Ти си одлучуваш. Пишував погоре зошто толку мало бебе не треба да е толку долго гладно, не е само напредокот во прашање. Педијатрите кај нас за жал по многу прашања се неинформирани и нивната стручност е дискутабилна. Понекогаш мислам дека ние како мајки имаме повеќе интерес за нови информации отколку они. Секако секоја чест на исклучоци.
Познавам дечиња што прво двојки извадиле, не е невозможно. Јас се помирив со тоа дека секогаш ќе има нешто што ни го ремети редот, де заби, де проодување, де не знам што. Ете синоќа во сред ноќ он пак реши да се разбуди свеж и да гука, денеска има ептен изразена новина кај него, blowing raspberries. Правеше и претходно, ама денес е ептен разбрмчен. Ми се спие, изреметена сум и за на психо-физичка рехабилитација, ама па кога ќе ме погледне со тие очиња насмеани добивам некоја чудна сила и можам сѐ! @Bubish26 Happy anniversary за апче не знам дали смееш дека хормонско, а доиш. Најдобра опција е да прашаш. Јас на таа тема на почетокот бев како нимфоман ама многу скоро желбата ми се намали, едвај собирам сила за такви активности. Знам дека е од премор и криво ми е што тој чин не ми претставува уживање како порано. Се трудам и покрај тоа да имаме бар 2-3 пати неделно, е сеа што колената ми откажуваат како на 90 годишна баба, тоа е друга приказна.
На што се должи претање во текот на цела ноќ кај бебе од месец и 20 дена, пробано е соблечено/облечено, не е гладно напредува и цица кога сака, а воедно и преку ден едвај 2-3 пати дремнува по 20 мин
Леле и мене ми прави вака откога влезе во 4-ти скок. Се буди за цицање и не призаспива веднаш, почнува да гуга, да ми се смее, да се витка како кифле и да се врти на стомак. Вчера само што сум заспала, ете ја во 00:30 и до 3 не заспа. Денес зомби, не знам како ќе издржам, а не можам да си легнам кога спие и таа поради обврски со поголемиот
Скоро секоја трета вечер е така а преку ден од 3 ипол недели престана да заспива и се мачиме по цел ден ке задреме ќе ококори очи
Со лесно мама. Јас ем немам друго дете и пак не можам да си легнам зошто треба да се среди, ручек итн. Моето среќа не е долго будно кога ќе стане во сред ноќ. Првиот пат кога направи така го презаспивав. Сега го оставам сам да заспие. Темно е, ќе гука, ќе треска со раце нозе и на крај ќе се стиши и заспива. Мислам дека тоа што совладуваат нови вештини им прави да се будат, не знам може грешам.
Мислам дека тогаш е 1 скок ако не се лажам. А за преку ден, не го скапнувајте премногу, задпивај го пред да е преуморно, од умор тешко заспиваат. Бели звуци пуштај, види кое најмногу му идговара, на моево само бранови, од фен се буди. Девојки фала ви, ќе прашам после аптека ама денес имав конче како крв, може и да ми пробива прв циклус жал ми е за Клара иначе јас ќе се снајдам хаха а реално кога пораснат малу е топ разлика Бебка си продолжи да заспива сама, значи не е можно колку се различни со дада и, дури жал ме фаќа оти не и послевувам време како шо можев тогаш на Нина, душата гледа нема каде и сама се снаоѓа во све.. ох бреее
2-3 пати неделно вие сте топ, ние и пред целата бебе ситуација немавме по 2-3 пати неделно Мада ние мноогу долго сме во врска, цели 16 год месецов, па со тек на годините сексот стана поредок ама позадиволителен, а и мм нели дека има МС еден од симптомите на болеста е намалено либидо, па долго време и тоа беше пречка и моравме да се прилагодиме. Како и да е, продолжете со тоа темпо, здраво е Инаку на моево најново што прави од скоков е бла бла бла, многу почна да “збори” ама буквално со ова бла бла и веќе не плаче кога нешто не му одговара туку проба да се кара со вакви звуци, ама многу е смешен и не можеме да се воздржиме да не се смееме и по нас почнува и тој да се смее и заборава на плачката Моево денес проба круша, му се допадна повеќе од тиквата, изеде 3-4 лажички, нешто голтна, ама сам си ја буташе лажицата во уста, мислам дека ќе биде стравствен јадач Најголем страв ми е да имам дете нејадач и пребирливо. Морам да признаам дека имам одбивност спрема луѓе што пребираат храна како возрасни, знам дека не е правилно ама мене ми е смешно човек пример од 40 год да ми трга печурки од пица оти не јадел. Цимерката што ми беше е 38 год и не јаде ништо, не готви ништо, и живее на тост у глобала, мене ова нити ми е правилно ниту здраво. Јас и мм сме јадачи и јас уживам во готвење и ако детето не ми јаде многу ќе се нервирам. А ќе пишев и за спиење кога бебето спие, јас обавезно првата негова дремка сабајле ка поминувам во јадење, да се измијам, кафе, да се средам. Втората дремеме заедно, обавезно ова и обично отспиваме 1-1.5, после следните дремки не го користам за чистење туку за себе, тој ќе дреми јас ќе читам/гледам серија/цртам или ќе шетам, малце време е ама и тоа малце посветено на себе ми помага многу за психичката состојба. По дома чистам вечерно време кога ќе заспие или кога е буден ама кога го занимава мм или баба му и дедо му, времето кога тој спие ми е најраат и го користам за себе и досега ова се покажа како најдобра одлука што ја имам донесено. Работа секогаш има и секако ќе се заврши, ништо не е толку итно.
