум будна, па пак спијам. Кога бевме на ексклузивно доење, ноќната рутина ни беше цицање околу 40 мин-1 час, и уште толку долго заспивање. Пред неколку дена му дадов ад пред спиење, го испи цело шише, и заспа во рок од 5 мин. Цела процедура вкупно 15 мин. Па си викам зарем детето ми било гладно пред тоа а јас не сум приметила? Можеби заспивањето траело долго бидејќи тој бил гладен, а јас упорно мислев дека има проблем со заспивање. И знам дека не треба, но комбинирањево ми падна ептен тешко, се разочарав самата во себе, бев толку одлучна дека ќе е само на доење, читав, гледав, се едуцирав уште во самата бременост, за на крај нешто толку очигледно да ми промакне. Ептен се оптоварувам со количината на млеко што ја имам, пумпам после секој подој за да зголемам, плус навечер после последниот подој имам уште една сесија за да стимулирам. Маж ми се лути, пред некој ден бев заспала со пумпата, ми вика не си нормална, и вака и така ќе порасне детево. Ама ете, ментално ми паѓа многу тешко, сама си креирам некој притисок и искрено многу тешко се справувам со моменталната ситуација.
@Lavender13 знам дека е полесно да се каже отколку да се направи, ама некогаш и се што треба ќе направиш ама пак нема да биде како што треба. И јас ќе се согласам со маж ти, ти само повеќе тешко на психата си правиш и паѓаш во поголем очај. Размисли од аспект на детето те молам, не сакам да бидам сурова стварно, ама ако немаш доволно млеко замисли како му е нему, замисли ти да треба да јадеш по еден саат оти никако не можеш да задоволиш глад, замисли како е да те разбуди кркорење на мешето сред ноќ и пак да треба да си буден саат за да се нахраниш доволно за да можеш да спиеш. Знам дека не звучи убаво и знам дека правиш најдобро што знаеш, ама бебе не разбира дека на тебе ти паѓа тешко оти не можеш ексклузивно да доиш, бебе разбира дека е гладно и не му е битно дали ќе ми дадеш шише, оно штом не го одбива шишето значи не му е толку битно. И секако дека тоа е тешко за мајката, те разбирам ама на крај на ден па да расте бебето и да е нахрането е најбитно. Јас искрено мислам дека млекото нема да ти се врати како предходно и барем за спиење пробај да му даваш формула, знам дека ќе ти го намали тоа уште толку ама ќе се наспиете и двајцата. Кога се молзиш колку излегува? Знам дека не е репер тоа ама сепак во твојот случај може и е.Стварно извини, немој да ме сфатиш погрешно што сум малце сурова со мислењево.
Јас бев како тебе. Се лутев дури на сите што ми викаа дека детето ми е гладно. Неможев да прифатам да пие АД. Првите пати маж ми и даваше, толкава грижа на совест осеќав што неможев да се соочам со тоа, си го жалев детето што пие АД. Од оваа гледна точка сега го направив најдоброто и би го направила пак ако е потребно. Бебе се смири, јас се смирив, почнав да уживам во мајчинството и во се што правам и да поминувам квалитетно време со неа. Фативме ред на спиење и на јадење. Сега кога ја гледам на слики од тој период гревче, потечено во очи од плачење, како неухранета. Инаку јас и давам само преку ден, од прилика 4 пати на ден некаде до 18 часот максимум, потоа само цица. И јас многу сакав да цица, нема поубаво и подобро за бебе ама едноставно некогаш нема доволно, неможе и слично. Многу бев фрустрирана. Од една страна жртва за бебе, од друга страна ништо неможев да направам за себе од што цело време само цицаше. Не ти давам никаков совет само ти споделувам мое искуство и знам дека многу се трудиш.
@Lavender13 Џабе ќе ти збориме сите. Дур сама не пресечеш и одлучиш ти секое читање или совет е ирелевантен. Јас многу добро те разбирам. На почеток премногу форсирав доење и детето беше гладно. Сите ми викаа дај ад јас не. Ама давав молзено од шише зошто се гледаше дека не цица убаво. Од една страна мило ми е што не се откажав и што пак и ја дојам ако сме на комбинирано. Од друга страна ја си знам колку ми беше тешко. Уште ми е. Знам дека не и е доволно цицањето, знам и дека тоа што немаме ред во јадењето влијае и на сонот. Реков ќе издржам до 6 месеци и доста е. И пак ми е тешко скроз да прекинам да ја дојам. А од друга страна кога доењето ми станува мака и не уживаме секогаш како што треба во процесот, се прашувам дали вреди мачењето понатака. Не знам, си се испожалив и јас надоврзувајќи се на твојата приказна...
