Мојава нема 5 месеци, помала е, но гледам сè фаќа во раце и тегне, носи накај уста. Тетра, прекривка, чаршав, со двете раце тегне, растура по дома. Да залади малку и и таа ќе оди во вреќа. Сега спие без ништо, само во боди по куси, во моментов е 26,2 степени во соба.
За есен/зима користам од Нанам и од Тила со ракави. Од Нанам има и подебели полнети, но јас ги користам двослојните без полнење бидејќи е топло во стан. Одоздола ги облекувам во боди на кратки и тенки пижамчиња
Од што може газето да е модро? Некни приметив на едната страна, а денес на расцепот позади кога го бришам, внатрешно е како модричко.
Да не е монголска дамка? Прв пат приметуваш такво нешто? И мојата има. На одредено светло само е видливо.
Како модринка, белег, може да се појави на било кој дел од телото. Мојата има баш на газето накај половината. Вака изгледа инаку Спојлер: Монголска дамка
Мајка денес се слушнав со доктор,ми објасни дека се додека нема црвенило,подуеност,вкрстување на очињата или нешто што изгледа невообичаено ,нема место за грижа.Кај некои дечиња требало повеќе време да се развијат солзните канали и било нормално до 1 год па дури и до 2год. да не плачат со солзи.
Сега баш читав. Кај него не е вака изразено, некни кога го бањавме со маж ми дури не бевме сигурни дали е модро или не е. Мене ми се чинеше модро, него не. Денес прв пат приметив на средината од газето, на расцепот поточно. Се гледа само кога го бришам, вака не. Баш после ќе проверам поубаво. Кај вас кога се појави или си го имаше од раѓање?
5++ сме и од пред 2-3 дена почна да писка многу гласно. На моменти како да 'ржи, вика, буквално се дере. Вчера се собравме бааги луѓе во просторија, гости имавме околу 10-12 души и овој не престана да црка. Стварно не знам што му значи, дали нешто негодува, дали е среќен со луѓе, дали демек сака и тој да зборува пошо галама. Не можам да одгатнам... Ако има некоја вокална фаза периодов да ме просветлите, зошто толку дерење? Нормално ли е? Луѓето не можеа муабет да си напраат од него.
Можно е ова да се појави во подоцнежна возраст ? Синко е 4 години на мешето има ваква дамка и не менува боја , големина а вели дека не го боли.
Ќерка ми има трепка во окото веќе цела недела не излегува. Пробав со мајчино млеко и капнав неколку пати и ништо. Не и смета, нема црвенило. Не знам дали да ја оставам или да пробам некако да ја извадам?
Не знам да бидам искрена, не сун истражувала толку. Рекоа не е нешто страшно и престанав да го мислам
Од кога почна? Шубе ми е дека е мала,па и на фб имаше коментари имало бебе угушено од лојта едвај го спасиле во Козле, на друга се исфрлало по телото.. Ја купив и еве ми стои, само читам цел ден.
Кога би требало да почнам со воведување на некој ред за денско спиење? Моето е 1 месец и 3 дена. Може е уште рано ама да знам да не го пропуштам И некоја тактика за да почне да спие во креветче првите две недели спиеше само, сега не сака го оставам в креветче и одма заплакува
Бела јас не го покривам, додуша и да го покриам он се открива, спие нагоре на долги надоле гол, на тенко боди. Собата ни е околу 24-5, а тетра дури денес приметив дека трга, досега несакаше. Сосем нормално, моето вака прави уште 4м ког наполни, сега само додава нови вокали, особено е гласен кога е во гужва и кога сака да сврти внимание кон себе, ако му се смееме или сл, уште погласен е. Смешни се