Тоа трескање ме вади од памет, де со раце де со нозе. И јас ја оставам, некогаш сама ќе заспие, а некогаш кенка и ме бара, па морам во секундата да и' дојдам за да не почне да плаче и да го разбуди поголемото. Па ќе цица и се тегне, ме дрпа со раце, пушти-фати, па мене ќе ме фати сафра и ќе станам да свртам кругче по дома за да не полудам и рестартирана се враќам да продолжиме. Еве сега само што заспа, а ме скапа од цицање, тегнење и станав да прошетам едно кругче низ куќа. Се враќам, гледам заспала. Со средување се имам збогувано, тоа мм колку може - толку. Ако зготвам нешто, арно и го сметам денот за успешен во врска со домаќинска работа. Каков крш е дома, на сите страни точаци, топки, коли, камиони, сложувалки да застанеш на нив да се исполизгаш и отепаш, коцки да згазнеш и да умреш од болка и да не можеш да одиш, да не набројувам. Не знам дали има поголем хаос од нашиов.
Леле ве читам и си велам... готово мене мм ќе ме остави. Ние година дена ништо , ми беше забрането во бременоста, и само јас знам како издржав, хормоните колку ми вриеа. Сега пост породилно што загазив со епизотомијата, месец и пол мачкав нешто таму демак ќе залепи кај што не ми се поврза раната. Па секретот ми се смена па брисеви, па папа правев некни. И фала богу се е во ред. Сега ке треба да го изненадам мм Ќе си речи фала богу се сети оваа дека има маж
После колку време е безбедно да се има односи. И јас имам епизотомија ми изгледаше голема на огледало но не знам колку конци е за среќа веќе не ме боли воопшто поминато е месец и пол.
@1209 @0ли И ние сме заедно многу долго, во февруари направивме 15 години од врска, од кои 4 сме во брак. Нормално е да се има сушни периоди и да не се поклопуваат либидата на партнерите секогаш, ама се трудиме некој баланс да се има. За по дома се трудам и јас барем еден ручек да има, другото е кај паднало таму застанало. Еднаш неделно чистиме подетално, другите денови е хаос. Во кујна секогаш сме поделени 50-50, ако еден спрема другиот после средува и обратно. Битен е балансот како и да се свртиш. Не очекувам да ни е средено дома, тек ќе почнува хаосот со играчки и реквизити на секое ќоше. Битно да сме среќни и задоволни на крај на денот. Иначе и моево бебле денес има нови звуци бројче. Исто како твоето почна нешто бабаба, како слогчиња. Буквално преку ноќ има нешто ново кај нив, преинтересно ми е тоа. Од пред неколку дена исто почна да мрмка кога заспива ммм мм аа аа и ќе го снема. Преслатко.
Majki dajte nekoj sovet.. Bebe saka samo da jade,raka vo usta non stop.Eden mesec e,mislam deka e prviot skok.Navecer spie a sega eve od 13h samo so jadenje si imame rabota.Ne sum sednala vo raka na grada,ke ja ostavam se budi.Cicase ,se izmolazav 30ml i tie gi ispi pa povrati pa pak raka vo usta,se grebe ,vristi place.I dohrana 30 ml,drka samo od ednata grada imam mleko. Sto da napravam?