Форумџика на годината

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. kikiritkaTa

    kikiritkaTa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    357
    Мајки здраво :)
    Моето бебче е старо 3 недели, почна да има минимални грчеви навечер, додека денски си спие мирно.
    Имам друга мака, на колку дена какаат вашите малечки? Од четврток вечер немала столица, почнав да се загрижувам.
    Педијатарот ми рече се додека бебе качува на килажа, нека кака кога сака и колку сака:^)
    Пиеме аптамил, од пред некој ден почнав и од моето млеко да и давам(претходно заради антибиотици ми беше забрането да ја доам).
    Би ви била благодарна за секој совет:)
     
  2. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.129
    Допаѓања:
    38.717
    Пол:
    Женски
    Да ти е живо и здраво мајка :)
    7-10 дена е нормално да не кака. Освен ако не гледаш дека се мачи, дека ја боли мешето или и е тврдо.
     
  3. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.020
    Допаѓања:
    22.047
    Пол:
    Женски
    Не е така за бебиња на формула. Доено бебе може да не кака и до 14 дена. Бебе на формула може да не кака ден-два, ама после тоа ако има гасови, кенка и не може да се искака, се препорачува да се смени формулата зошто може да не му одговара. Не важат истите правила.
     
  4. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.129
    Допаѓања:
    38.717
    Пол:
    Женски
    Мене па исто ми кажа педијатар :^)
    Можно е :)
     
  5. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    1.410
    Пол:
    Женски
    Мајки да ве прашам дали ги повивате/вте вашите бебиња со широк повој (тетра и шведски) и мислење за тоа, зошто да зошто не?
    Мене во болница не ми рекоа такво нешто само да ставам две пелени едно нормално друго од опаку. А мајка ми не може да замисли без широк повој, па дебатираме.
    Исто, не го мотам бебето дур спие, си сака рачиња надвор и не го стегам, да не е штетно тоа?
     
  6. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    3.447
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од широк повој зошто самата пелена е доволна. Ако е направено ехо на колкчиња и се е во ред нема потреба од ништо. Доколку не дај боже има некој проблем, постојат медицински помагала соодветни за тоа, нема широк повој тоа да го реши. Консултирајте ортопед доколку имате некои прашања.
    Во однос на повивање, јас не ја повивав, ама знаев за заспивање да и ги држам рачињата, или за да ја заспијам, лесно да ја замотам во тетра (за навечер дур заспие), зошто мојата имаше доста изразен моро рефлекс. Кратко траеше тоа, после 2 месеци прекинав.
     
    На Bubish26, Bella_Stella, JustBeautiful и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.540
    Пол:
    Женски
    Широк повој не решава проблем доколку го има. Само памперс и ништо друго, освен ортопед ако не каже поинаку.
    Тоа што не го повиваш е супер, бебињата треба да спијат со раширени рачиња и ноџиња, а не стегнати. Штрекањето е рефлекс со кој се раѓат сите бебиња и до кај 6 месеци ќе го снема. Ги штити и од сидс и според мене не треба да се спречува и треба слободно да си спијат.
     
    На Bubish26, *katja*, Bella_Stella и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Shaya

    Shaya Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    410
    мајки му дадов капки за грчеви пред оброк и среде оброк бљуцна убаво, голема количина како цел оброк ми се виде. дали да му дадам пак капки или да чекам до следно доење? се плашам да не ги поврати
     
  9. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.560
    Допаѓања:
    11.923
    Пол:
    Женски
    Интересно ова со повивањето. Наидов на различни мислења. Пошто и јас не сакав да ја повивам, ама на крај испадна дека со фатени рачиња она може да спие. Слободни се штрека и не може да сверзе ни 10 мин дермка. А имам стварно мрдлесто дете. И ова почна од први скок или после први скок. Предходно ја оставав слободна.
    Овде кај што сум, бабиците и докторите препорачуваат доколку бебето не се смирува да се проба со повивање. Кај мене одговорот беше дека бебињата кои во бременоста или при пораѓањето имале малку стрес, имаат по изразен моро рефлекс и со повивање се смируваат. Јас имав долг и стесен за неа пораѓај. На крај со вакуум мораа да ја потеглат. Не знам дали навистина има некаква врска, ама ете понекогаш, не секогаш, и помага подобро да спие.
    Зборувам за мало потфаќање, каде бебето е потоа во состојба само да си ги извади рацете надвор и не класично повивање на бебињата со нозе и стегнати.