Сите чувства ти се нормални. Јас дете 10 дена квази дехидрирано ми беше, од по саат ипол на гради и на крај гладно и на тежина ми губеше. На почетокот плачев на секое шише што мораше да го дадам. Дури и не можев да ја хранам со шише, бегав, го оставав маж ми да ја храни, а јас чистев ко ненормална и плачев. Затоа и велам, да и даде господ здравје на Наташа, оти јас готова бев. И ко почнав да молзам и ко видов колку молзам, а колку пие бебе за да се најаде и после мирно да спие, ќе си умрев од грижа на совест. Еве ја, си напредува како што треба. Се гушка и спие на града, пие и молзено од шише. Два месеци поминати, уште четири и ќе јаде компири и брокула. Секоја вечер сум се посреќна за поминат ден и се радувам дека еден ден поблиску до оброк сме. И не мајчинството не е само доењето колку и да е битно. Ние тек сме на почеток и имаме уште толку многу са направиме. Треба да израснеме психички здрави и силни деца. Со самодоверба и упорност. Да ги образоваме и да им вродиме здрави навики. Првите шест месеци ќе поминат како и да е. Ако треба дохрана тоа е тоа. Тоа ми е реалноста. И морам да се помирам со тоа. Мое е барем од преголемиот избор, да одберам барем нешто подобро. Ние сме на холе био козјо. На кравји протеин изгледа е нетолеранта. А па за тоа колку се јадам што не укапиравме побрзо и завршивме на итна поради малку крв во измет. Јас мислев грчеви се, а то дете мака си имало. Магично се се смени од кога сменивме дохраната. Се смири дете, како друго дете да имам дома сега. Мислам она пак си плаче, бебе е, ама неспоредливо е со првите 4-5 недели. Тогаш што од глад ми плачеше, што од несоодветна храна. Мислам додека сум жива нема да си простам. И да некој пат сами си правиме притисок непотребно. Еве и јас. Пред да се породам си имав замисла дека нема да давам шише, дека ќе дојам. Дека нема цуцле да давам, нема да ја повивам, нема да пуштам правосмукалка туку со класична музика ќе ја успивам. Ахам. Дете сака да се стисне за да може да се успие и сега не ја повивам класично туки само малку рачињата ќе и ги фатам, во спротивно нема шанси да спие. Станува нервозна. Се гребе. Не сврзува ни 10 мин. Проклет моро рефлекс. Едвај чекам да се изгуби. И тоа да кај вас кога се изгуби рефлекосот? Цуцла не сакаше до вчера буквално. Еве вчера цел ден и денес ја бара да се успие со неа и се успива сама од вечера навака. Да не се подречам сигурно и е фаза. Ама ете се лути ако ја нишкам, ако ја носам. Бара да ја оставам и цуцле. И звук правосмукалка, рачињата приберени, галење и бакнеж и чао она сама спие. Цуцлата е курапрокс по препорака од другар ни, заболекар, неа ја зедовме. @1209 фала. Ќе прашам дефинитивно. Од понеделник пак се враќа матичниот на работа, ќе се јавам. Ама знаејќи ги колку се им е нормално овде, вајда до крај октомври кога ни е термин за вакцина и систематски ќе чекаме да не видат. Знаеш како е, за вакви ствари не се потресуваат они многу многу. @Zumbulche ти сигурно ќе стасаш пред мене на педијатар, прашај па сподели те молам. Еве ја само што се успа и ја плукна цуцлата . Сама себе си се побивам. Сите принципи ми ги сруши детево. Веќе ништо не велам и никој не критикувам, еве јавно кажувам. Секој си знае за себе најдобро.
Дали да ги менувам биоагаја? Кака нормално ама има ептен грчеви, а давам и колиеф. Значи нема запек ама бебе се вртеше со главчето наназад штом се вративме од болница, а последниве 2 дена има и грчеви и гасови. Денес правиме 4 недели и бебе за 2 дена спиен е дупло помалку од колку што треба. Само на доење сме и пазам ептен на храна. Предлог за со кој пробиотик да продолжиме?
Пишавме и предходно, пробај со ваја, ама грчевите мора да се поминат, нема нешто многу да помогне или одмогне, фаза е, мора сите деца да ја пројдат.
@Thinkerbell. Може ли да споделиш кои знаци на спремност за цврста храна ги покажуваше твоето девојче? Дали седи смостојно без помош? Дали го има совладано ‘пинцета фатот’? Дали го има изгубено tongue thrust reflex?
Колку мл формула додавате на секој подој? И јас пробав се и сешто за повеќе млеко но нема и нема. Бебето денес полни 40 дена
Исто бевме и ние уште првата недела дома. Дете по цел ден сакаше да цица и беше многу кенкав. Јас пак немав мноогу млеко а уште што не направив да ми дојде повеќе млеко..веројатно толкав ми е капацитетот. Во Систина ми рекоа дека секој оброк на бебето треба да трае пола час. Веднаш почнав да додавам аптамил на секој подој, цица 15-20 мин и потоа шише. Не го оставам без да цицне но колку има толку. Сега бебето ми е 40 дена спие секоја вечер 10 30-11 до 4-5, па од 5-6 до 8..9. Наспани среќни сите..
