Јас купив на времето бибс 4 различни во пакување и сега вртиме две од нив. За 2-3 недели ќе сменам најверојатно со друга ама не знам која, а не сум одлучила дали има смисла да сменам тип кога знам дека му одговараат овие. знам дека најважно е бебето да е добро и најадено и за смирување треба и ние како родители да си помогнеме и олесниме(ситуацијава со цуцлите) ама ете, mom guilt на најјако и допрва тек почнуваме со преиспитување на секооооја можна одлука. Фала женски за поддршка
Разбирам, моето првото многу плачеше ноќе негде месеципол и стануваше ноќе и тогаш му менавав, сега спие и да опули очи тоа не трае долго, презаспива,(не сакам да го будам повеќе менувајќи пелени) па сега веќе не му менувам зошто само моча, сакав да се консултирам
Јас да нон стоп е покакан, менував по 3 на почеток, сега 1 или 2 зависи. Мал е уште 40 дена утре прави.
Му менував дур беше помал, сега ако видам дека е многу мочкан кога се буди да цица му менувам. Но гледам да избегнам да не го расонам оти после тешко мене
Исто, и да опули очи како што кажав бргу презаспива, така ќе опули ама тоа не значи дека е скроз разбуден, затоа не сакам јас самата да го расонувам па и тешко мене после
Зошто mom guilt за цуцла? Па некој затоа ја измислил, за да го смири бебето и да олесни на родителите. Ако не даваш цуцла секако ќе цуца раче, прстиња. Поентата е да не се претерува со употребата, а да се користи умрено зошто да не. Јас дадов од првиот ден дома кога се вративме и ептен ми е од помош. Прво користевме Бибс ама не ги сака многу, една Нук искористивме, а сега веќе 4+ месеци е со Филипс Авент.
Јас така се мачам оти пробав со нудење цуцла од 1 месец и не ја прифати , камо побргу да дадев ( се излажав слушајќи муабети Дане не ми цицало, за другото бебе ќе си знам веќе) и да имаше цуцла .
Јас од старт давам, се охрабрив кога видов уште во болница дека даваат. Супер цица малата, немам проблем со тоа, е сега не знам дали тоа до детето или има врска колку рано се дава. Може детето не сака и да си дадела порано. Не се обвинувај
Затоа што некои бебиња стварно се лажат и наместо да бараат храна, они се инстинктно задоволени со цуцање ( еве не знам како, гладно бебе се слуша до соседна држава) ама така ми кажаа мене, па многу често доените бебиња может и да се одбијат ради цуцла и шише нели, а некои имаат успешна доечка приказна иско користат се. Мене во болница со првото лом ме направија кога видоа дека и давам цицла, она ќе се навикнеше ако не и ја трнев, а малово пак ниедна не прифати. Моите не цуцаат прсте. Според Др тука што беше на болница, бебињата кои користат цуцла прескокнуваат бар еден оброк, правиме муабет за доење на захтев. Наводно при запаление на уши, ситуацијата била полоша доколку користат цуцла- зошто како шо не ме испрашувај не сум човек што припрашува доктори за детално објаснување, а за смирување верувам дека помага, па и за успивање
И јас се осеќав виновна, посебно кога ме искара уво нос и грло докторката. Одма да сум го одучила. А синко имаше воспаление на ушите тогаш. Да не беше цуцлата јас немаше да го преживеам тој период. И нека бркат работа сите доктори во врска со тоа. Јас му давам, заспива со неа и после ја плука.
Ова за воспаление на уши јас можам да ти потпишам каде сакаш дека не е така Да не беше цуцлата, кој знај што ќе се случеше од толку плачење, зошто му беше отежнато цицањето и беше гладен, зошто при цицање прави притисок на ушите, а кога цуца цуцла уствари тој не влечи туку само ја жвака цуцлата. И многу го смируваше. И мене ме искара докторката, ама искрено ако не беше цуцлата ќе испоумревме сите дома.
Зошто грижа на совест не знам ни сама ама ете. Ние се доиме, се пумпам некогаш и навечер и формула давам доколку има потреба. И ете, цуцла сигурно има барем еден саат во текот на целиот ден. Малиот успешно се менува за што и да му е понудено (града/шише/цуцла), се надевам дека така ќе остане. Имам уште едно прашање, на која возраст отидовте прв пат на педијатар после раѓање и дали имате топла препорака за некој во Скопјево? фала ви ❤️
Во ред, ти си давала и понатаму цуцла за да го смириш бебето, но ти објаснаа ли зошто да не даваш цуцла? Баш ме интересира. Наводно што подолго цуца, то повеќе си прави проблем, на страна тоа дали ви олеснило вас, прашувам од здраствени причини зошто да не се дава.
Цуцли пробавме неколку,прифати кратко мам,потоа беше поупорен со авент За релаксатор, до кај 40 дена нејќеше да чуе,потоа постепено седеше по малку. Деновиве седи и по 15тина мин,а денес се случи и да си заспие. Исто е од тие што се лулаат сами. Не губи надеж
После два дена од раѓање ми закажаа прва контрола Па отидов после 3-4 дена и еднаш неделно додека направи 1 месец. Потоа еднаш месечно.