Ау тогаш ние дефинитивно иаме проблем со мм, јас се тешев и вадев на годините во врска ама очигледно друг е проблемот Сподели во што е тајната Него мајки нели е многу малце бебето да има прозор на будност 1.5 макс меѓу дремки на 5+ м? Некако ми се чини како само што ќе стане ќе поиграме малце и веќе дава знаци на спиење, уште има 5 а некогаш дури и 6 дремки во денот, по 40тина ми , а една обавезно му е саат, саат ипол. Дали се должи ова на лошто ноќно спиење?
Постои т.н. Орална фаза кога бебињата се самоспознаваат со рачињата, ги пикаат во уста, па ги гледаат итн. Не значи дека е гладна, чим повраќа можно е да се прејадува. @1209 хаха нема некоја тајна, многу често знаеме да се разминеме со желбата па правиме компромис за мерак на другиот. За спиењето ние некогаш имаме и помали прозорци на будност. Пред малку стана од дремка од 1 ипол саат, си погука, си поигра, почна да квичи за јадење, јадеше и заспа. Се на се беше буден 40ина мин. Обично е повеќе, ама со оглед на екскурзиите во 5 сабајле мислам дека не е доспан.
Дај Боже да ти јаде, оти ние душа немаме од гадење од храна, не знам на колку доктори бевме, сите креваа само рамења. Уште има одбивност према храна и поваќа чим види дена некој јаде нешто што не сака она.. хорор, затоа сега имам страв со второво како ќе не биде. Околу прозорецот, мислам 2 саати е тој период? ама нормално не мора да значи, може не се доспал, премногу му дошло активности и се изморил.. после 6 месец следи тоа бааш кога во точно саат заспиваат и се држат по тој распоред
Правите крема од ориз? Она што е готова што се прави со вода? Како ја правите со овошје или зеленчук, варени, сечкани ситно? И од колку месеци давате?
А да пробаш второто со блв да го храниш? Демек тоа е метод за нејадачи нели, што знам. Инаку може Нина ќе ти се смени кога ќе порасне, брат ми беше дете што не јадеше ништо, единствена храна му беше леб и крем, помфрит и чат пат месо, ништо на чинијата не смееше да се допира со друго, се треба да е одделено и да се служи по некој редослед, дури не сакаше еден период да јаде со мене оти јас сум јадела многу експресивно се гадеше. Ама сега ем многу готви, ем скоро се јаде, има некои да речам правила, ама сепак 90% од храна јаде, ова се промени кога тргна на факултет и кога живееше сам. Може тогаш ќе смени и таа, кога ќе живее сама.
Дај Боже,велам јас нема чоек што не пројадел колку толку, што цица и што носи памперс како голем, така да не ја форсирав за ништо и само трпение оти контра ефект има. Со Нина имав страв за блв пошо и давав и на неколку пати од памет ме извади и баталив, немав срце јуначко хаха а со ова ќе пробаме пак и се надевам ќе прифати, оти Нина ни како бебе не јадеше, се што ќе пробаше беше плукање и вриштење, само банана сакаше хаха и остана на банана. Се гадеше после и да фати со рака ма ужас
Какво средено, ама искрено и не ми смета. Мене со години ми беше тапа што ми е средено и тивко дома, секој ден посакував да ми се случи ваков неред, џагор, плач и смеа, ноџиња што трчаат по дома, детенце да вози точаци по дома, растура и прави хаос. Кога ќе потпораснат, ќе реновираме од корен и ќе фаќаме ред за средување. Уживам на некој свој начин во хаосов.