Секогаш различно. Она знае да испие и 200 мл вкупно,на пример во скок, а и 90 зависи како и е апетитот. Ама знае и да поврати кога претера. Ама не ги јаде сите наеднаш туку на рати, ќе испие 60-70 па пауза, па ждригање, па после пак уште 30-40 и така може и два саати ќе се храниѓе до дека да заспие. Навечер повеќе сака сум приметила. Сабајле и преку ден најчесто добива само мајчино. Секој пат она кога спие јас одпумпувам и после давам. На пр денес, во 6:45 стана и цицаше, па дремна околу пола саат. Стана и побара пак да јаде накај 8 ипол и испи 90мл. Пак спиеше накај 10:30 до кај 1. Таа и е најдолга дремка, стана и цицаше и имав спремено 130мл, ама испи 100 мајчино. Сега пак легна да дремне, ќе дремка максимум 1час и ќе видиме после колку ќе сака. За накај 4 и имам спремено уште 130 мл мајчино и предходно ќе цица. Навечер после бањање без разлика дали цица или не си бара повеќе, тогаш 150 мл си ги пие, а некогаш бара уште 20-30плус. Ова е формула најчесто. И пак ќе стане после накај 3 да јаде. И тогаш давам 150 мл, некогаш ги пие а некој пат не. Се случило и да побара уште, во скок кога е и тогаш пошто молзам предходно и давам уште од мајчино. Најчесто маж ми ја храни, додека јас молзам. Па ако побара и давам. Ама исто спие и кај мене од кога ќе ср успие 9:30/10/11 часот па до кај 2/3/4 спие. * Не знам дали сте пробале со донперидон таблети за поврсќање што се. Јас и со нив пробав. Како страничен ефект се зголемува нивото на пролактин и се лачи повеќе млеко. Ама ова стрикно или со консултант или со доктор ве молам, не на своја рака. Кај мене немаше некој голем ефект, ама минимално се зголеми. Мислам дека навеќе помага пумпата. И затоа пумпам секој пат кога можам. Некогаш почесто некогаш поретко, зависи како имам време со бебе. Ако преку ден не стасувам да пумпам, нудам града почесто. Пробав со чај, оризово и овесно млеко. Безалкохолно пиво. Со три вида апчиња, лактил едните беа, лакто плус и уште едни ги заборавив како се викаа. Тие со пискавица лакто плус како најефективни да беа. Ама некоја огромна разлика не видов. Фемибион 3 исто земам. Пробав и со сет за доење на медела. Тоа е истовремено да доиш и да даваш формула, за да се стимулираат градите повеќе. Ама моето укапира дека од цревце тече и го искорна буквално. Кај некој може и сетот ќе помогне. Моето е ептен живо дете и саклетчија па не можев да и подметнам. Кога читам на пример колку јадат другите деца, чинам моето некој пат повеќе бара. Ама и она има периоди. Некој пат јаде повеќе, некогаш помалку.
Се уште не седи самостојно но во хранилка под 45 агол (со препорака од ортопед) пробува да се исправа сама. Сама посегнува по лажицата кога тргнувам да и дадам јадење. Отвара уста широко и си мљацка. Уште пред да почнеме со вкусови се подаваше по мојата храна и кога ме гледаше како јадам мљацкаше со устата. Јас овие знаци не ги земав здраво за готово ама кога почнавме се покажа дека вистина е спремна. Гаг рефлекс нема воопшто да не ја заречам. Пред некој ден и дадов пасирана банана, значи немаше парчиња ама немаше ни скроз мазна структура како каша и си јадеше. Не си правам филмови и немам големи очекувања, знам дека може да смени, ама ми е драго што имаме добар старт. Особено зошто со млекце се молиме за да пие.
Ви се будат ли децата откако ќе заспијат навечер, прв циклус, изгледа како да спие длабоко ама наеднаш ќе стане со пискање, она ептен плачење со затајување и не можам да го смирам 5мин и после одма заспива. Ретко плаче така, всушност скоро никогаш, па вака ми прави неколку пати и се плашам искрено да не го боли нешто. Или почнува да има кошмари па се штрека? И тоа исклучиво ако не сум јас до него плаче.
Не се случило ама ми имаат кажано дека со плачење се буделе кога ги мачат заби. Искрено не знам колку е точно.
Majki denes primetiv na malata i gnoi papceto,staviv hidrogen 3% pa ke vidam kako e do posle...sekako ke se javam i na pedijaterot....dali znaete od so moze da bide? Nekoja so slicno iskustvo
Моето е 4 недели па се случува понекогаш така да се разбуди што не се забите сигурно рано е. Ама што е незнам
Додека се скроз мали е нормално, оти уште не им е јасно каде се, ама веќе кога се поголеми не се случува обично, па се замислив оти одамна немаше правено така. Веројатно се заби, секако е нервозен, глода се што ќе стигне да стави во уста, а и одамна напипувам едно врвче, ме грепка, тоа ќе да е.