Па да не те плашам ама уште многу месеци има пред вас без ред И кога ќе имаш некој ред, ќе влезе во скок или во регресија или заби или многу дешавки кои се нормални во првите месеци и сетиот “ред” ќе отиде во вода. Може после 6м да се стави некој ред поасален, моето ред има само дека денески спие по 40мин и дека заспива на 1.5 до 2, тоа е тоа, друго секој ден е ново изненадување, 5м е.
Може не е за оваа тема, ама додека да ми одговорат во темата за вакцини да прашам и тука, бидејќи итно ми е. Дали има некоја примано вакцина за варичела? Кај гинеколог сум сега и ми кажаа дека сум имала слаб имунитет и дека треба да примам. Во странство сум инаку ако нешто значи
Пробај да направиш разлика меѓу денско и ноќно спиење. Дење не го ставам во креветче, спие или во релаксатор или во количка во дневната со секаква галама околу него. Си се буди кога сака дремнува кога сака. Не можеш на толку мало бебе да предвидиш денски кога ќе му се спие, битно да ти спие преку ноќ.
Да но тоа засега успева кај мене бидејќи денски ми спие само 30 мин до час и пол, а навечер веќе сврзува по 7-8 саати.
Моето спие само во креветче и да не го урочам прави разлика од ден и ноќ. Денските дремки му се од 40 мин до час и половина ( поретко ), а ноќе ми се буди еднаш до два пати, поретко два пати. Пробав да ми спие во корпата од колицата, дур беше ептен мал спиеше кај ќе го ставам, ама сега сака само во креветче кога е дома.
Да и јас по спиењето мислам дека веќе знае што е ден што е ноќ. Заспивањето навечер ми е во собата кај што ќе спие со многу малку светло не му зборувам и гледам да е тивко, а преку ден е со телевизор со отворени прозори или во дворот.
Ред за спиење можеш да воспоставиш само ако следиш да е бебето будно 1 час 1 час и половина помеѓу дневни дремки,и после тоа време да го заспиеш. Друг ред нема. Моето е 2ипол месеци,само си воспостави ред за ноќно спиење и за среќа повеќе пати во последниов период сврза 5-6 часа сон,потоа до следното будење врзува 3 часа. А дење некогаш јас му помагам,а некогаш и сам си заспива. Сега веќе и по 2,2ипол часа е буден помеѓу дремки.
Моето сеуште има 5 дремки од по 40-45мин и е буден максимум 1.5, после тоа збеснува. Ама мислам дека тоа се должи на лошото ноќно спиење, јас искрено не се сеќавам во овие 5м, бебето да ми се има наспиено како што треба вечерно време, многу тешко му паѓаат скоковите и најмногу реагира ноќе, ете сега откако влезе во 5ти скок, секоја ноќ се буди со хистерично плачење мин 4 пати. Уствари не знам ова дали е од скок или од заби ама дефинитивно не е пријатно, ем од ум ме вади, ем он не се наспива, ем не можам да го смирам, многу е жалничок.
Премало е за да не јаде 7-8 саати. Не сфатив дали дремките му траат 30мин до саат ипол дневно или вкупно толку спие преку ден. Ако спие само толку тоа е многу малку за новороденче.
И моето има 3-4 дремки, а навечер спие убаво. Откако влезе во петти скок напротив почна да си прави некој ред и заспива околу 9 ипол - 10, а сабајле станува околу 8 ипол - 9. Е сега знае накај 4-5 кога има еден од ноќните подои после да се ококори мислиш денот почнал, ама или го оставам во креветче и сам се успива пак или го зимам меѓу нас и презаспива. До сега го немаме осетено скокот, се надевам и нема воопшто зошто од денес до утре знаат да се сменат. Мислам дека твоето со забите се мачи и затоа има проблем со спиењето. Ѕирка ли веќе некое запче?
Знам дека е така но така се однесува од 3 недели возраст. Сакав да кажам дека најдолгата денска му е час и половина, но повеќе пати дремнува по 30мин. Бидејќи беше добро напреднат педијатарот ми кажа да не го будам
Девојкиии хеееелп !!! Happy anniversary заврши страхотно! Неам уште циклус и појма неам како сум со овулации и триста чуда, апче за после смеам да се напијам?
Епа среќна годишнина. Мислам дека смееш, не гледам зошто не би, форма на контрацепција е, е сега за доењето не знам како би било, нека каже некој со искуство. Кога сме кај муабетов, јас имав цели 3 пати секс откако сум породена, не ми е главата во тоа, а и немам желба, либидото ми е 0. Јас предходно си бев доста активна и уживав и сама и со партнер, сега искрено одбивно ми е дури Се надевам ќе се смени, оти ем мм не е среќен вака, ем јас со осеќам како стара баба. Мајка ми упорно ме замара за таа спирала, оти она така се има изгорено после пораѓај, ама не знае дека јас во суша сум. @Bella_Stella ,ред моево ни на повидок, мислам денски да има, константен е со дремките, ама заспивањето, станувањето и се измеѓу во ноќите е секој ден различна приказна. Преморени сме за спиење! Па педијатарот вели осеќала некое да грепка, јас осеќам и како да гледам бело врврче, ама 2ка, не единици, не знам, мм вели ми се причинува. Ама апла се забите, пример јас то мислам цица он агресивно ми ја глода мајцата или ако подадам моја рака накај него одма ми ја џапа и стиска вилица, кога го чешкам со глодалките е во транс.
За доењето ми ее, за после пораѓај знам месец дена после треба као пауза, па посче тоа смеело ама за бебка шо уште цица.. се надевам нема да се фати сакаме мала разлика трето ама не баш точно година дена а за односи, јас со првото бев така, никаква заинтересирсност, значи бевме како цимери буквално првите месеци, муабет само за бебе, време ни за едно гушкање немавме, а секс ау нит сакав нит имав време, најбитно ми беше да се наспијам. Ќе се смени