    @Shaya јас не давам. И мојата знае да блуцне малку, па и повеќе некој пат. Ама не давам пак капки. Чекам до нареден пат.
     
    На Shaya и JustBeautiful им се допаѓа ова.
  10. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    4.496
    Допаѓања:
    75.626
    Пол:
    Женски
    Ако си дала пред оброк, тешко дека ги повратил. Имај предвид дека кога ќе бљуцнат количината секогаш изгледа поголема отколку што реално е :)
     
    На Shaya му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.238
    Допаѓања:
    5.792
    Пол:
    Женски
    И мене ми кажаа исто, оти мојата и на мајчино млеко кога беше и на АД исти и беа столиците на 5-7 дена. Матичната ми кажа ако не и е тврдо мешето да не превземам ништо.
     
    Последна измена: 17 септември 2023
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. natash.a

    natash.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    179
    2 дена не страшно, и јас истото го прашав педијатарот
     
  13. Viveki

    Viveki Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.536
    Допаѓања:
    11.259
    Пол:
    Женски
    Иста сум и јас, се што пиша го преживувам и јас... Кај мене е плус фрустрација што бебево ни цуцла ни шише не фаќа, готова сум значи не знам што да направам веќе...
     
  14. medena147

    medena147 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    1.292
    Допаѓања:
    1.927
    Пол:
    Женски
    Девојки да ве прашам ни излезе прво запче,дали одма излегува и другото по него или индивидуално е?Прашувам сеуште е нервозна,сака само во раце ќенка по цел ден.
     
  15. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    1.142
    Пол:
    Женски
    За 2-3 дена искочи и второто.
     
    На medena147 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.020
    Допаѓања:
    22.047
    Пол:
    Женски
    Кога сме кај запчињата, тие што веќе ви извадиле кои ви беа најизразени симптоми? Од пред два три дена почна на сред цицање да ми ја стиска брадавицата со непцата, рацете стегнати во боксови и прави една љута фаца демек сега ќе видиш ти. :D Бута се живо во уста и многу се лигави. Некогаш цица нервозно, квичи дур цица дури и ако го прекинам и почнам да го чешкам со глодалка се смирува. Плунката не можам да приметам дали е врела, а непцата не ми изгледаат набабрени.
     
  17. medena147

    medena147 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    1.292
    Допаѓања:
    1.927
    Пол:
    Женски
    Многу нервозна,се ставаше во уста,лиги премногу и будење на секој два сати со плачење,има и денови кога не сакаше да презаспие одма по два часа седеше будна со плачење.Не и беа набабрени воопшто ниту побелени горе,туку напрет непцата.Имаше 3 дена температура,само незнам дали е од тоа или од вирус,бидејки дома сите бевме болни со температура.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  18. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    1.410
    Пол:
    Женски
    Дали некоја сменила исхрана со ад Хип комбиотик во Аптамил? И како изгледаат грчеви кај бебче?
    Бебето ми цица и после го дохранувам со Хипп, си кака секој ден, некогаш по два, три пати. Ама некогаш пред да кака се мачи кенка, имаше два, три дена кога плачеше не заспиваше, а кога заспиваше конечно кенкаше и немирно спиеше, се будеше често. Варира некој ден е добар некогаш се мачи кенка особено преку ден. Дали поради грчеви или можеби не му одговара храната? Како да знам… Му давам Биогаја капки инаку.
     
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.306
    Допаѓања:
    47.266
    Пол:
    Женски
    Колку е старо?
     
  20. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.121
    Допаѓања:
    8.644
    Пол:
    Женски
    Мамасити, безбеден е тој Носко за правосмукалка? Со обичен аспиратор за носе ништо не можам да извадам, а ми кркља бебе на едната ноздрава посебно, физиолошки ставам ама нема подобрување, нормално кога не можам да му го извадам секретот. Можеби јас недоволно влечам, ама таква језа ме фаќа кога тоа го правам тоа е чудо.