Кревам 2 прсти за хаосот плус трактор со приколица ми носи в дневна се ама му враќаме в детска, таму не се влегува од играчки среќа мм си ја држи детската под контрола, 3 дена се растурено па ќе расфати и пак така... Бебка влегува во прв скок со повеќе спиење, дали е можно, додуша рано е, од скокови страв ми е, првото беше прелошо, многу тешко бебе Ај поминале скокови, заби...чекајте тантруми ко ќе дојдат Исто е моево, нон стоп на цицка, не цица само кога спие повраќа па пак цица... А машала и си става килажа. Мене ова ми е веќе поминато, првото исто беше само н цицка дури не почна да јади цврста храна. Во врска со јадење, првото од прв ден цел оброк имаше од 100-150г се јадеше како по книга, буквално се, да ти е мерак да готвиш и да му даваш, кон година и 3 4 месеци се одјаде, ништо нејќеше, секој оброк борби, по 2 3 јадења се нудеа, така си остана, еве го скоро 5 год само неколку работи јади и се вртиме во круг, башка не сака ништо да меша, ако јади пр месо само месо е, нема леб, нема компир, ништо. Кое дете не јади компири пржени? Ете моево, дур да не ти се верува, а машала 25кг е.
I bljucka,mislam deka ne golta ubavo mozebi zatoa e se gladna a i lakoma e.Gledam ustata i e polna i place vreska.Za eden mesec imame kaceno 900g.Dobro e shto navecer mi svrzuva po 4h pa se budi i pak prodolzuva.
Ау луѓе не хаос, торнадо како да поминало сме дома. Јас како друго дете да имам според апликацијата во скок е 2 ден, само да е на града,се буди и вришти, се смирува само ако цица. Да го боли нешто не е, го чепкам додека цица секаде ушиња ноџиња раце не реагира, да е гладен не е сигурно полни пелени кака 4-5 на ден. Ама овие два дена ништо не правам освен што го дојам, да влезам да се истуширам ми е страв ако верувате, влегувам и излегувам во рок од 5мин а на мм му оставам шише со млеко за тоа време Спие со едно подотворено око, пробав надвор, пробав внатре, во количка, во креветче, на спална со мене нема шанси нема мирно спиење се буди после 15мин. Тешко мене ако е вака. Прво се разбудуваше ке цица па ке му зборам па ке се смее, ке смениме пелена, ке го преоблечам, малку во релаксатор додека пијам кафе, ке цица и ке заспие. Денес само кафе едно испив и тоа у 8 го направив у 11ипол го пиев
И моево на цицка си е, сношти врза 5 саати прв пат, од 11 до 4ч, па цицаше, пелена менав и дур презаспа 5 не фати, спиеше до кај 8ч, во 9 презаспа и спиеше до 12 и 40ч, цицна и пак спие Нешто ќе менува пак... минатите дена па не спиеше никако од 6ч до 15ч, само по 15 мин Нема лесно штом стана мајка нема лесно. Првата година е најлесна нека се живи и здрави.
Не сме ни близу до громчето а сме секојден различни во 4ти скок За хаосот низ дома 2раце кревам не прсти....
Бебо е 8ми ден. Од кога почнавте да ги оставате да сврзат повеќе од 3 саати? Исто така дали давате цуцли? Се осеќам виновно што некогаш кога плаче пример навечер додека менуваме пелена, даваме цуцла или преку ден ако има немир.
Јас пробував уште во болница да му давам и нејќеше, па дури после месец дена присака. Нема за што да се осеќаш криво
Јас почнав да го оставам кога направи месец. Зошто да се осеќаш виновно? Поубаво да плаче или цуце да му дадеш? Јас не гледам ништо лошо во тоа што му давам цуцла. Он има навика и на града да ми цуца додека се успие тоа може да трае 30мин до 1 саат, вака му давам цуцето го ставам во креветче и кога е успан сам го пљука.
Моево не ја сака баш, ја плука. Какви цуцли користите? Ќе се најди некогаш убо е да фаќа, првото никако не фати и јас му бев цуцла...и така е мачно. Како што гледам и вторво по стапките на брат му. Исто и за релаксаторот, никако не стој а сам се ниша тој на батерии е.