Се тегне за уво кога му се спие така знам дека е време за спиење. А кога е гладен место да плаче, се штипе по лице и пика раче во уста, турпијам нокти ама џабе е лом е цел ко од ратиште да иде. Иначе мајки бебе ми се врти настрана за спиење и вчера и денес, ке се собере цел како гравче и ке се сврти на лева или десна страна со раче под глава со се. Нели е многу мало за вака 1 месец и 9 дена има, го вратив вчера два пати на грб почна да плаче и пак на страна си се сврте и си одспа. Ова за дневни дремко ноќе се нема сеуште случено
Колку дремнуваат вашите бебиња преку ден на месеципол? Моето дремнува 20 мин и после плачки а надвор во количка спие и по 2 часа.
Може му е ладно/топло дома, многу тивко или нешто не ми прија. А немаат многу ред за спиење на месец ипол, различно ќе е секогаш, подоцна ќе почне некој ред да фаќа, сега ќе спие кога му се спие и секако некогаш помалку-повеќе, мало е уште.
Ние сме блиску, 1 месец и 4 дена е моето, и на страна да го легнам се мести на грб, главчето си го врти де лево, де десно, како сака тој, иначе многу е активен, ако го оставам в место се врти како во круг в место. Се оттурнува со нозете нагоре. Кога е гладен силно плачи и дирек цицка в уста немам среќа за спиење јас, како првото така и ова, прво спие од 22ч со кај 2ч, после до кај 3 дур заспие, цица, менувам пелена оти кака нон стоп, па кон 5 пак станува, пак можи да треба пелена да се смени, па од 5 деновиве никако не спие, само дур е в раце, легни го се разбудува... Така до 15ч е, после спие до 19ч и така....денес смени еве го 2ра дремка тера... Ова се ми е ново, првото беше трупче, како ќе го наместев така го наоѓав, прв пат се сврти на 8, 9 месеци па сега не застанува Не споредувајте никогаш со други деца, секое си е различно.
Јас читав дека тоа е нивната фетусна позиција која си ја имале во мешето и се вика newborn curl, рефлексно се поставуваат така. Тој рефлекс исчезнувал како растат. Јас пак го оставам така во креветчето завиткан, а тој кога се опушта се врти на грб.
Мајки на 5+ месечни бебиња, знаат ли вашите бебиња да си тргнат крпа/тетра од лице? Во овој период знам дека веќе ‘треба’ да го совладуваат тоа. Син ми од пред два три дена почна да си става тетра преку лице, ама не знае да ја тргне. Ме извади од памет, среќа што го видов на камерата. Сабајле пак иста приказна. Кога оди маж ми на работа го ставам до мене и го истегнал чаршафот и си го ставил преку глава, слушнав чудно дишење и кога што да видам. Спие на боди на куси покриен со тетра, не знам дали да почнам на тенки шпикозни без да го покривам, страв ми е веќе зошто е збеснато скроз.
Подобро облечен со тенко нешто него покриен, баш вчера пишав. Највеќе страв иам од тоа да не стави на глава лигавче или покривка. Јас ги исправ вреќите таман од следна недела 17 степени ќе ни е
Купив подлога денес, прв пат го ставив на земја, бос, без чорапи, и супер се покажа… дава знаци дека сака да се сврти, со моја помош, само не му текнува за рачето дека тренба да го намести, ама ќе вежбаме сега често… го ставав на кревет на стомаче до сега али каде каде е подобро на земја на потврдо… Туку во 4 ти скок сме, генерално добро поминуваме, се трпи… навечер станува по 4/5 пати Ми личи како да веќе не му е згодно да спие на грб, и кога ќе го свртам на страна продолжува да спие и се осеќа дека така му е удобно, али ми е страв така да го оставам да спие заради тој SIDS синдромот, ќе го подржам така да завлече па пак го местам на грб, кога ќе ме сети па се буди и ај пак иста песна, кога е ок заспан. По ова апликацијава wonder weeks вели уше една недела сме во скок па се надевам ќе се подсмири и помалку ќе ми станува навечер оти жива не наспана сум…
Тука е многу топло уште, а он е ептен склетџија. Дур цица жива вода се прави на главчето и некако ми е нелогично уште сега во шпикозни да го облечам, не знам. Освен да го облекувам како до сега по боди и да го покривам со поголема тетра и да ја заглавувам под душекот.
Епа мајка јас не ни ја покривам сега за сега, ни Ск не ја покривав. Не знам колку ви е температураа дома, мене големата не ми се покрива уште, а пва сакам да го научам во вреќа за зимава, спслната нешто ни е ладна и покрај топлење.
Ќе му текне, без гајле. Не му помагај ич, не му покажувај со намера као еве како треба. Пушти самото да сконта, ќе се сврти. Верувај ми, не му е потребна твоја помош.
Ние сме 4.5 месеци и од 3тиот месец почнав да го ставам во вреќа за спиење, и можам да кажам дека е раат, ама во буквална смисла на зборот… нит да се мислам дали повлекол дали ќе се задуши или не, инаку се штрекнував во сон…
Вреќата си стои непробана. Почна да се врти во сон од грб на меше и неизводливо е да го заробувам во вреќа.
Од Нанам планирам да земам јас. Имаат со ногавици, без ногавици, со ракави што се вадат. И сосема ок се со цените.
Јас првите две вреќи ги зедов од Локо Кроко, ги носеше во зима. Убави се, меки и топли, мислам дека го ставав во боди со долги и голи ноџиња слободни. На околу 20 степени спиеше. Тогаш баш веќе се вртеше да спие на меше , немаше проблем. Понатаму за зима купував само од Тила, не беа тие така полнети, но убаво топлеа. Во нив го ставав со пижами. Ги гледав од Нанам за оваа зима, ми се допаѓаат што имаат опција стапалата да се извадат надвор, а и ракави што се ставаат и вадат. Мојов е с'клетчија и не трпи многу да е облечен, па со ракави не би земала или не би му ги ставала. Имаат сајт, разгледај, имаат разни модели и фина им е цената.
Мама јас имам од вреќичките на Тила есен/зима, преубави им се и на дизајн и по квалитет. Имаат и со и без ракави, јас ѝ купив без, доле има патент за да можеш полесно да менуваш пелени, а и вака кога не е преладно, ниту претопло да може ножињата "да дишат". Не смета во вртење, ќе бидеш раат, ја имав буквално истата мака. Долго време беше непокриена, само по боди со долги ракавчиња, а во многу топлите ноќи, боди по кратки.